Контакт

Култура

Летно кино со автомобили во Охрид

Објавено пред

Три филма ќе бидат прикажани на отворено во Охрид во рамките на настанот Drive-in летно кино, кој ќе се одржи првпат.

Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот „Горица 3 – НЕМО“ од 14 до 16 август, а распоредот на филмовите е следен:

• 14.8. (петок) – The Little Gangster („Малиот гангстер“)
• 15.8. (сабота) – „Панкот не е мртов“
• 16.8. (недела) – The house that Jack built („Куќата што ја изгради Џек“)

Проекцијата на филмовите почнува во 21 часот, а со цел да се избегне метеж, паркингот ќе биде отворен од 19.30 ч, при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади диџеи и изненадувања.

Билетите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца, а бројот на влезниците е ограничен.

Организаторите порачуваат да се следат протоколите и на настанот да се носат маски и ракавици. Истовремено, апелираат паркирање на означените места.

„Осигурајте го возилото и исклучете ги светлата Не излегувајте од автомобилот беспотребно! Доколку сакате да бидете услужени, приклучете 4 трепкачи и почекајте“, наведуваат организаторите на настанот.

Влезот за возилата ќе биде од страната на хотелот „Инекс Олгица 2“ (од кај кружниот тек) кон паркингот „Горица 3 – НЕМО“.

Повеќе информации за настанот на следниот ЛИНК.

Култура

Завршува вториот дел на КРИК фестивалот за критичка култура

Објавено пред

Програмата на вториот дел на петтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура завршува вечерва, во Музејот на современа уметност, во 19,30 часот со премиерна проекција на краткиот фотографски филм на Иван Блажев, „Сето време е сето време“, инспириран од литературното дело на Курт Вонегат, „Кланица 5“, за контроверзното бомбардирање на Дрезден на крајот на Втората светска војна.

Веднаш потоа следува предавањето на Небојша Вилиќ насловено „Пролегомена за една комунитативна ангажираност“, проследено со излагања на Натали Р. Павлеска и Јованка Попопова и разговор помеѓу тројцата учесници.

„Ако нормалноста на тековнава стварност ја определиме како „комунитативна“ тогаш и ангажираноста би можела да се определи како „комунитативна“, односно, да се воспостави ангажман на уметникот кој во себе ќе ја содржи и состојката на „комунативното“ и онаа на „комуникативното“. Поточно, културата и уметноста преку ваквата ангажираност би можела да стане поттикнувачка, дејствувачка и остварувачка алатка за постварување на намерата, потребата и нужноста за промена на тековнава општествено-економска формација во некоја друга, поинаква, а зошто да не и – нова. Во оваа прилика ќе се обидам да го определам поимот на „комунитативната ангажираност“, имајќи го на ум, пред сѐ, ставот на Жак Рансиер според кој: „Не постои ангажирана уметност,постојат само ангажирани уметници!“, вели професорот Вилиќ најавувајќи ја вечерашната дискусија.

Во рамки на програмата на вториот дел на КРИК 05, вчера вечер Станимир Панајотов (Бугарија) и Артан Садику (Северна Македонија) низ перфомативен теориско – поетски разговор, кој вклучуваше и музика и учество на публиката, говореа за поимот на сексуалноста во услови на посткапитализам, за личните искуства поврзани со смртта и теориските и политичките концепти во светло на актуелниот историски момент.

Како дел од овој настан насловен „Сексуалноста и смртта“, Панајотов и Садику ги читаа своите песни посветени на „оваа изопаченост наречена љубов“, на сексуалната „жед за анихилација“ и други „грандиозни неправилности“. Песните се дел од заедничката книга, која се состои од нивна поезија, заедничко читање и меѓусебно креативно уредување.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт по повод 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир

Објавено пред

Филхармонијата организира свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот манастир – 1.000 години од неговото основање.

Концертот ќе се одржи на 23 септември (среда) во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.

Прикажи повеќе...

Култура

Седум филма поддржани од Агенцијата за филм се селектирани за програмата на Синедејс

Објавено пред

Во рамките на Фестивалот на европски филм свои премиери ќе имаат 7 филмови кои се поддржани од Агенцијата за филм. Филмовите се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.

Македонскиот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс на 18.09.2020 со почеток во 20:30 во Градскиот Парк. Додека, македонската премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи ќе се одржи на 24.09.2020 со почеток во 20:00 часот на локација кровот на ГТЦ.
Останати филмови со македонско малцинско учество се:

• Премиерата на „Сирена во Париз“ во режија на Матијаз Малзиу (Франција) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 19.09.2020 со почеток во 21:00 часот
• „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 20.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• Премиерата на „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• Филмот „18% сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22.09.2020 со почеток во 20:00 часот

Агенцијата за филм го продолжува трендот на „Нов бран” кој ја гради перцепцијата за македонскиот филм со автентичен и препознатлив израз, и каков таков ќе биде прифатен во Европа и во светот, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион37 минути

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 час

Национален парк во Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови во Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 час

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на...

Македонија2 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет2 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет3 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија3 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ3 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа4 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет4 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија15 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ17 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ19 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура19 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија21 час

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија22 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Досие