Контакт

концерти

Поповиќ: Покојниот градоначалник несебично го помагаше „Охридско лето“

Објавено пред

Во чест на покојниот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, вчера српските солисти, мецосопранот Александра Петровиќ и тенорот Стеван Каранац, заедно со Српскиот камерен оркестар одржаа класичен концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Публика уживаше во внимателно одбраниот репертоар со дела од Росини, Шопен, Сичински, Крајслер, Елгар, Лехар, Чајковски, Маскањи, Дебиси, Штраус и Калман.

Како што истакна директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, овој настан со исклучително талентирани уметници е посветен на Стојаноски кој несебично го помагал фестивалот.

„За жал, не успеавме до крај да ги реализираме нашите заеднички визии за напредокот на оваа национална установа и останавме без нашиот искрен пријател и поддржувач. Не постојат зборови со кои можеме да ја утешиме болката за загубата на семејството, ниту зборови со кои ќе ја искажеме благодарноста за неговиот придонес во градењето на успешната приказна наречена „Охридско лето“. Во овој момент ја нема насмевката на нашите лица, но покрај тагата, чувствуваме гордост и чест што бевме пријатели со човекот што го красеше добрината, искреноста и човечноста“, рече Поповиќ.

Младата уметница Александра Петровиќ првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“, но како што нагласи, е воодушевена од организацијата на концертот и гостопримливоста на домаќините.

„На фестивалот „Охридско лето“ настапувале мои колешки и пријателки, но јас ја немав таа можност се’ досега. Навистина огромна е честа зашто знам дека на овој фестивал што постои долго, настапувале многу еминентни уметници“, рече мецосопранот Петровиќ.

И според тенорот Стеван Каранац, концертот на „Охридско лето“ бил воодушевувачки, не само за публиката, туку и за самите уметници.

„Исто како и публиката, и ние уживавме на сцената. Со мојата колешка Александра завршивме оперски студии во Народниот театар така што имаме прилика да соработуваме со големи стручњаци како што е маестро Ѓорѓе Павловиќ со кого го изведовме овој концерт, но и со нашите помлади колеги од оркестарот“, додаде Каранац.

Уметничкиот директор и диригент на Српскот камерен оркестар, Ѓорѓе Павловиќ, рече дека воодушевувачка е идејата, фестивалот „Охридско лето“ да ја прошири културната понуда и надвор стандардниот термин во лето.

По завршувањето на 58-то издание, „Охридско лето“ организира два концерти надвор од востановениот фестивалски термин. На 18 декември минатата година настапи еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, а еден месец претходно, во фестивалската историја се впишаа и имињата на пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко од Русија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

(Видео) „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на Евросонг

Објавено пред

Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердама оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.

Нема да се избира победник, натпреварувачите нема да ја почувствуваат евровизиската атмосфера, но сепак ќе имаа контакт со публиката.

Овогодишнио слоган “Europe Shine a Light” е насловот на песната која ќе се чуе од секоја земја.

Веќе селектираните песни емитуваат фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставуваат низ кратки видео разгледници, а ги слушаме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Прикажи повеќе...

концерти

Со концерт на „Суперхикс“ вечерва завршува проектот „Култура во време на корона“

Објавено пред

По 50 маалски концерти, вечерва запира „Култура во време на корона“.

На денешната прес-конференција преставниците на градските културни институции информираа за резултатите од проектот. На досегашните 50+ настани, настапиле повеќе од 200 изведувачи, со повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје.

Проектот запира со вечерниот настап на познатите „Суперхикс“, а градските културни институции наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата. Музичарите од „Суперхикс“ ќе настапат во 20.00 часот на плочникот кај зградите до Педагошкиот факултет во Карпош.

„Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги големите имиња и младите таленти, со цел да се овозможи што поголем број на учесници и што поголем дофат на социјалните ефекти од мерката. Ниту еден поголем град во соседството не изготви сличен одговор на кризата од корона вирусот во доменот на културата, но се надеваме дека ќе земат позитивен пример од нас и ќе им помогнат на културните работници во своите градови. За жал, мора да напоменам дека овогодинешниот европски главен град на културата – Риека ги запре сите активности до крајот на годината оставајќи стотици локални уметници и културни работници без реализирани проекти од неколкугодишната своја работа“, кажа Никола Наумоски од Град Скопје.

Русе Арсов од МКЦ говореше за специфичноста на сцената со која што работи оваа институција и дека солидарноста како принцип била одлично прифатена меѓу членовите на разните бендови и колективи.

„Имаше музичари што настапија по неколку пати, а беа платени само еднаш, само за солидарно да им овозможат на своите колеги да го заработат својот хонорар.“ потенцираше Арсов.

Сермине Пурини од КИЦ додаде дека стигнати се голем број на апликации и дека не можеле сите да се реализираат, иако многу од нив биле квалитетни, па затоа институциите ќе ги имаат предвид за реализација на овие проекти за престојниот период.

Филип Аврамчев од Универзална Сала информираше за финансиските аспекти на кампањата – потрошени се 2.7 милиони денари од градскиот буџет, за хонорари на 168 уметници, културни работници и технички лица, покрај ангажираните вработени од МКЦ, КИЦ и Универзална.

Маалските концерти и онлајн изведбите кои ги реализираше Град Скопје дојдоа како дел од пакетот кризни мерки во однос на културата, а кои беа одговор на барањата на иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“, ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена, како и Синдикатот на Културата (СКРМ). Нивниот претставник Филип Јовановски го поздрави брзиот одговор на градот за нивните барања и повика министерството и Владата да го следат истиот пат.

 

Прикажи повеќе...

концерти

В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити

Објавено пред

Жителите на Аеродром и станарите на комплексот „Џевахир скај сити“ овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи в недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир.

Но истовремено, во овој настан, кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир скај сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје, кои ќе имаат можност да го следат видеопреносот преку ФБ-страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајв стримот преносот во својот дом, да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, иако одвоени, а сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа5 часа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет8 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија11 час

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија12 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија14 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион15 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет15 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет17 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт18 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија1 ден

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет1 ден

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија1 ден

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија1 ден

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 ден

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија1 ден

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија1 ден

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија2 дена

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија2 дена

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Досие