Контакт

Актуелно

Пред Универзалната сала музичка ретроспектива на хитовите од Скопскиот фестивал

Објавено пред

В сабота, 5 октомври, со почеток во 20 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на годинешната „Бела ноќ“ – „50 години Скопски“.

Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и „Ај кју“, во придружба на Биг бендот, со настапи во живо ќе ги потсетат присутните на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот во текот на годините.

„50 години Скопски“ ќе им оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи првпат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации музички ѕвезди од самите почетоци, па сè до последното издание на фестивалот во 2015 година.

Актуелно

Хуманитарен концерт и донаторска акција за лекување на Јана Арсовска

Објавено пред

Во рамките хуманитарната акција за лекување на Јана Арсовска (33) од Охрид, која боледува од многу редок карцином, во сабота 12 октомври од 19:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одржан хуманитарен концерт под мотото „ЗАЕДНО ЗА ЈАНА“ на кој ќе настапат Фолтин, Камелеон, Ѓоко Танески и Владимир Четкар.

Цената на влезницата е 300 денари, а сите собрани средства ќе одат на сметката за лекување на Јана.

Во рамките на првиот месец од кампањата за собирање средства за лекување на Јана, на сите сметки (банкарските денарска и девизна, броевите за донации преку телеком операторите и интернет донирањето на gofundme.com/hopeforjana) собрани се речиси 80.000 евра, додека пак цената на целокупниот третман во Барселона чини 213.329 евра.

Болницата во Барселона, која се согласи да ја лекува Јана, не прифаќа аванс за почеток на терапија, туку бара истата да биде исплатена во целост пред почетокот на лекувањето. Токму затоа акциите за донации мора да зачестат и да добијат на поголем обем.

Охриѓанката  Јана Арсовска (33) е болна од многу редок карцином, адултен неуробластом во рамките на чие лекување двапати беше трансплатирана со коскена срж (2016 и 2018 година) со поддршка од ФЗО на Република Македонија.

По втората трансплатација специјалистите од клиниката во Фленсбург, Германија, каде Јана била лекувана препорачале итно продолжување на лекувањето со имунотерапија, нешто што беше одбиено од Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително, од страна на ФЗО не и била понудена алтернатива за третман на болеста и покрај одбивањето на итното барање на германските специјалисти, кои неколку пати нагласиле дека без имунотерапија животот на Јана е сериозно загрозен.

Јана е веќе 10-ти месец без терапија, а донаторската акција во моментов е единствената надеж дека ќе успее да ги собере парите за терапијата која е докажана со децениски истражувања и е дел од стандардните протоколи за лекување на оваа болест во сите развиени земји во светот.

Хуманитарниот концерт во Охрид е само еден од настаните преку кои одговорните граѓани во Македонија наоѓаат начин како што побргу да и помогнат на Јана да ја добие шансата која ја заслужува.

„Изминатите 10 месеци поминаа во чекање на човечност, хуманост и почитување на законите од институциите кои потфрлија и ја оставија на немилостa на опасниот и редок канцер, односно на милоста на хуманите и одговорни граѓани, индивидуалци, групи и компании. Останатите начини за донирање во секој еден момент се преку мобилните оператори Т-Мобиле на 143 -143 и преку А1 на 143-467. Донации преку денарска жиро сметка може да се уплатат на 5305-0001-0490-410, Охридска Банка а сметката за банкарски уплати од странство е IBAN:MK07530280003077681 , SWIFT: OHRDMK22. Преку интернет може да се донира на страницата gofundme.com/hopeforjana“, информираат од тимот кој се бори Јана да добие соодветен медицински третман.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Започна 34. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Објавено пред

Со препознатливата макфестовска химна, синоќа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип започна 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест”.

„Задоволство е да се биде на еден фестивал, кој долги години, почнувајќи од далечната 1986 година во контиунитет е бренд на градот Штип, но истовремено е и симбол на препознатливост на нашата музичка култура и во многу пошироки рамки“, истакна Министерот за култура Хусни Исмаили пред почетокот на првата фестивалска вечер на „Макфест“.

Тој додаде дека овој фестивал на забавната музика, кој опстојува 34 години стана бренд не само на градот Штип, туку е и манифестација која овозможи бројни сегашни музички ѕвезди да блеснат на сцената за прв пат.

„Овој фестивал можеби е и повеќе на текстописците, на композиторите и на многу луѓе коишто работат позади сцената, вклучувајќи ги и новинарите. Со еден збор сакам да кажам дека поради значењето на овој фестивал, ние како Министерство за култура и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме, а како што и оваа година беше и нашата најголема поддршка во однос на минатите години“, вели Исмаили.

Во рамки на 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени 30 композиции, а финалната вечер е во сабота.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ од Хрватска на „Словорум“ во Струмица

Објавено пред

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во петок (11 октомври), во коктел бар South side со почеток во 19:30 часот, организира Балканско поетско читање и разговор (Словорум) со поетите Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ (Хрватска). Разговорот ќе го води и модерира Митко Гогов.

„Секојдневно сме сведоци на огромната книжевна продукција и во овие брзи времиња навистина е важно да бидеме во тек со современите пристапи во литературата, односно поезијата. Танос Гогос и Марија Дејановиќ се пример за тоа како патувањата, флексибилноста, адаптацијата во различни простори, номадството, ослободувањето од наметнатите стандарди и норми во општеството можат да бидат круцијален елемент, инспирација за творење, преиспитување на познатите светогледи и аспекти на животот, но истовремено и откривање на пространства кои дополнително не мотивираат за истражување“, велат од здружението „Контекст – Струмица“ во најавата за настанот.

Од таму објснуваат дека „Словорум“ има за цел да направи простор за словото кое доаѓа од различна дирекција и има за цел да облагороди онаму каде што се слуша и да продолжи понатаму во насока полезна како за постоењето на мислата сама по себе, но и на зборот, речта и делото како патоказ кон правото поетско реализирање.

Гостувањето на Гогос и Дејановиќ е прво во низата гостувањата на меѓународни автори предвидени со проектот „Словорум“ кои треба да се претстават пред струмичката публика.

До крајот на месецот „Контекст – Струмица“ ќе ја претстави творечката работа и граѓанскиот активизам со помош на женското писмо на поетесата Дорит Вајсман од Израел.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Шест години затвор за мајка која лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции, иако воопшто не било...

Топ1 час

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ2 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија2 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија3 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа4 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа4 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт14 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија19 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ20 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион21 час

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура21 час

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Досие