Контакт

Книги

Перформативна промоција на книгата „Дијалози во еднина“ од Ана Стојаноска

Објавено пред

Во петок, 4 октомври, на сцената од Факултетот за драмски уметности – Скопје, ќе се одржи перформативна промоција на книгата „Дијалози во еднина“ од Ана Стојаноска.

dobivaj vesti na viber

Книгата „Дијалози во еднина – Разговори што можеби се случиле и што можеле да се случат“ од Ана Стојаноска е книга експеримент, обид на авторката да напише нарација без нарација, само со помош на дијалози. Дијалозите се читаат низ трите циклуси – Сонце, Сон и Месечина, кои се поставени како загатка на читателот. Помеѓу разговорите има кратки зборовни игри што ја досоздаваат приказната. Читателот е оставен да ги слуша/чита разговорите и сам да учествува во нивната динамичност.

Играта на авторката со потенцијалните читатели се гледа и во начинот на кој приказната се отвора со секоја страница што следува. Ова е прва ваква книга во македонската книжевност, која истовремено дозволува секој читател сам да си ја создава приказната. Жанровски не припаѓа никаде и истовремено самата книга е сопствен жанр.

Д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007). Работела како истражувач координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г. Учествува на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 домови без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет49 минути

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа59 минути

(Видео) Бомбардер Су-34 се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ15 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија17 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија18 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ22 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија23 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет24 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет24 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет1 ден

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет1 ден

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија2 дена

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...