Контакт

Култура

МНТ наскоро со нова премиера – „Работи за кои не зборуваме“

Објавено пред

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за најновата претстава „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, а во копродукција на Wonderland Theatre и МНТ.
Приказната е базирана на лични искуства на актерите, како и на интимни животни искуства на разни луѓе, кои можеби секој од нас на еден начин ги искусил или преживеал, но останале таму некаде длабоко потиснати во нас, а притоа не сме имале доволно храброст или можност да ги споделиме.
Токму во оваа претстава се разработуваат интимни сведоштва на лица кои безрезервно ги споделија/раскажаа своите болки, трауми, срамови, моменти на осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажни насмевки, изгубен апетит, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под очила, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во миг од животот.
Театарот е тука за да го даде гласот и лицето на работите за кои не зборуваме и преку приказните да отвори разговор за промена во општеството. Стегите се отклучуваат преку актерската игра на: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски.
Сценографското решение е на Васил Христов – Вуси, а костимите ги изработи Роза Трајческа. Користена е музика од Крсте Роџевски, додека дизајнот на плакат е на Борче Димитриовски.
Проектот е финансиран од швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар, а премиерната изведба се очекува кон крајот на септември и согласно со тековните протоколарни мерки за заштита од Ковид-19.

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Филмска училница“ – проект за креативна едукација од областа на филмот за средношколците

Објавено пред

Кинотекa продолжува со својата филмска училница – проект за креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, наменет за ученици од средните училишта.

„Гледај филмови, учи и создавај“ е мотото на интерактивната филмска училница преку која учесниците ќе можат да се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, со основите на филмскиот јазик и ќе имаат можност за креираат свои, авторски филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.

Идејата на проектот е подигање на свеста на младите луѓе за значењето, вредноста и влијанието на националаното аудио-визуелно наследство, поттикнување на истражувачко љубопитство, запознавање со вештини за истражувачка работа, со идеја за нивно вклучување во откривање на нови аудио-визуелни материјали од локални и приватни архиви, како и развивање на имагинацијата за создавање на лични аудио-визуелни приказни, инспирирани од историјата на македонската кинематографија.

Годинава Кинотеката иницира и нов проект Филмска училница за наставници и професори, и првата филмска училница ќе биде наменета за нив.

Проектот почнува 16. октомври и ќе трае 10 недели.

Филмските училниците ќе се одвиваат секоја сабота во просториите и киносалата на Кинотеката, ќе има 5 школски часа посветени на една тема, а ќе се состојат од предавања, вежби и креативни работилници, гледање филмови и дискусии. Предавањата ќе бидат реализирани од филмолози од Кинотека и филмски професионалци.

Идеен творец на целиот проект е режисерката Марија Џиџева, која воедно ќе биде и координатор и модератор на предавањата.

Со проектот „Филмска училница: гледај филм, учи и создавај“ ги отвараме портите на филмскиот архив на Кинотеката со што на младите им го приближуваме филмското наследство, а преку гледање филмови, интерактивно учење и креативно дружење ги инспирираме да стекнуваат знаења, откриваат нови светови и со канализирање на сопствениот израз да создаваат свои дела.

Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Вистинскиот запад“ вечерва и утре во МКЦ

Објавено пред

Претставата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески премиерно ќе биде прикажана вечерва и утревечер, во 20 часот во МКЦ (Младинскиот Културен Центар).

Улогите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев како и добро познатата Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.

Драмата „Вистинскиот запад“ е номинирана за Пулитцерова награда во 1983 и како дел од овој проект за првпат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.

„Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува. “, стои во најавата за настанот.

Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку следниот ЛИНК.

Следни датуми за изведба се во месец октомври.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Кино на трева вечерва на две локации

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во населбите Драчево и Ченто во рамки на настанот „Кино на трева“ ќе се одржат бесплатни филмски проекции.

Во населба Драчево, кај Три Круши го гледаме филмот „The Whistlers“, во режија на Corneliu Porumboiu.

Синопсис: За Кристи, полицаец кој ги игра двете страни на законот, не е сѐ како што изгледа. Започнувајќи кражба со висок ризик со прекрасната Гилда, и двајцата треба да се справат со пресвртите на корупцијата, предавството и измамата.

Во населба Ченто, Дом на култура „11 октомври“ го гледаме филмот „Bye Bye Morons”, во режија на Albert Dupontel.

Синопсис: Тешко болна жена се обидува да го најде своето одамна изгубено дете со помош на маж среде „burnout“ и слеп архивист.

*Влезот е слободен. Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија14 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа17 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија17 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија18 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија18 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа18 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет22 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија23 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија23 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа2 дена

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 дена

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија3 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија3 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа3 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Досие