Контакт

Култура

Никола Кимовски е новиот директор на МНТ

Објавено пред

Согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 година, а потпишано од страна на министерот за култура на РСМ, Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски, информира МНТ.

dobivaj vesti na viber

Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година, извести МНТ.

Култура

Љутков: „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.

dobivaj vesti na viber

„Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.

Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата.

„Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Со монодрамата „Безгрешна“ на Словенечкиот театар вечерва се отвора драмската програма на Охридско лето

Објавено пред

Со театарската претстава „Безгрешна –  Immaculata “  на  Словенечкиот народен театар  од Марибор вечерва започнува драмската програма на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.

dobivaj vesti na viber

Монодрамата  на актерката  Наташа Матјашец Рошкер ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Драматизацијата и адаптацијата се на Ливија Пандур и Томаж Пандур, сценографијата на Марко Јапељ, а костимографијата  е дело на Лео Кулаш.

Immaculata е жена која е повеќекратно злоупотребувана и погрешно скована во слика, догма, инструмент на верата. Тоа е исповед на жена, избришана од историјата и претворена во слика која служи за воспоставување на насилна религија. Таа бара смисла во раните кои никогаш не можат да зараснат. Марија, мајката на Исус, се обидува да се сети на некои од зборовите, лицата и деловите од приказната во врска со смртта на нејзиниот син. Сеќавајќи се на овие длабоко вознемирувачки настани, Марија смело ги предизвикува сите големи и свети идеи.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в. д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид, и со жалење констатира дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години.

dobivaj vesti na viber

Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам.

„Ќе развиеме програма со многу културни и едукативни содржини и ќе го промовираме Охрид како Сесловенски духовен културен центар“, изјави министерот Љутков при денешната посета на Музејот на вода, кој е еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид, каде што се спојува убавината на природата со нашето културно наследство.

Тој потенцираше дека за почеток ќе се обезбеди доекипирање и подобри услови за работа на вработените, со цел нормално функционирање на музејскиот комплекс, потоа ќе се изврши реконструкција и модернизација на оштетениот систем за наводнување кој во моментов не е во функција.

„Ќе се преземат и активности за повторно ставање во употреба на терасата пред музејската зграда, со што би се овозможил пријатен престој на посетителите и уживање во глетката кон наколната населба“, изјави министерот за култура и туризам, истакнувајќи дека санацијата на комплексот ќе продолжи и следната година, кога ќе се изврши санација на платформата на наколната населба и на покривите од колибите, со што ќе се овозможи овој уникатен музеј да си го врати стариот сјај.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Шпанија го освои Европското првенство

Фудбалската репрезентација на шпанија четврти пат во историјата стана европски првак. Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 ја победија Англија...

Македонија9 часа

Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре

Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а...

Свет10 часа

20-годишниот атентатор на Трамп работел во кујна во дом за стари лица, пушката ја купил татко му

Американските медиуми објавуваат нови детали за 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп. На...

Македонија12 часа

Претседателката Сиљановска-Давкова им подари галичка пафта на младенците на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. Претседателката изрази задоволство од континуитетот...

Македонија13 часа

(Видео)Планината Серта сè уште гори, полицискиот хеликоптер во 25 налети истури 38 тони вода врз огнот

Полицискиот хеликоптер денес исфрли 38 тони вода за гаснење на пожарот на планината Серта кој и денес е активен, соопшти...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот...

Македонија19 часа

Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино...

Свет20 часа

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот...

Свет1 ден

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија1 ден

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ1 ден

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија2 дена

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура2 дена

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија2 дена

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија2 дена

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија2 дена

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија3 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...