Контакт

Книги

Објавени две нови книги од Максим Каранфиловски

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ се објавени две книги од универзитетскиот професор Максим Каранфиловски. Станува збор за делата „Македонистика и славистика“ и „Полско-македонски разговорник“. Објавувањето на делата е со поддршка на Министерството за култура.

„Македонистика и славистика“ содржи 39 труда од областа на македонистиката и славистиката кои се групирани во 4 целини: македонистика, македонистиката во странство, македонскиот јазик во споредба со другите словенски јазици и славистика. Најголемиот дел од трудовите се објавени порано во реномирани домашни и странски списанија или во зборници од научни конференции, симпозиуми и конгреси одржувани во нашата земја или во странство (Русија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, САД, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Украина, Јужна Кореја и други земји)“, пишува д-р Васил Дрвошанов, во рецензијата за делото.

Во предговорот за „Полско-македонскиот разговорник“, авторот Каранфиловски, меѓу другото пишува дека „современиот живот и современите начини на комуникација носат и зголемена потреба од користење и на јазици кои ни се помалку познати или ни се сосема непознати. Не секогаш јазиците посредници од редот на големите светски јазици можат да помогнат. Во таквите ситуации се многу корисни прирачниците од типот на разговорници кои овозможуваат комуникација со соговорник“. Тој нагласува дека „Полска е докажан пријател на Македонија, голема земја со околу 40 милиони жители, со живи контакти со Македонија, а во последно време и со зголемен прилив на полски туристи. Во Полска на неколку универзитети се изучува македонскиот јазик, а во Македонија на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ може да се студира полски јазик и литература на сите академски нивоа.“

Максим Каранфиловски е роден 1948 година во Скопје, каде што на Филозофскиот факултет во 1971 година дипломирал на групата за руски јазик и книжевност, а во 1973 година и на групата за македонски јазик. Магистрирал во Белград, а докторирал во 1992 година.

Бил професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а во 2008 година е промовиран за почесен професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Претседател е на Македонскиот славистички комитет од 2011 година, а по пензионирањето, покрај другото, преведува и современа руска книжевност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје известува дека во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ в среда (21 октомври) со почеток во 19 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде промовиран романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот…

„Скриени желби, немирни патувања“ истовремено е и роман за патувањата низ надворешните и внатрешните простори, роман што ги истражува разликите, пресекувањата и поклопувањата на овие навидум различни територии. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување го создава необичниот тон на книгата, кој е еден од најважните аспекти на книгата.

Промоцијата е замислена како разговор со авторот, кој ќе го води писателот Владимир Мартиновски. Во рамките на промоцијата ќе бидат претставени и две видеа со извадоци од романот, направени врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Објавил три романи, две книги фотоесеи во соработка со фотографот Иван Блажев и книга разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Настанот ќе биде организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Гостите се замолуваат да дојдат 15 минути пред почетокот на настанот.

Прикажи повеќе...

Книги

Дебата на „Литера“: преку приказните во книгите децата полесно се соочуваат со реалноста

Објавено пред

На децата не треба да им создаваме искривен свет, не е сѐ „си живееја среќно до крајот на животот“ и затоа што преку книгата може да се отворат и многу табу-теми. Можеме многу непријатни работи да кажеме преку приказна. Не смееме да им создаваме илузии на децата. Детето треба од најмала возраст да се соочува и со убавото и со грдото. И Андерсен го направи тоа и на некој начин ги коригира некои моменти од Грим. Но, тие ги напишаа овие приказни и тие се дел од колективната меморија. Треба да бидеме отворени, искрени кон децата и да не ги потценуваме зашто ако ги штитиме премногу, им правиме лошо, рече проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на дебатата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“, што се одржа во Europe House Skopje во рамките на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

Интересни прашања за местото на книгата и нејзиното значење во развојот на децата, какви илустрации сакаат децата, колку книгата може да помогне во надминување на проблемите, каква е состојбата со македонската книга за деца – ова се некои од прашањата на кои, освен Мојсова-Чепишевска, разговараа и проф.д-р Владимир Мартиновски, психологот Христина Стефановска и Искра Димковска од издачката куќа „Сказнувалка“.

Со литературата детето се соочува со реалноста, приказните ја содржат метафората на целиот живот вклучувајќи го сознанието дека човекот е и смртен и се соочуваат и со помалку розовите страни на животот, вели Мартиновски.

„Често ја спомнуваме ‘Девојчето со кибритчињата’. Таа приказна ја гледаме во чамци на Медитеранот, во моментот на раскрсниците во Скопје има куп такви деца. Една од функциите на уметноста е, секако, емпатијата. Уметноста е исклучително важна во секакви времиња. Неодамна на фестивалот ‘Друга приказна’ имаше поетско читање, на кое 15-ина претежно млади и од средна генерација автори читаа песни пред дечињата со маски. Нивните реакции, спонтаноста, целата тешка ситуација ни ја вратија надежта дека уметноста секогаш е важна“, вели Мартиновски.

Психологот Стефановска истакна дека книгата многу помага во надминување на проблемите на децата, влијае врз критичкиот ум на детето, врз имагинацијата.

„Книгата стимулира добар речник, добар фонд на зборови, го стимулира центарот за говор. Ако постои синоним за орална хигиена – четката за заби, книгата е синоним за ментална хигиена и кај возраасните, но кај децата особено. Набргу треба да излезат четири мои книги интерактивен психолошки прирачник. Токму во едната книга зборувам за загубата, за смртта. Најприфатлив начин за детето да се сретне со неа е баш преку книгата, како на советувањата така и на дебатите треба да создаваме психологшки имунитет, да не ги ставаме децата во стаклено ѕвоно. Не постојат само приказни со среќен крај, тие се среќаваат со такви приказни во реалноста, раскинати другарства, во ситуации во кои биле цел на насилно однесување, дали вербално или физичко. Растењето не е лесно. Книгата е таа што многу лесно може да му покаже дека на многу деца им се случува истото тоа низ кое поминува детето. Тогаш детето се охрабрува“, вели Стефановска.

Таа е категорична дека родителите не треба да ги модифицираат приказните, а децата треба и во секојдневието да ги оставиме да грешат.

„Книгата како литературно дело ја користам и во работата со децата, во психолошката терапија. Лесно можам да надминам развод кај родители, на пример, кај дете што настрадало од тоа. Со книга може да му објасните многу работи што му се случуваат. Илустрацијата може да се користи за стимулирање на себеизразувањето. Свесни сме дека децата сѐ помалку имаат контакт со околината, свесни сме дека се оставени на механички дразби. Ако немаме идеја што да правиме со детето, ќе му отвориме сликовница и ќе поведеме разговор“, појаснува Стефановска.

За Димковска, не постои приказна од која детето не може да си најде нешто добро. Секој аспект од приказната и од илустрацијата му дава нешто на детето и ако тоа биде правилно поттикнувано, детето ќе има придобивка.

„Пред пандемијата издадовме две книги многу важни за овој период. Едното издание го третира прашањето на препознавање и прифаќање на емоциите, без разлика дали општестовото ги перципира како добри или лоши, дали е спокој или тага. А второто – „Празнина“ – го води детето низ процесот на тага, низ искуства во кои детето нешто губи и потоа му недостига. Сметам дека родителот треба да биде ангажиран другар во чинот на читањето. Ако и вие ја сакате книгата, и детето ќе ужива. Мислам дека добра приказна и илустрација не може да стане застарен медиум, без разлика на целата дигитализација, зашто нуди поинакво доживување, нуди можност да се гледа, контемплира, да се бараат детали, децата тоа многу го сакааат – да измислуваат паралелни приказни, треба само да им се даде можност и на целото тоа искуство да му се пристапи со уживање“, вели Димковска.

Мојсова-Чепишевска потсети на една особено важна навика, која особено позитивно влијае врз децата, а тоа е бавното подготвување за спиење на децата и читањето приказна пред спиење.

„Детето навечер не треба да биде пред таблетот, телевизорот, треба да му се навратиме на раскажувањето. Децата се најактивни токму пред заспивање. Да го искористиме ова зловреме да му се свртиме на своето дете и сите ние како родители, баби, тетки, наставници и да станеме нови маркоцепенковци. Да раскажуваме, да измислуваме приказни и детето самото да го прави тоа. На тој начин ќе ја освежиме и уметноста и таа ќе има нова перспектива“, посочува професорката.

Учесниците на дебатата се согласија дека литературата за деца бележи видливо придвижување во однос на квалитетот, но и квантитетот. Да се воведе посериозно уметничко образование во средното училиште, како и да се обрне поголемо внимание на литературата за млади, каде што имаме најмалку наслови. Треба да контролираме колку всушност технологијата ќе има место во секојдневието на децата.

„Истиот проблем со кој се соочуваат децата го имаат и возрасните. Некои мои блиски пријатели ми имаат кажано – „убаво тоа што вие пишувате, ама јас веќе не можам да читам книги“. Толку многу сме инфицирани со тој свет на инстант-информации, што возрасните им даваат всушност лош пример на децата. Многу мали може и самите да бидат автори. Класичниот формат на книга првин овозможува спокојство, нешто што брзите технологоии ни го одземаат“, рече Мартиновски.

Кога родителот ужива во книгата што ја чита, и тоа задоволство му го пренесува на детето. Начинот на кој го прави тоа го фасцинира детето. Ако рано им го доближиме целото богатство, таа фасцинација ја помни целиот живот, истакна Стефановска.

-„Детето учи по модел. Ако родителот со себе носи книга и детето гледа дека тој ужива, таа љубопитност ќе ја пренесеме. Конекцијата со родителот е поголема. Книгата пред спиење го амортизира стресот кај децата. Тој тек на читање, таа долготрајност е нешто што детето ќе го врзе за книгата и ќе го сака. Тоа е ритуал, а ритуалите го растоваруваат телото од стресот, не само читањето. Дури и да немаме многу време, книгите нека бидат околу нас“, категорична е Стефановска.

Фестивалот „Литера“, вечерва, во 19 часот, во Europe House Skopje ќе биде затворен, а ќе бидат доделени награди за најдобро илустрирано дело и за најдобра детска книга. Награда ќе додели и Халк банка за најдоброто дете автор што твореше на фестивалот. Викендов беа реализирани повеќе работилници, меѓу кои и со слончето Халки, со кое децата учеа за штедењето.

Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, а го помагаат: Делегацијата на ЕУ во Скопје, Министерството за култура, Град Скопје, Халк банка.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен вториот том од избраните дела на Методија Фотев

Објавено пред

Во рамките на избраните дела на Методија Фотев, деновиве во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Селани и војници“.

Тоа е втора книга од петтомниот проект, во кој писателот Фотев ќе биде претставен и со романите „Големите скитачи“, „Неплодна вода“ и „Вивариум“. Во оваа едиција минатата година беше објавен првиот роман на Методија Фотев, „Потомците на Кат“.

Избраните дела на Методија Фотев излегуваат со критички толкувања на Петар Т. Бошковски и Слободан Мицковиќ, а во редакција на Веле Смилевски.

Методија Фотев (1932 – 2019) е еден од најистакнатите македонски романсиери. За своето творештво добитник е на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“ и „Дијалог“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет8 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија9 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија9 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија11 час

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија12 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија14 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија16 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија17 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа17 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија18 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа19 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија19 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија19 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет19 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет20 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет20 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие