Контакт

Култура

Првиот мјузикл во Театар „Kомедија“ – „Боливуд“ гостува во Црна Гора

Објавено пред

Првиот мјузикл во НУ Театар „Kомедија“ – „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска, вечерва (29 ноември 2021 г.) гостува на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Мјузиклот „Боливуд” премиерно беше изведен во ноември 2019 г. во Театар Комедија и по непредвидената пауза заради пандемијата, „Боливуд” месецов се врати на сцената на Театар „Комедија“ каде што редовно се игра.

Во претставата играат актерите на Театар „Комедија“: Жаклина Стефковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Автор на текстот е Маја Пелевиќ, музиката е на Огнен Анастасовски, кореографијата и костимографијата е на Наташа Поплавска, сценографијата и видеоанимацијата на Емил Петров, а светлодизајнот
на Милчо Александров. Преводот на текстот и препевот на сонговите го направија Наташа Илијевска и Наташа Поплавска.

(ПР-текст)

Култура

Универзалната сала и Град Скопје со јавен повик за програмски активности за манифестацијата „Бела ноќ“

Објавено пред

Оваа година ќе се одржи 19. издание на „Бела ноќ“ како препознатливо обележје на град Скопје за активности од областа на културата на територијата на централното градско подрачје, каде што ќе се одбележат уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани што ќе ја заинтригираат јавноста.

dobivaj vesti na viber

За таа цел, ЈУ Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници што се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Годинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи во првиот викенд на октомври 2023 на повеќе централни локации во градот Скопје.

На конкурсот може да се пријават уметници што сакаат да бидат дел од овој настан, а да творат во следните области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип); применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации; музика; филм; театар; јавна уметност; урбани изведби и перформанси.

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири-комисија врз основа на поднесените апликации, а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт, информираат надлежните.

За учество во „Бeла ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација

▪ Финансиска конструкција на проектот

За подетаљни информации за јавниот повик: документите во писмена форма може да се достават на адреса: бул. Партизански одреди 22 (зграда на Библиотеката „Браќа Миладиновци“) http://univerzalna.com.mk/belanok, [email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок за пријавување е 23.6.2023 година

Прикажи повеќе...

Култура

Најгламурозната оперска дива Анџела Георгиу од Романија ќе го отвори 63. Охридско лето

Објавено пред

Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија, заедно со Оркестарот на Националната опера и Балет на Македонија и под диригентската палка на Теодорашку Артаманов од Романија, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори годинешното 63. издание на фестивалот Охридско лето.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска на прес-конференција го најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, која истакна дека секое успешно издание на фестивалот почнува со најголемите, најславни и највозвишени уметници.

„Анџела Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува во светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција“, рече Поповиќ.

Најавувајќи ја програмата на годинешното 63. фестивалско издание, директорката Поповиќ појасни дека големо име ќе има и во драмскиот дел од програмата.

„Големо име имаме и во делот на драмската програма, светски познатиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Американската филмска ѕвезда, со проектот во режија на Михаел Штурмингер, „Вечер на Џон Малкович“, во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија, е најексклузивниот гостин што ќе се запише во листата на најголемите уметници што настапиле низ фестивалската историја на Охридско лето“, додаде Поповиќ.

Селекторката на музичката програма на фестивалот Охридско лето, Бисера Чадловска, рече дека покрај спектакуларното отворање, годинава фестивалот нуди врвни музички имиња од земјата и светот.

„Од светските имиња ќе издвојам неколку: светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ и оркестарот Double Sense, ‘Френк Дупре џез-трио’, како и пијано рецитал на Френк Дупре, виолинистката Ирина Муресану со оркестарот ‘Фејмс’, камерниот оркестар ‘Кончертанте’ од Ниш, кларинетистот Пабло Бараган заедно со пијанистот Елоис Бела Кон, камерниот ансамбл La Spagna, дувачкиот камерен ансамбл ‘Камерата академика’ од Словенија, виолинистот Роман Симович, светски познатиот пијанист Алексеј Ботвинов, концерт на Јозеф Тавардос на уд и уште многу други исклучителни уметници. Од домашните имиња ќе имаме можност да ги слушнеме пијанистите Дино Имери и Мимоза Ќека со индивидуални рецитали, пијано дуото ‘Гелебешеви’, триото „Аура“, традиционалниот концерт на Музичката младина на Македонија, дувачко трио со концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо и за крај на музичката програма, ден пред свеченото затворање, хорот ‘Про арс’ под диригентство на Сашо Татарчевски со едно ново создадено дело на професорот Живоин Глишиќ со наслов ’12 месеци’. За роденденот на фестивалот, на 4 август, ќе слушаме фадо-музика, во изведба на Жоана Амендоеира, Педро Амендоеира и Жоао Филипе“, изјави музичката селекторка Бисера Чадловска.

Селекторката на драмската програма на фестивалот Охридско лето, Сања Арсовска, рече дека театарската програма годинава може слободно да се нарече издание на големите.

„63-тото издание на Охридско лето својата театарска програма ја отвара со Стивен Фридмен и Оф Бродвеј-претставата ‘Бикот на Фаларис’, извондредна автобиографска монодрама за еден генијален ум во потрага по одговорите на есенцијанлите животни прашања, вадејќи го екстрактот на убавото во секоја човекова болка. 26 јули 2023 ќе остане запаметен по тоа што Охридско лето ќе приреди историски настан носејќи едно од најголемите светски глумечки имиња на сите времиња, Џон Малкович. Претставата ‘Пеколна комедија – Исповедта на еден сериски убиец’, во режија на Михаел Штурминген, а во главната улога на Малкович, во придружба на два сопрана и оркестар, на еден мрачно комичен начин ќе ја обработи церебралната изопаченост на еден убиец. 29 јули е резервиран за уште една голема претстава, ‘Ана Каренина’, во продукција нa ‘Ујвудеки Зинхаж’ од Нови Сад, а во режија на нашиот режисер Дејан Пројковски. Една од најнаградуваните претстави во регионот во изминатите години, работена според Толстоевото големо дело, со егзалтиран наратив и познатиот неговиот маестрален опис на малите животи и одлуките со кои може или не може да се живее“, рече Арсовска.

Според неа, Охридско лето ќе ја има првата премиера од домашна продукција на 6 август, со театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес и претставата „Едвард Втори“ по текст на Кристофер Марлове, режирана од украинскиот режисер Андриј Жолдак.

„На 10 август го имаме Охридскиот народен театар со ‘Серјожа е туп’ од Димитри Данилов, а во режија на Дајана Николовска, на 14 август прилепскиот театар ‘Војдан Чернодрински’ ќе даде сценски приказ на едно од најголемите книжевни дела ‘Декамерон’ од Џовани Бокачо, во драматизација на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, а во режија на феноменалниот Мартин Кочовски. На 18 август ни доаѓа Градскиот театар од Љубљана со претставата ‘Нора’ од Ибзен, претстава што ја обележа оваа театарска сезона во Словенија, режирана од нашата најдобра режисерка Нела Витошевиќ, во чија главна улога настапува една од најголемите словенечки актерки, Ајда Смрекар. За затворање на фестивалот jа имаме најголемата регионална ѕвезда, актерот Милош Биковиќ, во претставата ‘Лагата’ од Флоријан Зелер, во режија на Никола Љуца, а во продукција на Белградскиот драмски театар“, најави драмската селекторка Сања Арсовска.

Од 12 јули до 20 август љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти, седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. Охридско лето ќе биде домаќин на над 1.000 уметници од 20-ина земји од светот – Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија… и, секако, уметници од Република Северна Македонија.

Охридско лето се искачи на високото петто место меѓу првите пет од 140 фестивали, членки на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) .

„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека Охридско лето е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација, но и потврда дека културата, уметноста и традицијата што се создаваат на фестивалската сцена во древниот Охрид го опишуваат кодот на нашиот народ и зборуваат за неговото постоење низ вековите, неговата посебност и специфичност“, истакна на денешната прес-конференција директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Таа изрази огромна благодарност до претседателот на државата, кој е покровител на фестивалот, до Владата на Република Северна Македонија, која преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и унапредувањето на културата, до Општина Охрид, до генералниот спонзор „Македонски телеком“, како и до другите спонзори, помагатели и почитувачи на уметноста и на културните вредности.

ПР

Прикажи повеќе...

Изложби

„Плажарење“ – изложба на фотографии од Катја Штркова-Кочовска

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар – Скопје, салон „Империјал 1“, на 9 јуни 2023, во 20.30 часот, ќе се одржи изложба на фотографии од Катја Штркова-Кочовска со наслов „Плажарење“.

dobivaj vesti na viber

Катја Штркова-Кочовска е родена 1989 година во Скопје и веќе 10-ина години работи како графички дизајнер. Досега се има претставено со две самостојни изложби на фотографии, Tributes (2012 година) и „Во текстури“ (2016 година). „Плажарење“ е нејзина трета самостојна изложба на фотографии, со мотиви од леснотијата на секојдневието и спокојот на летните денови поминати на плажа во последните неколку години.

Мирот на човекот покрај вода, во природно опкружување. Слободата да се биде гол. Без оптоварување од погледите на другите. Светот е таму некаде далеку… Плажарење засекогаш!

Изложбата ќе биде отворена до 19.6.2023 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Пукање на матура во Вирџинија, има мртви и ранети: 19-годишник влета во толпата со четири пиштоли

Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случи во американската сојузна држава Вирџинија за време на...

Македонија19 минути

Меџити денеска ќе ги даде причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторото Сашко Јовев. Меџити предупреди дека...

Свет27 минути

Спасувачите се жалат: не е проблем водата туку Русите кои не гаѓаат од другата страна

Спасувачите кои работат на украинската страна на реката Днепар известуваат дека работат под оган. „Најголемиот проблем во моментов не е...

Свет37 минути

Сателитски снимки го покажуваат размерот на катастрофата во Украина: водата проголта цели градови, куќи, паркови

Компанијата „Maxar Technologies“ објави сателитски фотографии од село во јужниот регион Херсон, направени пред и по уништувањето на браната и...

Македонија2 часа

Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба....

Свет12 часа

„Еколошка катастрофа, Чернобил, помор и поплави“ – последиците од рушењето на браната во Украина би можеле да бидат огромни

Украинските научници чекаат водата да се повлече пред целосно да го проценат влијанието врз животната средина од уништувањето на браната...

Македонија14 часа

Зоран Трифуновски е нов директор на Железници

Владата го назначи  Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје....

Македонија14 часа

(Вознемирувачко видео) Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи. На...

Македонија16 часа

Хари Локвенец поднесе оставка од директорската позиција во Железници

Хари Локвенец поднесе оствка од директорската позиција во Железници-инфраструктура. Локвенец за „Макфакс“ изјави дека се повлекува од функцијата од лични...

Топ17 часа

Двајца затвореници најдени мртви во „Идризово“

Двајца затвореници од Скопје биле најдени починати во затворот „Идризово“. Како што објави МВР, едниот починал синоќа по 3 часот...

Македонија19 часа

Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет по хаосот и кавгите

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати...

Топ21 час

(Видео) Меџити се налутил оти Јовев доцна му пратил покана за настан, тврди докторот, кој рече дека е жртва

Професорот Сашко Јовев, кој е сменет од директорската позиција на Кардиохирургија, посочува дека министерот за здравство, Фатмир Миџити, го сменил...

Македонија21 час

(Видео) Револт за разрешувањето на Јовев, пациенти пред Кардиологија: Срамота е ова што се прави

Пред Кардиохирургија дојдоа пациенти, кои му изразуваат поддршка на професорот доктор Сашко Јовев, разрешен од министерот за здравство, Фатмир Меџити....

Македонија22 часа

Зад смената на Јовев, апсолутно политика не стои, секаде каде што има злоупотреби, ќе има санкционирање, уверува Меџити

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјат,а не е политичка,...

Македонија22 часа

Вмровските пратеници пред лидерската на Мицкоски: Уставни измени? Ни под разно!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став за уставните измени. Во објави на социјалните мрежи тие реагираат...

Топ23 часа

Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа, на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај местото наречено раскрсница Удово, полицијата привела две лица, кои со автомобил...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Твитер“ објави видео од уништената брана „Нова Каховка“ нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион1 ден

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет1 ден

(Видео) Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата „Каховка“. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија1 ден

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...