Контакт

Култура

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици

Објавено пред

Во Солун, Република Грција, денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот го потпишаа министерката за култура, Ирена Стефоска, и претседателката на Управниот одбор на овој Центар, Наталија Пулу.

„Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите држави. Се радувам за она што го носи иднината. На сите ви посакувам продуктивна и плодна работа заедно“, рече министерката Стефоска на чинот на потпишување.

Претседателката на Управниот одбор на Центарот, Наталиа Пулу, изрази задоволство и надеж дека соработката која започнува во доменот на конзервацијата и реставрацијата ќе прерасне и во соработка на научно поле, издавање публикации и популаризација на културното наследство.

Меморандумот претставува основа за соработка меѓу надлежните институции за заштита на културното наследство и Европскиот центар, за размена на експерти, како и за обука на кадар за конзервација и реставрација. Двете земји ќе соработуваат и на развој на проекти и нивно промовирање во европските институции, како и за заедничко аплицирање во фондовите на ЕУ.

Потпишувањето на меморандумот беше иницирано во рамките на неодамнешната посета на делегација од Република Грција, кога беше потврдена отвореноста за конкретна соработка меѓу двете пријателски земји.

Култура

Седмиот филм на Милчо Манчевски ќе биде црна комедија со наслов „Кајмак“

Објавено пред

Екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и од Србија почнува со работа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“.

„’Кајмак’ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерството и на малограѓанштината“, вели Манчевски.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и на Бугарија. Македонската радио-телевизија е копродуцент.

Екипата особено се гордее што во оваа најтешка пандемиска година во светот токму овој филм доби поддршка и од европскиот фонд „Еуримаж“, што е несомнено огромна потврда за вредноста на проектот.

Според финансиската конструкција на филмот, Македонија учествува со 48 проценти, а 52 отсто од средствата доаѓаат од странство.

На прашањето како во период на пандемија проектот „Кајмак“ успеа да мобилизира голема европска екипа за филмот, македонскиот продуцент на филмот Јане Ќортошев рече:

„Сѐ е можно кога работиш на убав проект и со пријатели. А ‘Кајмак’ има навистина многу пријатели – во цела Европа, а и дома. Собрани заедно зад убав проект, ништо не може да нѐ запре“.

Ова му е 7-ми филм по ред на Манчевски, кој досега има работено и во Америка и во Македонија, а на прашањето за тоа како се чувствува пред самото снимање на „Кајмак“ на денешната конференција за печат, режисерот Манчевски рече:

„’Кајмак’ е безобразна комедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Се радувам како летен ден затоа што по сета напорна работа, сега почнуваме да правиме убава уметност, ама уште повеќе затоа што работиме со талентирани професионалци, кои се и добри луѓе. Животот е прекраток за да работиш со лоши луѓе“.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс фон Трир, како и на данскиот кандидат за „Оскар“ – „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз.
Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчар во мракот“ на Ларс фон Трир и It’s All About Love на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Јан Прајор од британската „Скала продакшнс“.

Македонски продуцент на филмот е „Банана филм“. Продуцира Јане Ќортошев.

Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг-директор Милка Анчевска, а костимограф Жаклина Крстевска.

Филмот ќе се снима исклучиво на локации во Скопје.

Манчевски реши да го задржи оригиналниот збор, па англискиот наслов е Kaymak. Партнерите на филмот го доживуваат како интересен, нов збор што го научиле, како мистерија во насловот, слично на Е.Т. или „Кагемуша“, на пример.

Главни партнери на филмот се „Алкалоид“, НЛБ банка и „Виза“ и партнерите на филмот „Окта“, „Тиквеш“, „Витаминка“ и „Лимак“.

Последниот филм на Манчевски, „Врба“, ја доживеа премиерата на Римскиот филмски фестивал, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди („Рејнденс“, „Синеквест“, „Валенсија“ итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за „Оскар“. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, а од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде што набргу ќе има и ДВД-издание. Тој се прикажува и на „Синемакс“ и на Ејч-би-о.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар е отворена изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“.

Присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата и/или дуо-драмата.

На репертоарот на МНТ во текот на годините, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев, па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, реализирани се 20-ина монодрами и дуо драми, кои се центарот на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот.

Преку фотографиите, костимите и плакатите во „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“ забележливи се два аспекта.

Од една страна, тоа се монодрамите, каде што е видлива посветеноста на актерот, кој кога е сам на сцената, се развива, менува, остварува и/или зацврстува, и од друга, тоа се дуо-драмите, каде што се видливи комуникацијата и врската што ги создаваат двајца актери, кои на сцената зависат еден од друг, и атмосферата кога при интерпретацијата на ликовите се надополнуваат еден со друг. Изложбата го прикажува актерот кој е сам на сцената или со уште еден актер, борбите што ги водат сами со себе или со другиот, како и впечатокот што го оставаат кај гледачот. Тоа се секоја емоција, мимика, гестикулација и движење.

Изложбата е отворена за публиката што присуствува на тековните претстави на репертоарот на МНТ и онлајн, на страницата на МНТ (www.mnt.mk) и на фејсбук-страницата на театарот.

Прикажи повеќе...

Култура

Стефоска и Гир ја најавија новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“

Објавено пред

Со тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, денеска заврши тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура и канцеларијата на „Креативна Европа – Култура“ – „Креативна Европа – Дома“, посветени на поддржаните проекти во периодот 2014-2020 година, како и нивната рефлексија на национално и на регионално ниво.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на денешната тркалезна маса посветена на предизвиците и рефлексијата на програмата „Креативна Европа – Култура на ЕУ“, во своите обраќања се осврнаа на резултатите од претходниот програмски циклус, а го најавија и почетокот на новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“, која на крајот од минатиот месец беше усвоена од страна на Европскиот парламент.

Стефоска, истакнувајќи ги досегашните резултати на нашата држава, потврди дека Министерството за култура веќе изрази интерес за учество во новата програма, како и подготвеност за потпишување грант-договор со Европската комисија.

„Во текот на овој циклус поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата, а поддршката на ЕУ за овие македонски организации изнесува 4,5 милиони евра. Издвачкиот сектор во нашата држава уште еднаш ги потврди исклучителната посветеност и успехот во рамките на оваа програма на европско ниво, а Министрството за култура, секако, продолжува со кофинансирање на поддржаните проекти“, рече Стефоска.

Таа додаде дека како координативно тело за спроведување на програмата на национално ниво, Министерството, и во иднина ќе продолжи преку конкретни мерки да одговори на предизвиците базирани на досегашните искуства од спроведувањето на програмата на национално и на локално ниво, а сѐ со цел олеснување на пристапот во новата програма до што поголем број корисници од културните и креативните сектори.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на тркалезната маса истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности. Тој истакна дека културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 проценти од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ и се меѓу најдинамичните сектори во Европа. Повикувајќи се на информации од Евростат, Гир рече дека во културата и во креативниот сектор се вработени 8,7 милиони луѓе во ЕУ.

„Програмата ‘Креативна Европа’ на некој начин е консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени над 13.000 гранта, а ги искористиле 41 земја. Кофинансирани се речиси 16.500 културни проекти за соработка во Европа“, рече Гир.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија3 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија4 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија5 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија6 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија8 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ9 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија10 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија10 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт11 час

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија11 час

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет24 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет24 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 ден

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Досие