Актуелно
Поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ од Хрватска на „Словорум“ во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во петок (11 октомври), во коктел бар South side со почеток во 19:30 часот, организира Балканско поетско читање и разговор (Словорум) со поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ (Хрватска). Разговорот ќе го води и модерира Митко Гогов.
„Секојдневно сме сведоци на огромната книжевна продукција и во овие брзи времиња навистина е важно да бидеме во тек со современите пристапи во литературата, односно поезијата. Танос Гогос и Марија Дејановиќ се пример за тоа како патувањата, флексибилноста, адаптацијата во различни простори, номадството, ослободувањето од наметнатите стандарди и норми во општеството можат да бидат круцијален елемент, инспирација за творење, преиспитување на познатите светогледи и аспекти на животот, но истовремено и откривање на пространства кои дополнително не мотивираат за истражување“, велат од здружението „Контекст – Струмица“ во најавата за настанот.
Од таму објснуваат дека „Словорум“ има за цел да направи простор за словото кое доаѓа од различна дирекција и има за цел да облагороди онаму каде што се слуша и да продолжи понатаму во насока полезна како за постоењето на мислата сама по себе, но и на зборот, речта и делото како патоказ кон правото поетско реализирање.
Гостувањето на Гогос и Дејановиќ е прво во низата гостувањата на меѓународни автори предвидени со проектот „Словорум“ кои треба да се претстават пред струмичката публика.
До крајот на месецот „Контекст – Струмица“ ќе ја претстави творечката работа и граѓанскиот активизам со помош на женското писмо на поетесата Дорит Вајсман од Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
76 години МНТ испишува историја

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа.
Токму тоа се случи на 3 април 1945 година, се случи празник на македонскиот театар, завесата се крена, а во свечена тишина се изговори и првата реплика. Некогаш во Скопје — ѕидовите, тарабите и бандерите беа облепени со плакати на кои се објави радосната вест – „Денес се отвори Народниот театар“.
Од тој април до денеска веќе 76 години Македонскиот народен театар неуморно патува низ времето, го чува и го негува театарскиот идентитет, израз, јазик и вредности. Веќе 76 години театар во кои на сцената „живеат“ љубовта, среќата и болката, вистината и соништата, радоста и страста! Точно 76 години на креативност и творечка дејност низ кои на сцената, почнувајќи од првата, се поставени 405 претстави од 239 автори и драматурзи, а одиграни од 582 актери, поставени од 119 режисери и соработници, 115 сценографи, 75 костимографи, 31 кореограф, 102 композитори и избор на музика, огромен број луѓе позади сцената, дизајнери на плакати и програмки, одговорни за промоција, техничка служба, администрација и илјадници и илјадници вљубеници во театарот!
Ова е не само фантастична бројка туку и доказ за посветеноста и страста кон театарот! Сево ова е делот што го придвижува и го оживува МНТ!
Актуелно
Државниот архив слави 70 години постоење

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ), денеска (1 април), го слави своето 70-годишно постоење.
Свечената академија по повод овој јубулеј ќе се одржи во Музејот на македонската борба.
На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, а со видеопорака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.
„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на архивите и на архивските работници како во нашата земја така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.
На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“, во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив преку најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.
По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја видат изложбата „Скопската градска општина“, посветена на градоначалниците на град Скопје.
Актуелно
Млади пијанисти од Штип за пет месeци освоија 37 награди

Од Општина Штип велат дека се расадник на талентирани пијанисти нагласувајќи дека само во оваа учебна година млади таленти за 5 месеци освоиле 37 награди на интернационални натпревари во Америка, Русија, Јапонија, Канада, Белгија, Грузија, Украина и во Словенија.
„Огромен аплауз за Михаел Тимотеј Пастоњицки, Душица Митрева, Михаела Мирова, Теодора Ноемина Пастоњицки, Бисера Јанева, Габиана Стоименов, Драгана Костова, Јована Гркова, Весна Самоникова, Климентина Бојаџиева и Марко Насковски. Сите се од класата пијано на магистер Марија Максимова“, се вели во соопштението на градските власти.
Од таму особена пофалба упатуваат до Михаел Тимотеј и Теодора Ноемина Пастоњицки, кои добиле покана за настап во познатата концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк.
„Како едни од лауреатите на интернационалниот музички натпревар, Јована Гркова има покана за настап во Грузија, a Михаел Тимотеј Пастоњицки доби покана за настап во Москва“, додаваат од Општина Штип.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш