Актуелно
Поштенска марка и златна монета со ликот на Блаже Конески по повод 100 години од неговото раѓање

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде година на мирот и довербата, велат од Минситерството за култура.
Од таму додаваат дека тие во соработка со Министерството за образование се носители на програмата за реализација на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која ќе се одвива под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Програмата ќе се реализира во текот на целата година со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјата и странство, а средствата се обезбедени од Министерството за култура, од Министерството за образование и од Агенцијата за спорт и млади“, се нагласува во соопштението од ресорното Министерство.
Во него се додава дека, покрај многубројните културно-образовни содржини, во рамките на јубилејот е предвидено Народната банка да издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а „Поштата“ ќе издаде поштенска марка со ликот на великанот на македонската култура.
Настаните ќе се реализираат под унифициран плакат и лого на манифестацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
(Видео) Актерите од Струмица во расправа со директорот фискултурец: Ни треба кадар од културата

Доволно сум компетентен да ја водам институцијата НУЦК „Антон Панов“, имам менаџерски сертификати и на оваа тема нема причина да се дебатира, вели новоназначениот директор Васил Бубев кој се вклучи на почетокот на дебатата со актерите Анкица Бенинова, Ванчо Василев и Стојан Велков кои се противат на одлуката професор по фискултура да раководи со институцијата за култура.
Носителите на дејност во театарскиот сектор на „Антон Панов“ кои ја формираа иницијативата „Култура или фискултура“ револтирани од одлуката на Министерството за култура да ги раководи, според нив, несоодветен кадар, веќе еден месец бараат промена на Бубев и ново кадровско решение.
„Јавноста можеше да ги види т.н дипломи што ги приложил директорот Бубев и на една од нив стои учество во манифестација за празот. Ако ова беше нормална држава ќе мислевме дека е некој скеч и никако здраворазумски немаше да може Комисијата при министерството за култура да назначи ваков кадар за директор на институција од културата со 57 вработени и три уметнички сектори“, децидни се актерите.
Во доставената пријава до Министерството за култура стои дека Бубев го докажал своето културно работење како кореограф преку приложени договори за соработка со балетското студио „Газели“, докажал дека училиштето „ Гоце Делчев “ од општината Василево, каде што бил директор добивало плакети и дипломи за учество на Струмичкиот карневал, а приложил и благодарница за општината, за учество на културната манифестација „Денови на празот“.
Одговорот што актерите го добија од Министерството за култура е дека не постои формално правна пречка Бубев да биде директор.
За претходните настани и назначувањето на новиот директор, нивниот аргументиран револт и тоа дека нема да отстапат до промената на директорот жестоко дебатираа тројца актери од Струмица.
Тие велат дека побарале и антикорупциска комисија да ја разгеда оваа одлука, и нема да отстапат од нивните барања иако со ресорната министерка Ирена Стефоска нема повеќе да има дијалог на оваа тема.
Актуелно
Новото издание на списанието „Зенит“ посветено на Горан Стефановски

Излезе од печат списанието за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ на здружението „Иван Василевски“ од Струмица.
Станува збор за двоброј посветен на Горан Стефановски.
Во него се сместени последните необјавени записи на Стефановски, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми.
Освен овој специјален дел присутни се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив.
Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа заедно како двоброј на околу 270 страници.
„Зенит“ има меѓународна редакција во која освен домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска.
Излегувањето на списанието го финансира општина Струмица.
Актуелно
„24 илјади бакнежи“ – концерт на Филхармонија за Денот на вљубените

Оркестарот на Филхармонија в сабота, на 13 февруари, во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.
Концертот е насловен „24 илјади бакнежи“, а на програмата се безвременски љубовни песни – „Еден бакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и др.
Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена на овој концерт, напишана во 1961 година од Е.Леони, П.Виварели, Л.Фулчи и А.Челентано.
Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо“ во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второтo место. Се смета за прва рокенрол песна која влегла во конкуренција за наградата, воедно и за композиција која ја потретира младината во времето на сексуалната револуција.
Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија, и младата македонска вокалистка Светланата Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.
Концертот ќе го води маестра Дијана Имери-Илкоска, една од најнадежните македонски диригенти која своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.
„Ги поканувам сите љубители на најубавата уметност да ни се придружат и заедно да уживаме во специјално одбрана програма со дел од најубавите љубовни теми. Постарите ќе можат да се вратат во младоста, а помладите да чујат како звучеа љубовните песни во минатото.За мене е особено задоволство да се работи со нашата Филхармонија, како и одличните солисти Благој Нацоски и Светлана Јовановска со кои заедно, се надевам, ќе успееме да ја пренесеме нашата љубов во ова време во кое љубовта ни е особено потребна“, вели диригентката Имери Илкоска.
Концертите за Денот на вљубените се традиционална содржина на Филхармонија повеќе години наназад. Концептуално се различно обликувани од стандардната програмата и најчесто имаат популарен карактер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер