Контакт

Култура

Министерството за култура: Проектите од издавачот „Шкупи“ не се прифатени поради нерегуларности

Објавено пред

Министерството за култура, по реакциите и јавните барања од издавачката куќа „Шкупи“ за поддршка на 8 преводни дела од проектот „Наградена светска литература“ и учество на светски саеми на книги, а со цел точно и транспарентно информирање, детаљно објаснува за процесот на одлучување по пријавите на годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата.

„Од пријавите на годишните конкурси од издавачката куќа ‘Шкупи’ во одбиените проекти на овој издавач се: четири проекти за превод од шведски на албански јазик, кои имаат предвидено како автор на преводот едно исто лице кое не е државјанин на Македонија, кое живее во Шведска и нема формални квалификации за кометентност за преведувач“, велат од Министерството за култура.

Од таму додаваат дека еден проект за превод од англиски на албански јазик има предвидено како автор на превод лице што не е државјанин на РСМ, два проекта за кои комисијата утврдила дека преводот не е направен од јазикот на оригиналот и еден проект за кој немало ниту биографија ниту какви било референци или информации за авторот на преводот.

„На годишните конкурси на издавачката куќа ‘Шкупи’ ѝ се одобрени два проекта за превод од турски и од хрватски на албански јазик за кои авторите на преводот имаат формални квалификации и референци што сведочат за компетенциите на преведувачите за односните јазици“, потенцираат од Министерството.

Во однос на апликациите од издавачката куќа „Шкупи“ за учество на меѓународните саеми на книга во Софија, Тирана, Истанбул и во Франкфурт, Министерството за култура информира дека се отфрлени поради недостиг на дел од задолжителната документација, односно корисникот нема доставено преписка со организаторите со која се потврдува учеството на саемите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Објавено пред

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Објавено пред

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.

Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.

Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.

Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.

„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Македонија3 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија5 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија6 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија6 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Европа7 часа

Данска трајно ја прекинува вакцинацијата со „aстра зенека“

Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 поради можна причинско-последична поврзаност помеѓу таа вакцина...

Македонија7 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија9 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија10 часа

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион10 часа

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа11 час

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ11 час

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија12 часа

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа13 часа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија24 часа

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија1 ден

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија1 ден

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија1 ден

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 ден

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Досие