Контакт

Култура

Најпродавани изданија од „Арс ламина“ во 2024 година

Објавено пред

Издавачката куќа „Арс Ламина“ бележи успешна книжевна година, со објавени 190 нови наслови, од кои – 50 книги за возрасни, 70 публикации за деца и 70 образовни изданија и списанија. Најпродавана книга за возрасни во 2024 година е „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Ѕоф. Најпродаваното издание за деца е „Си беше еднаш“ – со најубавите бајки на сите времиња, кои се со нова раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска и илустрации од Наталија Лукомска. Во категоријата со образовни изданија, пак, најбарана беше збирката Математика 6.

dobivaj vesti na viber
Најпродаваната книга за возрасни „И јас сум Сирма“ е книжевен експеримент, историска фикција со примеси на драма, политички трилер и сатира. Авторот зема парчиња од нашата историја, од различни временски контексти и ги поврзува со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода… Заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, како и претходните романи на Ѕоф, ќе биде донирана во хумани цели.На второ место е „Лејла“ од Колин Хувер, број еден авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“. Станува збор за  роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.На третата позиција е првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов. Во изданието, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен…На четвртата позиција е новиот роман на популарната авторка Јана Мишо – „Што се случи со Исидора?“ Приказната во овој трилер почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот…

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“  во издание на „Арс Ламина“, беше една од најбараните книги во 2024 година. Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излезе од печат на македонски јазик, на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот.На шестата позиција е мотивациската книга „Твоите пет следни потези“ од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители“ во бизнисот денес, Патрик Бет-Дејвид. Топ листата со најпродавани книги за возрасни во издание на „Арс Ламина“ ја комплетираат:  романот „Нов живот“ од најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература, Орхан Памук,  „ЗЕН Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно и бестселерот „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон.

Во 2024 година, „Арс Ламина“ продолжи со својата мисија да ја збогатува домашната литература за деца и млади со нови квалитетни и иновативни изданија. Покрај „Си беше еднаш“, наградуваната книга со избор од 52 најубави бајки на сите времиња од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, кои се спакувани во ново руво, високо на листата со најпродавани книги за најмладите читатели, објавени под „Либи“ – импринтот за детска литература на „Арс Ламина – публикации“, се најде и „Рокчето“ – првата книга за деца од познатиот македонски поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска.

Следува големата книга „Нови бајки од Македонија“, објавена во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине!“ На четвртата позиција се изданијата од едицијата „Размислувај како гениј“. Меѓу најбараните во 2024 година беа „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, „Исидора Мун оди на одмор“ и „Исидора Мун слави роденден“, како и книгите за палавата братучетка на Исидора, Мирабела Ѕвездоимагиевска: „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“.

На листата се и книгата со активности „Дина и Додо: Во циркус“ и сликовницата „Авантурите на Дина и Додо: Чорапот на Дедо Мраз“, лектирата за седмо одделение – „Збунети години“ од Велко Неделковски,  „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и „Пиши- бриши“: „Животните од Африка“, „Животните од Антарктик“ и „Животните од Европа“.

Најпродаванoто образовно издание е  новата збирка задачи со тестови по Математика за шесто одделение во основното деветгодишно образование. Оваа публикација е создадена според новата програма и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.Оваа година беа барани и вежбанките по Македонски јазик во издание на „Арс Ламина“, од прво до петто одделение. Изданијата се направени според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието. Овие вежбанки им помагаат на наставниците за поефикасна реализација на наставните содржини по македонски јазик, на ученикот, низ игровни активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот во учењето на своето дете.

На третата позиција се вежбанките по Математика од прво до петто одделение. Следуваат изданијата наменети за деца од предучилишна возраст, од 5-6 години (Детска планета, Математика и Графомоторички вежби). Петтото место го зазема вежбанката по Англиски јазик за петто одделение, English 5, со вежби и активности и тестови.

На листата се и новите вежбанки по предметот Природни науки, од 1 до 5 одделение, Математика и Графомоторички вежби за деца од предучилишна возраст, од 4-5 години, вежбанките по општество од прво до трето одделение, вежбанките по музичко за 4 и 5 одделение и Детска планета за 3-4 години.

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Култура

Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

Објавено пред

Од

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.

dobivaj vesti na viber

Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“

„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.

Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).

Прикажи повеќе...

Култура

Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Објавено пред

Од

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,

dobivaj vesti na viber

Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

Објавено пред

Од

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.

dobivaj vesti na viber

На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.

Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ10 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија12 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија13 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ17 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија18 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет18 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет19 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет20 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет20 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија1 ден

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија1 ден

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија2 дена

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија2 дена

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија2 дена

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...