Контакт

Изложби

Музејот на Северна Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка“ гостува во Софија

Објавено пред

Музејот на Република Северна Македонија со изложбата „Црн петел, црвена кокошка – култови на плодноста: обреди, обичаи и верувања“ гостува во Националниот етнографскиот музеј при Академијата за науки на Бугарија. Изложбата во Софија свечено ќе биде отворена на 24 октомври.

Изложбата е подготвена од НУ Музејот на Република Северна Македонија и НУ Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и презентира дел од култовите на плодноста кои се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес.

Култовите и обредите на плодност се претставени преку разни форми на предмети, на женски фигурини од предисторијата (антропоморфни и зооморфни жртвеници), опрема од обичаите под маски, велигденски јајца и делови од женската народна носија. Плодноста во најтесна смисла се поврзува со опстанокот на човештвото, но и со внесување  елементи на еротика во секојдневниот живот на луѓето (лампи и садови со еротски сцени и претстави во антиката).

„Таа еротика на некој начин низ вековите се пренесувала и преку усното народно творештво со песни, приказни, поговорки и гатанки, како еден вид вербална магија, со цел да иницираат плодност и кај човекот и кај природата. Обичаите под маски кои го одбележуваат крајот на зимата и возобновувањето на природата се полни со симболични ритуални дејствија кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи во изложбата ги презентираме преку фотографии и документарните филмови Џоломари и Говедар Камен. Жените во Македонија и денес активно посетуваат култни и свети места – манастири, цркви, турбиња, води, камења, дрва и др, вршејќи разни обреди поврзани со плодноста.

Она што има посебен белег во оваа изложба е начинот на кој култот на плодноста бил вткаен во облеката што луѓето ја носеле во 19 и 20 век. Македонската женска носија како целина, но и поединечните делови и украси ја презентирале биолошка спремност на жената за репродукција. Таа воедно била и силен симболичен агенс за поттикнување на плодноста, но и магиски заштитник од невидливите зли сили кои можеле на жената да ѝ ја одземат способноста да раѓа.

Ваквиот начин на презентирање на разнородни предмети и визуелни материјали, кои се разликуваат како типолошки така и хронолошки, укажува на уникатноста на оваа изложба. Интересен е нивнот спој и начинот на кој тие се надополнуваат и воедно се дообјаснуваат“, пишува Јован Шурбаноски, во воведниот текст за изложбата.

Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, коавтори на изложбата се Јасемин Назим, Александра Папазовска, Владимир Боцев.

Реализацијата на изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на фотографии од Милчо Манчевски во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современата уметност Скопје, ќе биде отворена изложба на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски, а притоа ќе биде промовирана и книга-фотографии со ист наслов на издавачката куќа „Антолог“.

Во книгата и изложбата се избрани 88 колор-фотографии, создавани во период од десет години на улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас…

„Ги сликам оние моменти што улицата и луѓето ги нудат. Јас сум тука да им бидам на услуга и да ги артикулирам визуелно. Мигот станува вечност поради уметничката обработка – композицијата, боите, тактилноста… Немам агенда, едноставно го земам фотоапаратот секој ден и шетам на улиците каде и да сум во светот. Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш“, вели авторот.

„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“ кои исто така беа изложени во МСУ, а потоа патуваа во Њујорк, Шангај, Москва, Стокхолм, Софија, Италија, Франција, Доминиканската Република, Србија, Грција, Хрватска…

„Уметничкиот пристап на Милчо Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и ги избегнува конвенциите. Во ‘Таму’ тој нѐ води на патување, кое е исто толку за чинот на гледање колку и за сетилното искусување на местото“. Вака пишува во предговорот на книгата ирскиот уметник и декан на Колеџот за уметност „Бурен“, Конор Мекгрејди, кој понатаму вели:

„Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ‘Таму’. Бојата е клучен слој што ги дефинира овие дела. Избива од полиња урбано сивило, ја заситува перспективата на сликата или функционира како централен елемент во композициски колаж. ‘Таму’ ги отфрла границите – географските, формалните и другите. Како таква ‘Таму’ може да биде каде било, и на крајот е секаде“.

Книгата „Таму“ е мултимедијален книжевно-уметнички проект и ќе биде достапна за продажба веќе од 1 октомври.

Манчевски со „Таму“ го промовира својот хештаг #никропнифотошоп (#nocropnophotoshop), со кој посочува дека неговите фотографски дела не се ниту кропирани ниту манипулирани во постпродукција. Тие се моменти на уличното секојдневие естетизирани во мигот на улов.

Прикажи повеќе...

Изложби

Се отвора изложбата Panic Room во Музејот на современата уметност

Објавено пред

На 2 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје, со почеток во 12 часот, ќе биде отворена групна изложба „Panic Room или скок во мислењето“.

Во поставката земаат учество уметниците: Искра Димитрова, Нехат Беќири, Верица Ковачевска, Нада Прља, Велимир Жерновски, Матеј Богдановски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Никола Узуновски и групата ОПА. Кураторка на изложбата е Љиљана Неделковска.

Последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на кој човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано ги менуваат животните услови: загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии… Изложбата ја тематизира состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.

Уметниците со оваа изложба на разни начини и со разни уметнички техники (сликарство, инсталација, цртеж, видео, фотографии, постери, уметничкo истражувачка работилница, интерактивен виртуелен и партиципативен проект), исцртуваат координати за лоцирање на проблемите со кои се соочува современиот свет во кој живееме, како и на можни креативни платформи како места на отскок од вообичаените практики на мислење и дејствување.

„Концепт на изложбата Panic room е да се понудат можни начини на редизајнирање или ресетирање на нашиот однос кон природното и социјалното опкружување. Создавање инакви пристапи на поврзување и солидарност помеѓу луѓето и нивната околина наспроти вообичаениот начин на кој животните услови се земаат здраво за готово, како нешто што се подразбира, како нешто што ни е дадено и што ни припаѓа.
Воедно, изложбата е и критика на неолибералната финансиска, технолошка, биополитичка, односно некрополитичка стратегија на манипулирање и колонизирање на сите сфери на просторното, биолошкото и симболичкото постоење, и критика на скриената логиката на функционирањето на глобалниот пазар: што повеќе катастрофи (војни, политички, економски и еколошки кризи), толку повеќе профит“, вели кураторката Неделковска.

Panic room не подразбира некакво безбедно место, каде што би можеле да се скриеме (како во филмот на Дејвид Финчер, од кој е и позајмен насловот), туку се однесува на интимниот, внатрешен простор како место на одлука за одлучен пресврт во мислењето: наместо резигнирано да прифатиме дека е многу полесно да се замисли крајот на светот отколку крајот на капитализмот, да направиме скок во мислењето и да го замислиме крајот на капитализмот повикувајќи „нова земја, нов народ“ (Жил Делез, Феликс Гатари) притоа отворајќи можности за нова уметност на живеење и заедништво во светот и со светот. Наместо екологија на стравот, екологија на мислењето.

Ако уметноста сè уште може да не погоди, провоцира, да нè измести од нашите кодифицирани светогледи, ако сè уште може да иницира креативни и критички места од кои би се развивале потенцијални линии на отпор и промена, тогаш таа мора сета своја креативна сила да ја насочи кон разградување на воспоставените клишеа на мислење од кои постојано ги храниме нашите предрасуди и нашите ресентименти.

Во оваа насока, изложбата можеби треба повеќе да се чита како еден вид експеримент, вежба во мислењето, поттик и обид од мислењето да се направи настан, сила со потенцијал за трансформација и промени оттколку само како постановка на дела кои преку понудените уметнички и естетски концепти може длабоко да нè допрат и за миг да ја разбудат во нас свеста за опасноста во која се доведовме, и себеси и светот. Зашто, за да мислиме, не треба само да станеме свесни, туку треба да направиме и пресврт. Пресврт во мислењето.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура како дел од Годишната програма за 2020 и ќе биде отворена до 1 ноември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Свилен Стефанов во Софија како дел од проектот „Поврзување“

Објавено пред

Денес, во галеријата на КИЦ во Софија, ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Свилен Стефанов. По „Изгубени простори“ на Марјан Ѕингаров, оваа втора изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија е во духот на поврзувањето на творештвата на авторите од Северна Македонија и Бугарија.

Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го добил во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ век во Националната ликовна академија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.

„Моето сликарство е резултат од доволно долго искуство на полето на самата материјалност на оваа уметност, но неспоредливо повеќе тоа е последица од моите занимања со теоријата и историјата на уметноста, како и со мојата дејност како ликовен уметник во 90-тите кога преферираните мои изразните средства беа фотографијата, текстот и перформансот. Уште во последната деценија од минатиот век бев меѓу основачите на идеологијата на групата XXL, преку која нашата современа уметност доби ново звучење, поинакво од постојните тогаш социјалистички парадигми, или од наметнуваниот (од определени средини) како задолжителен за современиот уметник неоконцептуализам. И денес, сосема со умисла, работам во полето на ликовното, кое е сврзано со традицијата, но тоа е повторно дел од моите разбирања за независност.
Моето сликарство е наративно и на прв поглед раскажува разни истории, но логичките нишки на таа тематичност се намерно прекинати. Во нив нема нешто што по некаков начин би можело да биде обврзано со конкретност од животот. Суштината на мојата работа е длабоко вкоренета во истовремениот усет за божественост на битието и длабокиот сомнеж во сите идеологии, кои ја карактеризираат социјалната страна на современиот живот“.

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со Ковид-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метар меѓу секој од посетителите. Поради големината на галеријата, во еден ист момент ќе може да присуствуваат 10-12 посетители, кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфициенси и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање многу луѓе на едно место. Заштитните маски остануваат задолжителни.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17 часот по што посетителите што ќе дојдат подоцна ќе може да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

По отворањето, изложбата ќе остане отворена и ќе може да се види во работно време на КИЦ во Софија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија12 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион14 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија15 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија15 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион16 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ17 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет17 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија17 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија18 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет19 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет19 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија2 дена

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет2 дена

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 дена

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 дена

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие