Контакт

Актуелно

Плакетата „Даница Ручигај“ за „Коскена“ од Марина Мијаковска

Објавено пред

Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на жена писателка за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, овој пат ѝ се доделува на поетесата Марина Мијаковска за стихозбирката „Коскена“.

Селекторката Славица Дабевска-Ќировска во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува: „…Поетесата во некои песни метафорично го оживува тајнописот на Анте, а од неговите лавиринти на зборови ги собира долините, реките и македонските планини… апелира за љубов, за свој мир и за можност и во светот на тагата да има некакво решение, како и за тоа дека помеѓу тие две крајности ништо друго и не постои… Гледам од овие стихови дека творечката сила на Мијаковска е во полн напон. Знам дека песните од оваа збирка долго ќе се чуваат од заборав, а вековната потрага по складни геометриски кругови ќе се открива и понатаму“.

Плакетата ќе биде свечено врачена на книжевниот настан посветен на творештвото на македонските жени-писателки, што ќе се одржи во понеделник, 2 декември, со почеток во 12 часот, во Друштвото на писатели на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Мајкл Мур: Речиси цел свет ги затвори границите за Американците, но може да ја посетите Северна Македонија

Објавено пред

Познатиот американски политички активист, режисер, коментатор и писател Мајкл Мур, познат по своите отворени и критички погледи на глобализацијата, големите корпорациии и насилството предозвикано од огненото оружје, објави статус на својот фејсбук профил, промовирајќи ја земјава како една од само осумте можни дестинации за патување на Американците.

Тој во својот статус со револт зборува за американскиот народ, велејќи дека 60 отсто од народот нема ниту пасош, ниту пак некогаш ја напуштиле државата, па оттаму не можат ниту да ги сфатат последиците од оваа криза, со која, како што напиша, „се справуваат еден идиот и еден социопат“.

На крајот од својот статус, Мур дури и им препорачува на Американците каде да се сместат, ако одлучат да дојдат во земјава.

„Планирате патување за празниците? Знаете дека остатокот од светот нè смести во приватен затвор, така? Дека ни е забрането да патуваме и да влеземе во било која држава на планетата. Само осум држави дозволуваат влез со американски пасош, без никакви рестрикции (карантин, тестирање, виза). Ова се осумте нации каде како Американци можете слободно да патувате, без прашања или лекарска белешка:

Северна Македонија
Косово
Тунис
Турција
Доминиканска Република
Мексико
Малдиви
Србија
(има уште 23 држави кои би нè пуштиле, но со ограничувања и карантини), објаснува режисерот.

„Нас нè сметаат за голем ризик по здравјето за остатокот на светот, повеќето би сакале да откажат посети од американски деловни луѓе, банкари, туристи, студенти, научници, директори на Волмарт, филмски продуценти, продавачи на Кока-Кола. Сите ние сме закана (но, тоа не е ништо ново).

Сведоци се на нашиот неуспех сериозно да ја третираме оваа пандемија. Ја набљудуваат нашата индиферентност, додека дозволивме 165.000 наши луѓе непотребно да умрат (165.000 мртви е еквивалент на педесет и пет 9/11, инцидент што нè натера да полудиме од гнев, барајќи проклет одговор!

Остатокот од светот е вознемирен што во оваа криза нè водат идиот и социопат. За светот ние сме чума. Ние сме опасни. Ние сме болни. Тие ја заклучија портата, го повлекоа катанецот, ја треснаа вратата. Повеќето од нас немаат идеја дека светот нè стави во домашен притвор. Тоа е затоа што огромното мнозинство од нас никогаш не ги напушта САД во текот на животот. Речиси 60 проценти од нас немаат пасош. Имаме мал интерес за остатокот од планетата – и тоа е во ред со нив“, пишува режисерот Мур.

На крајот тој го препорачува Скопје како интересна дестинација за патување во една од државите каде сè уште е дозволен пристап за американски граѓани.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почина Димитар Ќорнаков, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност

Објавено пред

Во Скопје, на 92-годишна возраст, почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а последните години од работниот стаж бил во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.

Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и странство.

Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Извештај го вклучи алармот за клаузулата за различности на европската спогодба за културно наследство

Објавено пред

Италијански весник предупредува дека клаузулата за различност во Спогодбата за културно наследство на Советот на Европа може да го избрише вистинскиот идентитет на Италија бидејќи бара почитување на различноста на толкувањата.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вредноста на културното наследство за општеството првично беше донесена во 2005 година, но досега само десет нации го ратификуваа договорот во националното законодавство. Италија не е една од нив, заедно со Франција, Шведска, Германија и Шпанија, пренесува „Ил џорнале“.

Договорот, познат и како Конвенцијата од Фаро, набргу ќе биде ставен на гласање во италијанскиот парламент, според „Ил џорнале“, кој предупредува дека одредена клаузула за различност може да влијае на културата на Италија.

Весникот пишува за дел 2, член 7 од договорот, конкретно за изјавата да се поттикне размислувањето за етиката и методите за презентирање на културното наследство, како и почитувањето на различноста на толкувањата.

Членот 7 продолжува велејќи дека исто така ќе се воспостават процеси за помирување за да се справат со ситуации кога на истото културно наследство му се припишуваат контрадикторни вредности од разни заедници.

Пример за контрадикторни вредности, понуден од весникот, е посетата во Рим од 2016 година од страна на иранскиот претседател Хасан Рохани, што предизвика контроверзии кога владата, тогаш предводена од Матео Ренци, покри многу италијански ремек-дела за да не го навреди иранскиот претседател.

Во 2019 година гробиштата во градот Болоња отидоа уште подалеку инсталирајќи моторизирани завеси за да го блокираат погледот кон христијанските симболи за време на услугите за другите верски заедници.

Навредливите статуи се тема на фокус во последните неколку недели на протестите на „Блек лајвс медр“, кои го зафатија светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Само во Велика Британија статуа на филозофистот на Бристол, Едвард Колстон, кој профитирал од ропството, беше соборена и фрлена во блиската река, а претходно неделава градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нареди отстранување на 207-годишната статуа на Роберт Милиган поради неговата поврзаност со трговијата со робови.

Активистите на екстремната левица оттогаш објавија список за отстрел на статуи во Велика Британија, кои би сакале да бидат отстранети или соборени, список што вклучува поранешни кралеви, па дури и поранешниот премиер Чарлс Ерл Греј, кој помогна за укинување на трговијата со робови на Атлантикот.

Неколку статуи во Шкотска се исто така на списокот. И покрај објавувањето на плановите на екстремистите, шкотската полиција изјави дека немаат намера да ги чуваат или заштитат статуите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти за прв пат прогласија општ карантин, откако еден граѓанин кој е позитивен на коронавирус бил во близок контакт...

Свет25 минути

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека рече дека има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија...

Свет37 минути

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија54 минути

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија16 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија16 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа16 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија16 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија17 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија19 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија19 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија21 час

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет22 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија22 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ22 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет23 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет24 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет1 ден

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Досие