концерти
Музичка вечер посветена на композиторот Томе Манчев
Музичката програма на Охридско лето вечерва ќе биде посветена на композиторот Томе Манчев. Солисти изведувачи на неговите дела ќе бидат: Марјан Милошевски – фагот, Весна Ангеловска-Христов – пијано, Горан Начевски – баритон, Елена Атанасовска-Ивановска – пијано, Љубиша Кировски – виолина, Маја Шутевска-Кировска – пијано, Антоние Весковски – ударни инструменти. Модератори: Маја Чанаќевиќ и Валентна Велковска-Трајановска. Концертот е со почеток од 21 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“.
Томе Манчев (1950-2020) спаѓа меѓу најафирмираните композитори, неговото творештво се карактеризира со индивидуален стил и јазик како негов личен творечки печат. Претставник е на македонската национална композиторска школа, со извонредно значаен творечки опус, со многу изведени, снимени и печатени дела во земјата и странство (Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска, Кина, Русија, Украина, Албанија, Узбекистан, Австрија, Франција, Австралија, САД, Бугарија и др).
Проф. д-р Томе Манчев најпрвин дипломирал на педагошкиот (1973), наставно-теоретскиот (1975) и композиторскиот оддел (1979) во класата на академик проф. Властимир Николовски на Високата музичка школа, денешен Факултет за музичка уметност во Скопје. Образованието го продолжил на Музичкиот факултет во Прага, Р. Чешка, на студиски престој (1980–1981), а потоа продолжил и дипломирал (1988) на највисокиот степен на студии: уметничка аспирантура од областа композиција, под менторство на професорите: Ј. Дворжачек и Ј. Церемуга. Манчев вторпат со титулата доктор на музички науки, но овој пат доктор на уметнички науки втор степен, се стекнал во 1999 година на Државната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија, под менторство на проф. д-р Д. Сагаев.
Томе Манчев е искусен автор со исклучително творештво, кој со својот едукативен и творечки приод претставуваше пример за активен, ангажиран и многу искусен педагог, кој целосно и несебично им се посвети на студентите до последниот момент од својот живот. Манчев беше музички писател и истражувач со впечатлива научна и публицистичка дејност, но беше и активен, истакнат општествен деец. Добитник е на две награди за животно дело, повеќе награди за своето творештво, благодарници и дипломи за својата дејност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

