Контакт

Култура

Прв концерт на отворено за станарите од Градскиот ѕид

Објавено пред

За два дена, повеќе од 100 апликации од млади уметници од Скопје пристигнаа на јавниот повик што го објави Град Скопје, заедно со градските културни институции, за финансирање проекти од областа на културата – „Култура во време на корона“.

Денеска, во 18 часот, на покривот на Домот на градежниците, ќе се одржи и првиот концерт од оваа програма. Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот The John, Lepi Xhoni, ќе одржи едночасовен соло концерт за станарите од Градскиот ѕид.

Концертот ќе биде стримуван на фејсбук-страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs и на официјалниот Youtube канал на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, пред два дена објави јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е, пред сè, да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето-износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

Култура

„Врба“ на Манчевски со фестивалски премиери во Романија и Кина

Објавено пред

Филмовите на Манчевски продолжуваат на фестивали во Европа и Азија.

Вечерва „Врба“ на Манчевски ќе ја има романската премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори.

Кинеската премиера на филмот ќе се случи во август на фестивалот во Пекинг. „Врба“ ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди.

„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година. Оттогаш филмот беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија, и други.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Инаку, во престижната програма „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе се прикаже и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“. „Биину Мун“ е американско, канадско-германска копродукција во која главната улога ја игра Кондола Рашад, а Манчевски го сними во 2017.

Прикажи повеќе...

Култура

Проект на МНТ доби 395.000 евра од Европската Унија

Објавено пред

Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар кој се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупна сума од 395.183 евра. Oва е првпат театар од Република Северна Македонија да добие средства од програмата „Креативна Европа“ од Европската Унија.

Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари следната година. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште 6 организации од кои една од Македонија (Издавачка куќа „Гаврош“) и 5 од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми.

Финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ. Инспирирано од текстот на Ибзен, претставата ќе се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот независно кој е во право. Премиерата на претставата ќе се случи во Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и регионот.

Во рамките на проектот се предвидени и други бројни програми (професионални работилници под водство на Томи Јанежиќ, изложба под водство на Џан Мариа Черво, креативни истражувања под водство на Ана Константиновиќ, издавачка дејност за деца под водство на Ника Гавровска, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн).

Прикажи повеќе...

Изложби

„Она што го гледаме за последен пат“ – изложба на фотографии во Демир Хисар

Објавено пред

Вечерва (31 август), со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде отворена изложбата „Она што го гледаме за последен пат“ на авторот м-р Дарко Николовски – историчар на уметност и кустос советник во НУ. Конзерваторски центар – Скопје.

Изложбата „Она што го гледаме за последен пат“ претставува фотографии на сакрални објекти и рурална архитектура, од маргините на Скопскиот Регион.

Низ фотографии, прикажано е богатото културно наследство: црквите и манастирите, но и народното градителство, првенствено експонирано во позначајните објекти, репрезенти на старата рурална архитектура, кои и покрај видно нарушената состојба, сведочат за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција.

На изложбата, прикажани се споменици од поствизантискиот период, кои покрај монументалните споменици од средовековието, ја пополнуваат сликата за непрекинатиот сакрален живот во скопската епархија.

Целта на изложбата е подигање на свеста кај јавноста кон поголема грижа и заштита на македонското културно наследство.

Изложбата ќе биде отворена до 14 август.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион11 час

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија13 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ15 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија15 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија15 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет16 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија18 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет19 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија19 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет21 час

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет21 час

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет21 час

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет22 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет22 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет22 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ1 ден

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија2 дена

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија2 дена

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Досие