Контакт

Култура

„Пратеникот” – претстава за љубовта во време на либерален капитализам вечерва во битолскиот театар

Објавено пред

Денес, сабота, во дваесет часот вечерта, ќе се одигра премиерата на најновата театарска претстава „Пратеникот“, направена по пиесата “Народен пратеник” од Бранислав Нушиќ, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на Интимен Театар од Битола.

dobivaj vesti na viber

Во претставата играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Композитор на оригиналната музика е Александар Талевски, а дизајнот на светлото го направи Горан Петровски. Костимограф е Валентин Дамчевски и DRAMA – 3/4 by Jasmina. Фотографиите и дизајнот се на Гоце Веселиновски. Премиерата на оваа претстава ќе се случи на голема сцена во Народен Театар Битола.

„Пратеникот” е претстава за љубовта во време на либерален капитализам.

Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото во нас, што секогаш не претвора во чудовишта. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, и во исто време претстава за надежта. “Пратеникот” е емоционално и рациона3лно патување низ нашата желба да бидеме среќни.

Култура

Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова: „10 Пурпурни Ноктурна“ од Давор Јордановски – македонска премиера во Филхармонија

Објавено пред

На 19 ноември, среда со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски.

dobivaj vesti na viber

Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена.

Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот: Alma, La romance, Matin pourpre, Alors c’est toi!, Pure, Illusion, Le rêve non gouverné, Violet et noir, Papillon, Elena – дела што ја спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот.

Настанот е дел од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2025 година.

Влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

Националниот џез оркестар со „Македонски сновиденија“ вечерва во Виена

Објавено пред

Националниот џез оркестар ќе настапи во реномираниот џез клуб Porgy & Bess вечерва во 20.30 часот, како дел од турнејата „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams). Ова е третиот и последен настап на македонските џезери предводени од диригентот Владимир Николов, како дел од мини-турнејата што ги опфати и Будимпешта и Прага.

dobivaj vesti na viber

Macedonian Dreams е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.

– Оваа турнеја е важна, затоа што промовира нешто ново, истовремено базирано на нашата традиција. Најважниот дел во овој проект или приказна е како ние комуницираме со нашето минато. Претставуваме и аранжмани на фолклорни теми, но го правиме тоа на начин со кој што кажуваме нешто што сметаме дека е релевантно во денешниот џез и, воопшто, во музиката – вели маестро Николов, кој заедно со Гордан Спасовски, ги создадоа и аранжманите на композициите.

За директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски, ова е исклучително важна турнеја, затоа што промовираме целосно македонска музичка џез приказна и ја претставуваме на светот.

-Настапите во Будимпешта и во Прага поминаа подобро од очекувањата. Аплаузите, овациите, довикувањата за бис ни беа најголема награда. Нашиот оркестар се претстави во врвно издание, а покажавме дека и изборот на програмата е полн погодок за наша поголема промоција низ Европа. Очекуваме дека Macedonian Dreams ќе ни отвори нови врати и нови соработки во иднина – рече Стевковски.

Прикажи повеќе...

Култура

(Фото) Шест награди за Диџеј Ахмет во еден викенд

Објавено пред

Филмот „Диџеј Ахмет“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, овој викенд постигна исклучителен меѓународен успех, освојувајќи шест престижни награди на три европски филмски фестивали во само два дена.

dobivaj vesti na viber

Од својата премиера, „Диџеј Ахмет“ постојано добива одличен прием кај публиката – гледачите по проекциите со ентузијазам споделуваат дека филмот ги изненадил, трогнал и воодушевил. Токму таа искрена поддршка се рефлектира и во вниманието што го добива на меѓународните фестивали.

На Босфорскиот филмски фестивал (@bogaziciff) филмот ги освои:
● Специјална награда на жирито
● Награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј Ахмет

На Севилскиот европски филмски фестивал (SEFF) (@festivalsevilla) следеа две нови признанија:
● Гран при на жирито
● Награда за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп

На Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал (@filmfestivalbraunschweig) триумфот продолжи со:
● Награда на жирито за најдобар европски дебитантски или втор филм (Volkswagen Financial Services Film Prize)
● Награда од публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм (Der Heinrich)

„Она што особено ме радува е што ваквите успеси веќе не се исклучок, туку тренд. Новата генерација македонски режисери создава храбри, современи и длабоко лични филмови кои резонираат со публика од различни култури. ‘Диџеј Ахмет’ е доказ дека нашите автори не само што држат чекор со европските текови – туку ги поставуваат. Оvoj тим покажа дека талентот, кога е поддржан и охрабрен, може да го помести целиот регионален и европски филмски пејзаж.“ изјави Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.

„Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и Георги М. Унковски. Македонија повторно го истакнува својот талент на светската филмска мапа“, истакна и тимот на „DJ Ahmet“.

Филмот е поддржан од повеќе национални и меѓународни институции, меѓу кои Eurimages, Czech Film Center, HAVC, Филмскиот центар на Србија и други.

Овој триумф покажува дека македонската филмска сцена создава автори кои не само што следат европски стандарди, туку ги надминуваат — а Георги М. Унковски веќе се наметнува како една од најсилните режисерски гласови на европската нова генерација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Несреќа на патот Градско – Велес, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека на регионалниот пат Градско – Велес се случила сообраќајна незгода. Поради тоа од 09 часот и 50...

Македонија1 час

Започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија2 часа

Го турнале на земја, го удирале со клоци, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа3 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион4 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа4 часа

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион5 часа

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет5 часа

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа5 часа

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет19 часа

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија21 час

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ21 час

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија22 часа

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија23 часа

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет1 ден

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет1 ден

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија1 ден

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет1 ден

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...