Контакт

Изложби

Отворање на групната изложба „4 пати слобода“

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ (во галеријата), ќе се отвори групната изложба „4 пати слобода“.

„4 пати слобода“ е заеднички проект на 4 ликовни уметнички, кои потекнуваат од разни културни средини, од разни етникуми, со различен ликовен сензибилитет и визуелен пристап. Едно нешто заедничко е тоа што се жени и делат сродни размислувања за важноста и ексклузивноста на слободата на жената во потрадиционалните општества, како и општествата од каде што доаѓаат и самите.

Станува збор за Јана Јакимовска, Шќипе Мехмети, Снежана Мелник и Ала Хвастунова; првата е Македонка од Скопје; втората е Албанка од Кичево; третата е Украинка од Брјанка; четвртата е Русинка од Јарослав. Секоја со своја поинаква визуелно-медиумска експресивност и начин на пренесување на мислата, но единствени во ставот дека борбата за феминистичките права, за еднаквоста, за слободата на сите жени, за свесноста за својата телесност, еротичност, табуата.

Дали сè уште живееме во свет во кој патријархатот е доминантен? Дали женската еманципација или општествената партиципација е сè уште предмет на интерес? Дали ако зборуваме за „женска“ уметност, покажуваме сè уште несигурност кон теренот на уметноста, чија рамноправност е и понатаму дискутабилна? Можеме ли отворено да зборуваме за тело, голотија, слобода на одлучување, право на абортус, развод, домашно насилство, физички изглед, задоволства, влакна, менструални циклуси итн.? За жал, регионот сѐ уште страда од табуизирања, од генерализирања, стигматизирања, заткулисност. Страдаме од одбележувања, социјална нелагодност, жртвувања. Фактот дека за овие проблематики треба постојано да се зборува, тие да се третираат во разновидни форми и медиуми, со цел да бидат видливи, достапни, разбирливи и постојано да ја поттикнуваат отворената дебата за важноста на жената и нејзината улога во општеството е една од фундаменталните причина за изложбата „4 пати слобода“. Самиот наслов на изложбата зборува за слободата како универзално право на секоја индивидуа, а тоа што зборуваме во случајот за женска слобода уште повеќе го потврдува длабокиот порив за женската потврда и себеидентификација на дадената тема. Вирџинија Вулф вели: „Заклучи ги и сите библиотеки ако сакаш, но залудно, не постои ниту порта, ниту клучалка ниту катанец што може да застане на слободата на мојата мисла“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

Објавено пред

На 28 октомври (од 19 до 21 часот), во Уметничката галерија во Куманово, ќе биде отворена ретроспективно монографската изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, еден од неколкуте наши најзначајни автори кои припаѓаат во областа на наивното творештво. На изложбата ќе бидат презентирани четириесет слики, а ќе биде промовирана и книга за неговото творештво со обемен текст од Гоце Божурски.

Ѓорѓе Шијаковиќ е роден 1901г, во Цетиње(Црна Гора). На негова четиримесечна возраст семејството се преселува во Америка (каде што завршува основно образование и продолжува гимназија), а се враќаат во 1914 г. Од 1919 г. до 1923 г. е ангажиран како административен счлужбеник и преведувач во хуманитарната мисија на американскиот црвен крст. Во 1925 го положува курсот за американско двојно книговодство и се до избувнувањето на Втората светска војна работи како сметководител и преведувач од англиски во рудниците „Трепча“ во Косовска Митровица (Звечан“) и „Злетово“ (Добрево). Од 1941г. до 1943е г. е во заробеништво во Италија (Бергам, Аверси). По ослободувањето работи како шеф на книговодство и преведувач во повеќе трговски птретпријатија во Скопје, но и во Државниот секретаријат за стопанство и Извршниот совет на РМ. Почнува да слика по пензионирањето во 1962 г. Самостојно излагал во Центарот за култура и информации (сегашен КИЦ) во Скопје во 1969 г. и во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1971 г.

Учествувал на значајни меѓународни изложби на наивата во Братислава (1972), Загреб (1970, 1973), Светозарево (денешна Јагодина, 1970, 1975), Хлебине и др. Освен што временски и генерациски е еден од неколкуте основоположниците на наивата кај нас, Ѓорѓе Шијаковиќ заслужува целосен респект, а според квалитетот и вонвременски вредности на неговото творештво беше препознаван идентитетот на македонската наивна уметност во тогашниот југословенски и меѓународен контекст.

Во раните 70 ти години е сниман документарен филм за него и неговото творештво од страна на францускиот режисер Jean Marie Drot , кој на француската телевизија наишол на огромен интерес кај тамошната публика. За жал кај нас никогаш не е прикажан.

Застапен е во енциклопедија на наивната уметност во светот. Добитник е и на повеќе меѓународни награди, како златен кентаур од Италија, златна медаља од академијата за труд од Италија и др.

Прикажи повеќе...

Изложби

Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Давор Кешќец и Стефан Младеновски се колеги што заедно имаат завршено средно уметничко – оддел графика и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 год.

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија дела под наслов Blue moon, а Стефан со неговите „Ликовни решенија“.
На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Филип Велковски – „Идиоми“

Објавено пред

Денеска од 18 часот во просториите на КСП „Центар – Јадро“ ќе се отвори самостојната изложба на Филип Велковски – „Идиоми“.

Изложбата насловена „Идиоми“ е втора самостојна изложба на визуелниот уметник Филип Велковски (1988, Скопје). Со новиот проект Велковски го продолжува своето истражување во сликарството, преку серија од 9 слики во поголем формат.работени во комбинирана, претежно маслена техника, под работниот наслов „Пораки на тунгстен“ во периодот 2017-2020 година.

За разлика од неговиот прв проект „Лиминални фигури“ (2017, МКЦ), каде што примарен предмет на сликарското истражување е фигурата, во циклусот „Идиоми“ фокусот е на бојата, на пресекот помеѓу текстурата и скриените текстуални и визуелни пораки, кои се откриваат под површината низ изгребаните и излупени слоеви на густите наноси боја.

Сликите на тој начин формираат палимпсестна структура, која е метафоричен приказ на комплексното функционирање на човековиот ум, на аморфноста и флуидноста на мислите во некоја претпоставена фаза пред кристализирање на идеите.
Со дисторзија на фигуративните елементи во чудни, композитни структури, како и со кратките елиптични наслови, се остварува јаз во можноста за експлицитно откривање на наративот. Меѓупросторот на сликовното и текстуалното го заземаат апстрактни форми кои се симулација на текст и осцилираат во морфирањето, напред и назад.

На сличен начин фунционира и анимацијата, која е проектирана врз платно и претставува некој вид пунктум во целината, перцепциски крстопат: таа истовремено и припаѓа, но е и аномалија. Отстапувајќи од статичното, таа го открива и потенцијалот кај останатите слики.
Гледачот е соочен со еден вид отворено дело: просторот што авторот го замислува како реконструкција на „ќелија на умствени мапи“ ги поврзува поединечните слики заедно со насочената светлина и суптилниот звук, во една симбиотичка целина.
Владимир Јанчевски

Филип Велковски (1988) е визуелен уметник кој живее и работи во Скопје. Во фокусот на неговото уметничко истражување се умствените слики, соништата и маргиналната митологија. Ги користи медиумите на сликарство, инсталација и дигитална илустрација со цел да произведе измислени сценарија и субверзивни простори. Делата на Велковски се составени од густи слоеви на бои и разновидност на материјали, преку кои тој ги потенцира материјалните и метафизички аспекти на самиот медиум и нејзината поврзаност со општеството.

Делата на Филип неодамна биле претставени на XII биенале на млади уметници во МСУ, Скопје, Македонија (2018); работилницата и изложба во Neu Neu Gallerie – експериментален галериски простор како дел од Documenta XIV во Касел, Германија (2017); а истата година тој ја имаше и својата прва самостојна изложба „Лиминални фигури “ во галеријата на МКЦ, Скопје, Македонија.

Од 2012 година Велковски работи со уметничкиот колектив КУЛА (платформа за вкрстени уметнички тенденции и инвентивни иницијативи на културната агенда на Град Скопје).

Покрај неговата уметничка пракса, Филип работи и како кустос на мултимедијалниот уметнички фестивал „Под земја полесно се дише “ во Скопје. Заедно со група уметници, тој го иницираше фестивалот во 2013 година, кој го организираат на годишно ниво. Заземајќи место во подземна гаража, целта на фестивалот е да го окупира јавниот простор и да го претвори во галерија и платформа за перформанси. Во улогата на кустос на ликовниот дел на фестивалот, Велковски експериментирал со изложување на ликовни дела во неортодоксни поставки, при што главен фокус е тоа како се менува контекстот на делата во рамките на локацијата и на индустрискиот изглед на гаражата.

Оваа изложба е релизирана со финансиска поддршка на Министерство за култура и е дел од годишната програма на КСП „Центар -Јадро“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Со коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени со коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет10 минути

Русија ја поднесе својата вакција во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус...

Европа22 минути

Ватикан најави божиќна прослава на папата на интернет

Божиќната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет30 минути

Хакирана веб-страницата на кампањата на Трамп

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД. „Оваа страница...

Свет11 час

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија12 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа13 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија14 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија15 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија16 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт18 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет18 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет19 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија19 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука21 час

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија22 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија22 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија22 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија23 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион23 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Досие