Контакт

Култура

Ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“

Објавено пред

Државниот архив објави ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ од проф. д-р Марјан Димитријевски по повод одбележувањето на јубилејот 70 години постоење на институцијата.

Преку биографиите и библиографиите на првите луѓе на Архивот, всушност, се прикажуваат развојот на современата македонска архивистика и оваа институција, која претставува еден од темелите на македонскиот национален идентитет.

Улогата на првиот директор на Државниот архив, Тодор Талески, и неговиот наследник Димче Стојанов-Мире, како основоположници на современата архивска служба во нашата држава, е осведочена во ова издание преку прикажување на нивните напори за институционален развој на архивистиката.

„Следните генерации директори прават значајни исчекори во доразвивање на мрежата на архивските установи и осовременување на законодавната архивска практика. Архивот бележи подем во сите сфери на работењето на ниво на поранешна Југославија и по осамостојувањето. Денес, во своите стратешки цели Државниот архив ја има дигитализацијата на архивските документи и историски материјали и воведување процеси на спроведување современи облици на архивистиката. Овој јубилеј нѐ обврзува како институција да го продолжиме патот на сите досегашни раководства во нивната успешна работа“, истакнуваат од Државниот архив.

Додаваат дека изданието „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ ќе остане пишана трага за посветеноста на 13-те директори за достигнувањата на Државниот архив и ќе им служи за пример на идните генерации историчари и архивисти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Министерство за култура: Со наменските сметки се добива попрецизно следење на трансакциите

Објавено пред

Министерството за култура, за корисниците кои ги склучуваат договорите за поддржаните проекти на Годишните конкурси за 2021 година, појаснува дека во договорите за учество на Министерството за култура во финансирањето на проекти од национален интерес во културата е содржана нова обврска – корисниците да отворат посебна наменска сметка преку која ќе се реализираат сите трансакции поврзани со поддржаниот проект.

Од Министерството наведуваат дека наменската сметка овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите.

Отворањето на наменската смека е задолжитено само за правните лица, а не и за физичките лица, кои се корисници на буџетските средства.

„Министерството за култура е должно континуирано да ја следи финансиската реализација на секој проект поддржан на Годишните конкурси и да врши контрола над законитото, наменското и економичното користење на средствата Министерството за култура изразува уверување дека дефинирањето на попрецизни обврски во делот на следењето на финансиските трансакации во голем дел ќе придонесе за поефикасна реализација на проектите поддржани во Годишната програма“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Објавено пред

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од Ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Македонија2 часа

Пратеничка позитивна на Ковид-19 и облечена во скафандер пристигна во Собранието

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите...

Свет3 часа

Инцидент на забава во САД – подот од куќата пропадна во подрумот, повредени над 30 луѓе

Најмалку 30 луѓе се повредени на забава кога се урнал подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија. Полицијата соопшти...

Свет3 часа

Бабиш: Агeнтите кои го отруја Скрипаљ, се поврзани со експлозијата во Чешка

Двајца руски државјани, обвинети за труење на Сергеј Скрипаљ во 2018 година во градот Солсбери во Велика Британија, се поврзани...

Македонија5 часа

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 42 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Свет5 часа

(Видео) Во Кина пуштен во функција воз без машиновозач

Во Кина почна да работи линија на автономен воз без машиновозач и екипаж. Линијата е отворена во Чонгкинг и е...

Регион5 часа

Белград би можел да биде домаќин на самитот Бајден и Путин

Прашањето дали Белград, како неутрален терен, може да биде домаќин на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател...

Македонија6 часа

Утре пристигнуваат вакцините на „Фајзер“

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на...

Свет17 часа

Чешка протера руски дипломати

Чешка одлучи да протера 18 вработени во руската амбасада во Прага, за кои надлежните чешки служби тврдат дека се руски...

Свет18 часа

ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај...

Македонија21 час

Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313,...

Свет21 час

Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат...

Свет23 часа

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде...

Економија1 ден

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија1 ден

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија1 ден

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија1 ден

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион1 ден

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Свет1 ден

Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот...

Македонија1 ден

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 22-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби...

Досие