Контакт

концерти

Младата пијанистка Чочиева ја збогати културната понуда на „Охридско лето“

Објавено пред

Националната установа „Охридско лето“ приреди ново уметничко доживување за љубителите на класичната музика преку концертот на руската пијанистка Злата Чочиева, што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Младата московска пијанистка имаше впечатлив настап, покажувајќи извонредна техника во музицирањето, притоа пренесувајќи ` на публиката позитивни емоции.

„Преку своето совршено музицирање и техника, талентираната пијанистка Злата Чочиева донесе виртуозен перформанс со што се вброи меѓу најдобрите пијанисти кои настапиле досега на ‘Охридско лето’. Како организатори на овој концерт, особено нè радува што публиката го награди нејзиниот совршен настап со бурни овации и што меѓу присутните беа аташето за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, дел од нашите лојални спонзори, меѓу кои главниот извршен директор на ОКТА, господинот Иоанис Героуланос, публика од соседна Република Албанија, како и музичари од Скопје и Охрид. Сите присутни беа воодушевени од целиот перформанс“, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
За пијанистката, исклучително важно е да се воспостави непосреден контакт со публиката и да се размени позитивната енергија.

„Се чувствувам топло во душата поради повратните реакции на публиката. Многу уживав бидејќи почувствував голема енергија од присутните и бев пријатно изненадена колку беа внесени во програмата. Знаете, многу е важно за уметникот да го почувствува тој флуид, размената на енергијата со луѓето и љубовта кон музиката”, вели Чочиева.

Извонредно талентираната уметница Злата Чочиева, која на меѓународниот натпревар по пијано „Санта Катарина“ во Бразил беше прогласена за најдобра изведувачка на Фредерик Шопен, со посебен шарм и стил ги отсвири мазурките на овој композитор, а долови и дела од Александер Скриабин, Франц Лист и Сергеј Рахманинов.

„Не знам дали сум најдобар изведувач на делата на Шопен, но чувствувам како оваа музика ми е при срце, а тој секогаш ќе биде еден од моите најомилени композитори. Шопен е некој со којшто навистина можам ‘да разговарам’. Што се однесува до програмата со која се претставив на ‘Охридско лето’ , сметам дека беше мошне интересна бидејќи содржеше и композиции кои се помалку познати. Некои дела се во сенка зашто луѓето им обрнуваат повеќе внимание на познатите композиции, додаде младата пијанистка чиј компакт-диск со Шопеновите етиди, германското списание „Грамофон“ го вброи во 50-те најдобри изведби на Шопеновата музика некогаш”, додава таа.

Чочиева, која за нејзиното музицирање на пијано е наградувана шурум светот, првпат настапува на „Охридско лето“, но како што вели, за репутацијата на фестивалот слушала од нејзините колеги уметници кои веќе одржале концерти.

„Имав можност да уживам и во убавините на Охрид, шетајќи низ стариот дел на градот, но посебно бев воодушевена од езерото. Посебно ме инспирираа залезот на сонцето и невообичаените бои над езерото”, истакна таа. Со програмата што ја отсвири на „Охридско лето“, Злата Чочиева ќе го одржи и својот деби-концерт во Лондон, а потоа следуваат и нејзините настапи во Русија, Шведска и Германија.

концерти

„Охридско лето“ утре одбележува 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт посветен на јубилејот, 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски.

На авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски“.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија,Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казакстан, Русија, Швајцарија, Србија и Кина.

Прикажи повеќе...

концерти

Младиот пијанист Величков се претстави на „Охридско лето“

Објавено пред

Mладиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија кој со пијаното другарува уште од шестгодишна возраст синоќа се претстави на фестивалот „Охридско лето“ музицирајќи под сводовите на црквата „Света Софија“.
Лауреатот, победникот на многу натпревари за млади пијанисти, вечерта ја започна со Прелудиум. Опус 3 бр.1 од Сергеј Рахмањинов, а ги изведуваше и делата за пијано од синоќешната програма.

„На фестивалскиот репертоар се претставив со композиции од Сергеј Рахмањинов,со Етидитите на Александар Скрјабин, како и со композиции од Модест Мусоргски. Исто така, свирев и дела од двајца бугарски композитори, Красимир Кјуркчијски и Александар Владигеров. Со пијаното сум од мојата шестгодишна возраст и се надевам дека публиката беше задоволна од она што јас го научив во изминатите години“, рече младиот уметник Величков.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија.

Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Веќе трета година тој е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

„Студентите се малку помлади од мене и многу добро се согласуваме. Јас го давам максимумот од себе да им го предадам целото мое знаење и вештини, и се надевам дека успевам во тоа“ појаснува Величков.

Извонредниот уметник првпат настапува на„Охридско лето“ и како што вели, голема е честа да се настапува на еден ваков фестивал којшто ги носи најголемите уметнички имиња од светот на класичната музика.

Прикажи повеќе...

концерти

Бенсман саксофон квартет, вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Концерт што долго ќе се памети приреди Бенсман саксофон квартетот, кој синоќа настапи на „Охридско лето“ со маестрално музицирање и со внимателно одбран репертоар.

Вечерта на саксофони во црквата „Света Софија“, која и покрај исклучително топлото време беше исполнета до последно место, почна со „Уметност на фугата“ од Јохан Себастијан Бах, а продолжи со дело од Рејмонд Мулер, Детлеф Бенсман и Николас Шаубле. На програмата беа и македонските композитори Вања Николовски -Ѓумар и Панде Шахов, но како што велат светски познатите саксофонисти, македонските композиции не се специјално застапени само на нивниот концерт во Охрид, туку ги има на редовниот репертоар на квартетот.

Публиката по завршувањето на концертната програма со бурни овации ги врати уметниците повторно на подиумот, по што тие го отсвирија Хорхе Лопез Марин со композицијата „Ел медико де пијанос“, милозвучни ноти, напишани токму за саксофон квартет.

Основачот на овој музички состав кој беше вистинско летно освежување на фестивалот „Охридско лето“ е Детлеф Бенсман докажан педагог чии ученици биле членовите на квартетот.

„Публиката уживаше и беше мошне сконцентрирана на нашата изведба и токму затоа се чувствував прекрасно. И публиката, и црквата, и акустиката внатре беа волшебни. Уметниците со кои настапив беа мои ученици, а сега ми  се колеги. Работиме заедно и се чувствуваме многу блиски преку музиката“, рече маестро Бенсман по завршувањето на концертот.

Познатиот македонски саскофонист Нинослав Димов, кој е дел од овој квартет, досега има настапено неколкупати на фестивалот „Охридско лето“, како солист и во камерни состави, но првпат заедно со Бенсман саксофон квартетот. Тој и неговиот професор се основачи на овој ансамбл.

„Предизвикувачки е да се музицира заедно со професорот од кого сте учеле. Сепак, задоволството е големо бидејќи крајниот продукт е она што стремиме да биде совршено. Самото тоа што тој ме одбрал мене да бидам дел од екипата е доволен показател дека мојата работа оди во правилна насока“, вели младиот саксофонист со богата музичка кариера Нинослав Димов.

Бенсман саксофон квартетот е формиран во 2007 година и оттогаш до денес има остварено низа успешни концерти и настапи на врвни музички фестивали во Европа, а во биографијата на ансамблот се вбројуваат и големи концертни турнеи во Соединетите Американски Држави и во Кина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион3 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет4 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет6 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет6 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет6 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет19 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет19 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион19 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион20 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет22 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет23 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион1 ден

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ1 ден

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет1 ден

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Досие