Контакт

Книги

Петто издание на Фестивалот на европската литература BookStar/„Книжевни ѕвезди“ од 7 до 10 октомври

Објавено пред

Петтото издание на Фестивалот на европската литература BookStar/„Книжевни ѕвезди“ ќе се одржи од 7 до 10 октомври со слоганот „Отаде“ во МКЦ и во киното „Фросина“.

Од издавачката куќа „Антолог“ велат дека фестивалот оваа година го поставува прашањето: Што се наоѓа отаде сивата магливост по слушнатите приказни на црната и белата страна? Како секоја, така и оваа година организаторите ќе се обидат преку книжевноста да ги објаснат културолошките промени.

Фестивалот BookStar е од социјално ангажиран карактер и негова цел е да разбранува интерес кај пошироката јавност нудејќи содржина што помага полесно да се разберат проблемите со кои се соочува општеството денес.

Оваа година пред македонската публика ќе бидат претставени шест автори со спротивни заднини, тематики и интереси: Халдора Тородсен (Исланд), Михал Вивег (Чешка), Кадер Абдолах (Холандија), Евгениј Водолазкин (Русија), Слободан Шанјдер (Хрватска) и Марко Шелиќ Марчело (Србија) – кои ќе се обединат и заедно ќе дискутираат на темите опфатени во нивните романи: религија, националност, традиција, политика, сексуалност и вечно присутната желба за моќ. Отаде шизоидните наративи во секојдневјето постојат личните приказни, кои најдобро сведочат за хаосот на идеологиите.

Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен и вратите се отворени за сите љубители на квалитетната европска литература. Сите фестивалски активности и целосната програма се достапни на официјалниот настан на „Фејсбук“.

Книги

Објавен романот „Потекло“ од Саша Станишиќ

Објавено пред

„Потекло“, третиот роман на Саша Станишиќ, добитник на најзначајната грманска книжевна награда „Deutscher Buchpreis“ за 2019 година, е вонсериско дело што освојува на прво, второ и на секое следно читање.

Авторот раскажува за своето детство во родниот Вишеград, созревањето во германскиот Хајделберг и доаѓањето во посета кај својата болна баба во Босна. Ова е роман на сеќавања и спомени, во кој писателот сопственото искуство го преплетува со семејни анегдоти, градејќи ја одново приказната за своето семејство. Ова е и роман за шареноликиот свет на дијаспората, каде што потеклото истовремено е и битно и небитно. Но пред сè, ова е роман за љубовта, трогателно опростување од саканата баба, која тоне во деменција.

„Вака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија“, пишува Станишиќ во романот.

Топол, близок, духовит и живописен роман, кој ја плени германската публика, а веќе почна да го освојува и Балканот.

„За разлика од други постјугословенски автори што ја создаваат својата книжевност во тесните, зададени рамки на идентитетскиот кафез, Станишиќ сам отвора рамки и дефинира идентитети“, коментира во својата рецензија за романот познатиот книжевник Миљенко Јерговиќ.

Саша Станишиќ (1978) е босанско-германски писател. Роден е во Вишеград oд мајка Бошњачка и татко Србин. Во 1992 година пребегнуваат во Германија. Студирал славистички студии во Хајделберг. Со првата книга дебитира во 2006 година. Добитник е на голем број награди и преведен е на триесетина јазици. За „Потекло“ ја добива најзначајната книжевна награда во Германија, што од него прави книжевна ѕвезда.

Во изданието на „Потекло“ на македонски јазик преводот од германски е дело на Елена Конеска Светиева, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и книжевната мрежа Традуки.

Прикажи повеќе...

Книги

Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец

Објавено пред

Романизирана биографија за Видое Подгорец објави писателот за деца и негов долгогодишен пријател и соработник Киро Донев. Книгата насловена „Видое Подгорец – незавршена приказна“ е документ не само за животот и писателската работа на Подгорец, туку открива и многу негови размислувања и ставови за литературата, за писателскиот повик и за животот воопшто.

Рецензентката на книгата д-р Ана Витанова Рингачева во предговорот ќе рече: „Киро Донев со години живее со чувството на неспокој што катадневно се раѓа од натрупаните спомени од животот поминат со пријателот и учителот Видое. Измачуван од потребата вистината да се качи на пиедестал за да си го заслужи своето место во историјата, Киро Донев започнува да ја раскажува приказната за себе и Видое“.

Промоцијата на оваа книга ќе биде вечерва во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица, во склоп на Деновите на литературата за деца „Средби под јаворите – Видое Подгорец“. Овие настани се дел и од манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“.

Прикажи повеќе...

Книги

Нови книги за деца и млади од Венко Андоновски, Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева

Објавено пред

На 3 јуни, в четврток, во 18 часот, во Градскиот парк на Школка ќе се случува најголемиот настан пред самиот дочек на летниот распуст.

Ќе се промовираат новите книги за деца и млади на истакнатите македонски автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски, во кои главните ликови се Стела и Сани! Исто така, ќе се промовира и целата едиција сликовници „Стела и Сани“, како и новата „Еден облак бел и 12…“ напишани од Бистра Георгиева, а илустрирани од Катерина Николовска.

Целиот проект, што ги опфаќа книгите во издание на Паблишер, е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, а е во соработка со „Вертиго Вижуал“, кои се творците на овие двајца анимирани херои.

Целта на овој проект е да ja искачи книжевноста за деца чекор погоре на скалата на уметнички, образовни и морални вредности. Токму затоа книгите се пишувани од едни од највлијателните творци на македонската проза. Макар што Сани и Стела се ликови во сите книги, тие се наоѓаат во различни ситуации и се на различна возраст.

„Ѕвездена џунгла“ од Јагода Михајловска-Георгиева ќе ги однесе најмалите до вселената заедно со Едан и Асја, Винка Саздова, пак, во „Ти носам пустински песок“ ќе ги наведе малку поголемите нестрпливо да ѕиркаат во поштенското сандаче, а Венко Андоновски ќе ги повика тинејџерите да го допишат романот „Имаш пчела на носот“. Но иако се наменети за деца од различни возрасти, од најмали до тинејџери, книгите имаат иста идеја: квалитетна литература.

Настанот ќе изобилува со активности, организирани на тој начин што ќе ја поттикнат детската љубопитност и желбата за знаења. Низ забава, почнувајќи од средба и читање со авторите, преку пеење со Стела и Сани, работилници и играње, децата ќе можат да стекнат трајни спомени од овие поучни и неповторливи мигови.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет16 минути

Во Бразил рекорден број на новозаразени од коронавирус во еден ден

Во Бразил беше постигнат рекорд со над 115.000 случаи на заразени со коронавирус во еден ден, соопштија здравствените власти. Според...

Економија13 часа

Владата го утврди предлогот за поскапување на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет14 часа

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ15 часа

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија18 часа

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија18 часа

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа19 часа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија19 часа

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија21 час

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа21 час

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија22 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија22 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет24 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет24 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија2 дена

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија2 дена

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија2 дена

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија2 дена

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија2 дена

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Досие