Контакт

Култура

Подготовки за новата комедија „Лагата“

Објавено пред

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелниот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

dobivaj vesti na viber

„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија, која ги анализира лицемерите во општеството. Лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.

Мишел и Лоранс доаѓаат на вечера, но Алис истото попладне го забележува Мишел како се бакнува со друга жена, притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Пол верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Алис е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска се држи под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат… а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување.

Во претставата, која во нашата земја се поставува првпат, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата ја работи Крсте Џидров-Џиби, костимите ќе бидат дизајн на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василевски-Новоградска.

Премиерата се очекува кон втората половина на мај годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

По 11 успешни детски театарски претстави Скопје Сити Мол и Синеплекс најавуваат продолжување на Мој театар – Сити театар наесен

Објавено пред

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го организираше во партнерство со Синеплекс.

dobivaj vesti na viber

Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс киното можеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо. Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар – Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.

„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар – Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања – сѐ што сакаат“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.

Повеќе информации и фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.

За Скопје Сити Мол
Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето веќе препознаен како обележје на модерно Скопје.
Освен модните брендови, понудата на Скопје Сити Мол ги опфаќа и сите сервисни услуги, потреби за домаќинство, козметика и убавина, книжарници, детски катчиња со забавен и едукативен карактер, тематски и
семејни ресторани, брза храна, кафулиња, кино, играчница и многу други содржини кои заедно придонесуваат купувањето и дружењето да станат вистинска, врвна забава. Оваa година Скопје Сити Мол го слави 10-от роденден. www.skopjecitymall.mk

(пр)

Прикажи повеќе...

Култура

„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”​

Објавено пред

Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое го загатнува најважното за секој човек – животот. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Симона Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање на секој човек.

dobivaj vesti na viber

Петреска преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање, благосостојба… Преку своите лични искуства и анализи таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.

Авторката си поставила цел со книгата да му помогне на читателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен, поосмислен живот, менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.

Нејзината цел е остварлива, секако, ако читателот се нурне во напишаните редови. Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови што допираат до сечие срце.

„Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија“, вели мотиваторката Петреска.

Инаку, книгата можете да ја најдете во сите книжарници на „Три“ и на „Книга.мк“.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

Откажани двете претстави на Драган Маринковиќ-Маца во Скопје и во Битола

Објавено пред

Двете претстави на познатиот комичар Драган Маринковиќ-Маца, во Скопје и во Битола, кои требаше да се одржат на 27 и на 28 мај, се откажани поради болест на актерот.

dobivaj vesti na viber

Маца во Македонија требаше да ја игра хит-претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“, која го освои регионот и досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе.

На сите оние што ги купиле билетите средствата ќе им бидат вратени на местата на кои ги купиле.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија2 часа

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија2 часа

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што останавме доследни и на што...

Македонија3 часа

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ5 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа9 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа9 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа9 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија19 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија20 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет22 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија24 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет1 ден

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...