Култура
Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст.
Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните 50-ти години. Тој напиша филмски партитури за шпагети-вестерн филмовите на Серџо Леоне „За грст долари“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“ …
Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови, а исто така има добиено и „Оскар“. Почесниот Оскар го доби во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата, а во 2016 година доби Оскар за музиката во филмот „Осумтемина омразени“ од Квентин Tарантино.
Мориконе почина на клиника во Рим, како резултат на последиците од неговиот пад минатата недела, кога ја повреди бутната коска.
Како што беше најавено, погребот на музичкиот великан ќе се изврши во кругот на семејството.
Веста за смртта на Мориконе, во име на семејството, ја пренесе неговиот пријател Џорџо Асума. Тој изјави дека музичарот се држел достоинствено и свесно и дека пред смртта се збогувал со сопругата Марија, која секогаш била покрај него во неговата кариера и во приватните моменти, а последните денови ги поминала со него.
Композиторот им се заблагодари на своите деца и внуци за љубовта што му ја дале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Македонски сновиденија“ – почеток на есен исполнета со џез, страст и фолклор

„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25.10.2025г. (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонскиот фолклор, прераскажани преку јазикот на џезот. Македонскиот национален џез оркестар е симбол на врвна џез музика и високо ниво на уметнички перформанси. Овој Биг Бенд оркестар обединува врвни џез музичари од Македонија и меѓународно признати гости-уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти до сега се истакнуваат Курт Елинг, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Курт Розенвинкел, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.
Култура
„Поетроника за млади“: поезијата во ритамот на новата генерација

По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“.
Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба.
Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку преку живо, современо и инспиративно доживување. Преку музичко-поетски перформанс, поезијата станува блиска, ритмична и разбирлива за генерацијата што расте со звук, екрани и визуелна култура.
Првичната идеја беше во рамките на проектот да се реализира настап со српската поетеса Радмила Петровиќ. Од таа соработка произлезе нешто многу поголемо – нова уметничка фузија и сериозна регионална соработка, која го проширува концептот на „Поетроника за млади“ и отвора нови можности за културна размена меѓу младите уметници во регионот.
Андреја Салпе, еден од водечките електронски продуценти во земјата, создава звучен пејзаж што ја внесува поезијата во современ контекст.
Оливер Митковски, актер со впечатлива сценска енергија, ѝ дава на поезијата живост и човечка топлина.
Радмила Петровиќ, глас на новата генерација балкански поетеси, внесува свеж поетски израз и искрена емоција што ја поврзува публиката со зборот.
„Поетроника е судир на традицијата и електронската култура – продолжение на поезијата во звук, во движење, во живо присуство. Тоа е моќта на зборот што не се плаши да звучи.“ – вели Радмила Петровиќ, во пресрет на настапот во Скопје.
Со „Поетроника за млади“, оваа тројка создава ново поглавје во културната едукација, покажувајќи дека поезијата може да биде современа, заразна и блиска до младите.
Проектот „Поетроника за млади“ е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.
Влезниците се со симболична цена од 250 денари и се достапни на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/poetronika-za-mladi/
Култура
(Видео) Горан Таневски со „Девојка од бронза“ најави концерт по повод 40 години кариера

Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт, вели Горан Таневски, најавувајќи го јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“, кој ќе се одржи на 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ – Скопје.
„Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ” More” од трилогијата “Среќен сум дури и без себе”, а тоа е – очекувај го неочекуваното. “ вели Таневски.
🎵 „40 години Девојка од бронза“
Автори и изведувачи:
Горан Таневски – музика, текст, аранжман и вокал
Перо Стефановски (Sanatorium) – гитара, пратечки вокал
Александар Стефановски (Conspiracy) – гитара, бас, едитинг на тапани, микс и мастеринг
Зоран Казаков – труба (снимени во студиото FIS Production)
Видео:
Монтажа: Елеонора Теова
Во видеото се користени материјали на Опиум Продукција, режисерот Васил Христов и од архивата на Радио и Телевизија Скопје при МРТ.