Контакт

Култура

„Последните камбани“ учествува на повеќе фестивали

Објавено пред

Филмот „Последните камбани“, кој својата премиера ја имаше на Светскиот филмски фестивал во Монтреал и воедно ја освои првата награда за најдобар краток филм, продолжува со нови фестивалски прикажувања.

По неодамнешното учество во официјалната меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал во Силхет, Бангладеш, овој месец, следува негово прикажување на годинешниот „Скопје филм фестивал“, а потоа и на фестивалот на немиот филм, кој ќе се одржи во Медисон, во сојузната држава Висконсин, САД.

Фестивалскиот живот на „Последните камбани“ продолжува и со официјалната, меѓународна конкуренција на Фестивалот на краток филм „Фастнет“, кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Шул, Република Ирска, а во меѓувреме потврдено е и учество на Меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петербург, кој започнува на 1 мај.

Продуцентот на филмот, Гоце Кралевски, информира дека во моментот се чека потврда за уште неколку нови фестивалски учества и промоции.

„Многу се радувам на овој фестивалски живот на „Последните камбани“ и сметам дека е еден од вистинските начини за промоција на македонскиот филм во светот“, изјави Кралевски.

„Последните камбани“ е во продукција на „ДНФ филмс“. Режисер и сценарист на филмот е Николче Поповски, а главната улога ја игра Мето Јовановски. Директор на фотографија е Фејми Даут. Поддржан е од Агенцијата за филм.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија и овој декември го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен репер за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2019 г.) во посочените категории. Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ секој работен ден во периодот од 10 до 13 часот или по пошта на адресата: ДПМ, ул.„Максим Горки“ бр.18, 1000 Скопје.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат. Наградите ќе бидат врачени на свеченоста по повод денот на ДПМ,13 февруари, следната 2020 година.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт со ирскиот пијанист Бери Даглас во Филхармонијата

Објавено пред

„Љубов за Клара“ е наслов на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток, 12 декември, во 20 часот. Солист е фантастичниот ирски пијанист Бери Даглас, кој ќе го изведе романтичниот Концерт за пијано и оркестар оп. 54 од Роберт Шуман. На програмата се и Шпанско капричо оп. 34 од Николај Римски – Корсаков и Италијанско капричо оп. 45 од Петар Илич Чајковски. Диригент е Емил Табаков од Бугарија.

Бери Даглас е ирски пијанист, кој својата богата меѓународна кариера ја почнува во 1986 година кога го добива „Златниот медал“ на интернационалниот натпревар за пијано „Чајковски“ во Русија. Важи за оригинален пијанист со препознатлива лирика во изразот и автентичен пијанистички сензибилитет. Критичарите го нарекуваат титан на пијаното.

Даглас како солист настапува со врвни светски оркестри, а во последните неколку како уметнички директор на Камерата Ирска имаше имаше турнеи во Аргентина, Бразил, Австралија, Полска, Русија, САД, Британија, Италија, Јапонија… Освен со светските оркестри, Даглас настапува и како камерен музичар – свирел во „Ројал Алберт хол“, „Вигмор хол“, „Барбикан“… Ексклузивен уметник е на издавачката куќа „Чандос“ за која неодамна сними шест албуми со сите соло-дела за пијано од Јоханес Брамс.

Бери Даглас ќе го изведе емотивниот концерт за пијано и оркестар од Роберт Шуман, посветен на неговата жена и најголема љубов – Клара Шуман. Во 1837 година, три години пред да се земат, Шуман ѝ напишал писмо на Клара, во кое ги сумирал своите идеји за големо музичко дело за пијано (Концертот за пијано и оркестар оп. 54). „Тоа ќе биде компромис меѓу симфонија, концерт и голема соната“, напишал Шуман. Амбицијата на млад композитор е очигледна во ова дело, но ќе поминат дури 8 години додека не биде премиерно изведено ова дело. Концертот каков што го познаваме, во кој се чувствува среќа и романтичност од почетокот до крајот, премиерно е изведен во 1846 година. Го извела Клара Шуман.

На програмата е и „Шпанско капричо“ од Николај Римски – Корсаков, фантастична оркестарска композиција, која изобилува со разни музички бои, мелодиски дизајн и фигуративни матрици, кои се менуваат во секој инструмент.
Ќе прозвучи и „Италијанското капричо“ од П. И. Чајковски – инспирирано од патувањето на композиторот во Рим. Додека бил во Рим, ѝ пишал на својата пријателка Надежда фон Мек дека речиси ги финишира скиците за италијанската фантазија. Музички ова дело ја отсликува Италија онака како што ја видел Чајковски.
Маестро Емил Табаков од Бугарија, кој ќе го води концертот в четврток, е еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот на композиција. Една година пред тоа Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген.

Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија… Маестро Табаков диригира и оперски спектакли, а на неговиот репертоар се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори. Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен.

Прикажи повеќе...

Изложби

Хуманитарна изложба „5 минути до 12“

Објавено пред

Донаторската изложба, симболично со наслов „5 минути до 12“, во организација на Центарот за помош, поддршка и застапување притворени и осудени лица, а по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права (10 Декември) и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата (11 Декември), е од хуманитарен настан.

Стаува збор за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.

Паричните средства собрани од овој настан ќе бидат употребени за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија9 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет10 часа

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет11 час

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион12 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија15 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија16 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија18 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија18 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија18 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија18 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија18 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет19 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет19 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет19 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет21 час

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион1 ден

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ2 дена

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија2 дена

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие