Контакт

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ ќе биде отворена утре во галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Самостојна изложба на слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во Ќустендил

Објавено пред

По успешното претставување на изложбата „Тектонски нарушувања”, која брои вкупно 64 слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 јануари во 17:00 часот во Изложбениот салон на Општинскиот театар Ќустендил Република Бугарија.

Пошироката публика ќе има можност да ги види делата на академскиот современ визуелен уметник Арсовски до 20 февруари 2020 година.

Зоран Арсовски – Бабата роден е во 1980 во Куманово Р Македонија. Дипломирал 2005 и магистрирал во 2007 на Националната ликовна академија во Софија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Самостојни изложби:
– НУ Центар за култура ,,Трајко Прокопиев“ Куманово, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Антон Панов“ Струмица, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Марко Цепенков“ Прилеп, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид, Р Македонија
– Хотел и казино „Аполонија“ Гевгелија, Р Македонија
– Национална ликовна академија во Софија, Р Бугарија ,,Арт студио 5” Ревијална дипломска изложба
– Национална ликовна академија во Софија, Р Бугарија „Арт студио 5” Ревијална магистерска изложба
– НУ Галерија Белградска тврдина на Калемегдан во Белград, Р Србија
– Културно-информативен центар на Македонија во Софија, Р Бугарија (КИЦ)
– НУ Центар за култура ,,Вељко Дугошевиќ – Галерија за современи уметности“ во Кучево, Р Србија
– НУ Дом на култура Књажевац – Уметничка галерија во Књажевац Р.Србија
– Oпштински театар Ќустендил -Изложбен салон на театарот  во Ќустендил, Р  Бугарија

Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.
Работи во Национална установа центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство во сферата на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена галерија на урбана уметност во катната гаража „26 Јули“

Објавено пред

Отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст ќе се одржи попладне со почеток во 18 часот со отворањето на Skopje street art & graffiti gallery 2, во катната гаража „26 јули“ (прво ниво).

Галеријата ќе биде составена од дела направени од 13 домашни ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност кои беа избрани преку конкурсен повик.

Артисти: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ, Тамара Забазноска.

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Школата за ангажиран стрип во МКЦ

Објавено пред

Вечерва во холот на МКЦ со почеток од 19:30 часот ќе се отвори изложба на Школата за ангажиран стрип. На изложбата ќе бидат претставени селекција од цртежите работени за време на одржувањето на школата, како и постерите и финалните стрипови што ги изработија учесниците.

Во фокусот на Школата за ангажиран стрип беше изучувањето на уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум, што придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници, вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците.

Учесници на Школата за ангажиран стрип беа: Горица Димовска, Гаја Смилевска, Александар Танчовски, Анастасија Зафировска, Теодор Јуруковски, Јасна Николов, Кристијан Поповски и Делфина Велков.

Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области, како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други. Работилниците ги водea ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

Во периодот април-ноември 2019 година, по раководство на Ѓорѓе Јовановиќ, во рамките на школата се реализираа предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување на стрип-постери во јавен простор како и реализација на кратки стрипови.

Проектот Школата за ангажиран стрип (Социјално ангажиран стрип – уметнички практики за општествени промени) е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура9 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет10 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт11 час

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет11 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион14 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет15 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија17 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија18 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија19 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија19 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет20 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет21 час

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет21 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија22 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион22 часа

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава1 ден

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие