Контакт

Култура

Пијанистот Арда Мустафаоглу примен на Универзитетот во Хамбург како прворангиран

Објавено пред

Со максимален број освоени поени Арда Мустафаоглу е примен на студии на Факултетот за музика и театар на Универзитетот во Хамбург, кој е еден од педесетте највисокорангирани светски универзитети од областа на уметностите.

dobivaj vesti na viber

Интензивните подготовки со проф. д-р Милица Шкариќ придонесоа Арда да се претстави со извонредна изведба на делата во двете етапи на приемниот испит пред Комисијата составена од врвни светски пијанисти.

Арда Мустафаоглу е единствениот примен студент во прва година, кој ќе студира во класата по пијано на една од најдобрите концертни пијанисти на денешницата Ана Виницкаја.

Култура

(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Објавено пред

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.

dobivaj vesti na viber

Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.

Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.

“Sorcerer”

“Godfather 2”

“The Getaway”

“Groundhog Day”

“Casablanca”

“Treasure of the Sierra Madre”

“Jaws”

“Mean Streets”

“Close Encounters of the 3rd Kind”

“Double Indemnity”

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот народен театар со „Жива досада“ гостуваа на фестивалот во Штип

Објавено пред

На 11 септември, на 13. Театарски фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставата „Жива досада“.

dobivaj vesti na viber

Гостувањето на МНТ е во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, кој веќе традиционално обединува значајни детски театарски продукции од земјата и регионот.

Претставата, наменета за деца над пет години, се занимава со современа, но често игнорирана тема, досадата кај децата, и како може таа да биде врата кон креативноста, играта и самоистражувањето, наместо нешто од што треба да се бега. Иновативен и топол авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а во режија на Јовановска.

„Досадата не е непријател, туку креативен простор, кој им овозможува на децата да се поврзат со себе и со светот околу себе“, вели актерката Изабела Јакимова, која е и една од авторките на текстот.

Во претставата настапуваат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска (алтернација).

Преку духовита и интерактивна форма, „Жива досада“ ги охрабрува децата да ги откријат магичноста на досадата и вредноста на паузата – простор во кој настануваат најубавите игри, разговори и идеи. Истовремено, испраќа важна порака и до родителите да не го исполнуваат секој момент на детето со активности, туку да остават простор за самостојно растење.

Со ваквите репертоарски претстави ‒ МНТ продолжува да гради едукативен и инспиративен театар, а „Жива досада“ е пример за тоа дека детскиот театар може да биде уметнички сериозен, длабоко комуникативен и актуелен.

Прикажи повеќе...

Култура

Киро Урдин автор на плакатот за „Браќа Манаки“: уметноста е во нијансите, боите се униформа

Објавено пред

Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

-Разговаравме со одговорните луѓе од ИФФК „Браќа Манаки“ кои ми посочија дека имаат намера оваа година да му дадат еден уметнички аспект на визуелното решение за најновото издание. Во договор со фестивалските челници, имавме две-три опции, се одлучија за ова дело. Станува збор за слика која половина е апстрактна, а половина е лик на една дама. Бојата е повеќе во сино, но сметам дека бојата не значи ништо. Имам напишано еден афоризам „Уметноста е во нијансите, боите се униформа“, раскажува Урдин.

Вели дека во неговото творештво секоја слика е различна.

-Така сликам, така и размислувам. Повторувањето е знак на немоќ. Бидејќи основен постулат на уметноста е креативноста, значи треба постојано да се создава нешто ново, нешто креативно. Уметноста некогаш е успешна, некогаш е просечна, а некогаш е неуспешна, но зависи и од тоа кој е уметникот и кој е гледачот, смета Урдин.

Посочува дека првите чекори на кинематографијата почнуваат во Франција со браќата Лумиер.

-Постои една духовна паралела меѓу нив и браќата Манаки, но и меѓу Париз и Битола. Тие отвориле нови видици. Во тоа време не биле сфатени од своите современици, но биле големи ентузијасти и го отвориле тој пат на кинематографијата од кој сегашните генерации имаат голем бенефит. Особено многу ме радува податокот дека бројни добитници на Оскар се добитници и на Златна камера 300 што ја доделува фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. И тоа е голем успех за фестивалот. Тие оскаровци верувале, ја согледале репутацијата на фестивалот и дошле да ја примат наградата, вели Урдин.

Киро Урдин е роден 1945 година во Струмица. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 година работел како новинар, а подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз. Од страна на “Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на “Струшките вечери на поезијата”. Од 1984 година тој работи како слободен уметник во повеќе земји.

Покрај сликарството и книгите ( афоризми “Le Dedoublement de la Personnalite”и “Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts” од издавачот Mayer) Урдин ги илустрирал книгите на Jacques Delors “Combats pour l’Europe” и на Анатолиј Карпов “Mes plus belles victoires”.

Сликата „Планетариум“ ( со површина од 48 м2.) која е реализирана низ најзначајните културни центри на светот, спаѓа меѓу најголемите во современа Европа е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ејндховен – Холандија. „Планетариум“ како мултимедијален проект се вбројува меѓу првите уметнички делa во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариум“ е снимен и филм кoj беше прикажан во официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло ( 1998 год.) Но, направил и балет кој бил прикажан на „Охридско лето“, во Торонто, Женева…

-Балетот „Планератиум“ е копродукција. Теди Вилсон е танчерска ѕвезда од Бројдвеј. Два пати е прогласен на балетски танчер на годината во Канада и кога го виделе филмот ми понудија да направиме балет. Се одигра на фесивалот „Охридско лето“ на сцената на Македонскиот народен театар, два пати се играше во Торонто, Чикаго, Анкара, а се одигра и во Женева на одбележувањето на 60 години на ОН. Тогаш беше прикажан и филмот „Планетариум“ во конгресната сала, раскажа Урдин вели дека за три часа комплетно ја променил сценографијата за овој балет по сугестија на една примабалерина непосредно пред премиерата.

За неговите изложби е пишувано во околу 600 весници, речиси во секоја од земјите каде што изложувал. Покрај спомнатите написи, има дадено и над 30 интервјуа за телевизиски канали.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Се’ уште е во бегство сомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист кој беше застрелан во вратот додека...

Македонија2 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот...

Македонија2 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет3 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија3 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет4 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет6 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија6 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија14 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија17 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија19 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија22 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија23 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија23 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија1 ден

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија1 ден

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа1 ден

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...