Контакт

концерти

Прекрасна изведба на делата на Бах синоќа на „Охридско лето“

Објавено пред

Прекрасен концерт, голем интерес од страна на публиката и дела од Бах кои беа прецизно изведени, ваков беше амбиентот синоќа црквата „Света Софија“ каде што музицираа големите руски уметници Александар Књазев, Сергеј Крилов и Николај Лугански.

Руското трио изведе прилично тешка програма, но со впечатлива интерпретација преку што можеше да се почувствува длабочината на творечкиот дух на врвниот композитор Јохан Себастијан Бах.

„Се чувствувавме навистина комфорно на оваа сцена, но програмата беше многу тешка дури и за луѓето кои потполно владеат со инструментите. Секако, ние уживавме, но не е доволен целиот живот за да ја доловиме оваа музика. Многу ми е мило што свиревме совршено и моите колеги навистина ме поддржаа со свирењето. Успеавме и публиката да ја задржиме во оваа вечер на Брамс“, изјави виолинистот Сергеј Крилов.

Волшебното музицирање, лириката и тоналната убавина во свирењето припаѓаат на квалитетите што му го обезбедија местото на Сергеј Крилов меѓу најреномираните изведувачи на денешницата.
Лауреатот на бројни интернационални натпревари, Русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност што потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев.

концерти

Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова пред МКЦ

Објавено пред

Овој понеделник, со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт со музиката на исклучителниот германски композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како: Landscape atmosphere, Life in a box и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

концерти

Jубилеен концерт на Пламенка Трајковска

Објавено пред

Во Сули Ан, со почеток во 20.30 частот, ќе биде одржан јубилејниот концерт на Пламенка Трајковска, насловен како Ladies and Gentlemen. Нашата еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија, како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, ќе се претстави со дел од својот богат музички репертоар, а ќе настапат и нејзините долгогодишни соработници – колегите од гудачкиот квинтет и од Trio Gentlemen.

На репертоарот се композиции од опусот со наслов ,,Светулки“ за соло виолина во поп романтичен стил, теми од албумот ,,Апасионато“ од Пламенка Трајковска и македонски кросовер од најавениот албум ,,Корени“.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, како и Филхармонијата на Република Северна Македонија, а се одржува во рамките на годинешново „Скопско Лето“.

Прикажи повеќе...

концерти

Пијано вечер со младиот пијанист Милан Дучевски

Објавено пред

Првиот солонастап на младиот пијанист Милан Дучевски, во Пиjано центарот при Националната опера и налет, ќе се емитува на фејсбук-страницата и на јутјуб-каналот на приватното училиште „Пијано арт“ на 22 јуни 2020, во 20:00 часот.

Промотивно видеонајава за концертот: https://youtu.be/XH1dA_mxf7Q
Премиера на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/pijanoart/posts/1723294064487982
Премиера на „Јутјуб“: https://youtu.be/po-AlyEM-o0

Програмата ги вклучува следните дела:

Ј. С. Бах – Трогласна инвенција бр.15
Л. ван Бетовен – Пијаносоната Oп.10 бр.1
Ф. Лист – Eтида Oп.1 бр.4
А. Хачатурјан – Токата

Ф. Шопен – Валцер Oп. 64 бр. 1
Т. Зографски – Минијатури, бр. 2 и 3
С. Рахмањинов – Прелудиум Oп. 3 бр. 2

Ф. Шопен – Ноктурно Оп. 9 бр. 2

Милан Дучевски е роден на 15.8.2005 во Скопје. Своето музичко образование го почнува во „Пијано форте“, по што продолжува во приватното музичко училиште „Пијано арт“ во Скопје, во класата на проф. Маја Стојановиќ. Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди.

Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Милан учествуваше на меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде што доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион13 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија15 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија17 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ18 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион18 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија19 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион19 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија24 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија24 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион1 ден

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет2 дена

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион2 дена

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија2 дена

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија2 дена

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Досие