Култура
Почина хрватскиот актер Перо Квргиќ

На 94 години во Загреб почина познатиот хрватски актер Перо Квргиќ. Легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер ја помина последната година од својот живот во Домот за стари лица во Лажинска.
Роден е во Моравице во Горски Котар на 4 март 1927 година. Во својата долга кариера глумеше во сите поголеми хрватски театри и често можевме да го гледаме во филмови и ТВ-серии.
Се проценува дека тој имал над 190 улоги во својата кариера, а глумел дури и во подоцнежните години, па го прослави својот 90-ти роденден со „Стилске вјежбе“ на театарската сцена, пренесе „Јутарњи лист“.
Во својата кариера тој доби многубројни награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело „Владимир Назор“.
Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ, го одликува со Орден на принцот Бранимир за исклучителен и долгорочен придонес во културата на Република Хрватска, а во 2007 година ја доби својата ѕвезда на хрватската улица на славните на шеталиштето „Слатина“ во Опатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.
Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со по една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.
Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.
Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).
Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.
Изложби
Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

Во четврток ( 21 јануари 2021 година) во 12 часот во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – во Куманово ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“, на ликовната уметница Јана Јакимовска. На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.
„ Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели… Јана Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела“ вели во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска.
„ Со сѐ поголемиот замав што го зема дигитализацијата и присутноста на новите медиуми, резултат на времето во кое живееме, се чини како уметниците во одредена мера да ги ,подзабораваат’, да го губат допирот, релацијата со покласичните форми и медиуми на изразување во доменот на сликарството, скулптурата и цртежот. Но, Јана Јакимовска е авторка која и покрај тоа што се занимава со концептуална уметност, главно насочена кон дигитални и фотоманипулации, во овој нејзин најнов циклус дела, преку својата четка и сликарското платно нѐ однесе на едно ,патување’ од Скопје преку Струмица и Охрид во светските гиганти Токио и Њујорк, за повторно да нѐ врати назад во Скопје, укажувајќи ни дека просторно и временски каде и да сме, тоа е она исто небо што истовремено е ОВДЕ и СЕГА, за сите исто и единствено, поради што и оваа изложба може да се сфати и како симбол за нашата, условно кажано – ,просторна ограниченост’, но истовремено и… ,бескрајна безграничност’“ вели во рецензијата за изложбата, историчарката на уметност Ангела Витановска.
Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.
Актуелно
На 22 јануари гала-оперски концерт и „Болеро“ во НОБ

Поради големиот интерес, на 22 јануари повторно ќе се одржи гала-оперски концерт со почеток во 20 часот, информираат од Националната опера и балет (НОБ).
На него ќе настапат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Во вториот дел публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.
Ќе настапат женскиот балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на НОБ.
Диригент ќе биде Бисера Чадловска, концерт-мајстор Јане Бакевски, кореограф Саша Евтимова, костимограф Марија Пупучевска, светло-дизајн Милчо Александров.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моментната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани.
Задолжително е носењето заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира