Контакт

Култура

Премиера на претставата „Дримкечер“ во киното „Фросина“

Објавено пред

В среда, 13 септември, во 20 часот, ќе се одржи премиерата на претставата „Дримкечер“ во киното „Фросина“ – МКЦ, во продукција на „Скоро театар Скопје“. Претставата е во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова според драмскиот текст напишан од Натали Спасова, а во неа играат Сара Климовска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски.

dobivaj vesti na viber

„Дримкечер“ е дистописка театарска претстава, што ги следи соништата на четири млади улични музичари, кои постојат во свет каде што сè е ограничено, но во исто време сè е достапно и е на продажба.

Во оваа иднина (дали е навистина иднина?), каде што креативноста и автентичноста се истрошени, светот бара нови методи за да ги задоволи ненаситноста и вечната глад на публиката. Па, така, водени од идеологијата на конзумеризмот, соништата на поединецот се сведуваат на обична трансакција, каде што мораш да продадеш еден сон за да оствариш друг.

Претставата е делумно финансирана од Министерство за култура, а процесот на подготовка се одвива во Прага, со помош на D Theater и Culture Moves Europe. За потребите на оваа претстава се користи зелен транспорт и се изработени музички инструменти од отпад, со цел да се намали конзумеризмот од ирскиот музичар Деклан Гакиен, кој исто така е и композитор на музиката за претставата.

Графичкиот дизајн за потребите на претставата е изработен од Стефан Петровски.

Култура

Танец ја доби првата жена директор во својата 75-годишна историја

Објавено пред

НУ Ансамбл за народни игри и песни – Танец соопштува дека согласно решението од Министерството за култура и туризам на РСМ, потпишано денеска, 19.7.2024 година, од министерот за култура Зоран Љутков, за вршител на должноста директор на НУ Танец е назначена Весна Митевска.

dobivaj vesti na viber

Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор на НУ Танец шест години, откако беше назначен во 2018 година.

Весна Митевска доаѓа на раководната функција од редот на вработените во НУ Танец, кадешто ја имаше позицијата на истакнат играч од прв ред – солист и таа е воедно и прва жена директор во 75-годишното постоење на институцијата.

Родена е во Скопје во 1986 година и љубовта кон фолклорот и традицијата ја носи уште од најраното детство. Набрзо потоа таа станува член на КУД- Скопје, каде активно ќе членува сѐ до 2001 година. Токму таа година, во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј‟, за прв пат во балетскиот оддел ќе биде отворена Насоката за традиционална музика и игра и Весна Митевска станува ученик во првата генерација образовани фолклорни играчи/пејачи, каде и матурира со успех. За време на образовниот процес таа се здобива со основите на традиционалното играње и пеење, ги изучува народните инструменти и остварува повеќе теренски истражувања.

Но, едукацијата во доменот на фолклорот продолжува и на Одделот за Етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од каде после три години, во 2008 година, Митевска се запишува на Факултетот за музичка уметност, на специјализираните студии по етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде и се здобива со звањето дипломиран етнокореолог. Во моментов е на магистерски студии на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ на УКИМ, на модулот Етнологија и антропологија на културното наследство.

Весна Митевска е вработена во НУ Танец од 2006 година, прво како дел од вокалниот состав, а од 2012 година станува дел од играорниот кор на Ансамблот, како истакнат играч од прв ред – солист. Низ нејзината посветена работа во концертните активности на Танец, таа ја има претставувано македонската култура и традиција на многубројни настапи, како во нашата земја, така и надвор од неа, на престижни сцени во Австралија, САД, Шведска, Белгија, Германија, Италија, Латвија и многу други.

Во нејзината биографија се вброени и посетите на семинари, меѓу кои и оној за изучување на лабановата нотација на српскиот етнолог и етнокореолог Оливера Васиќ. Во моментов, Весна Митевска работи и на својата прва книга, монографијата за фолклорната група од селото Петровец, местото каде што долги години и самата живее.

Прикажи повеќе...

Култура

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Објавено пред

На 19.7.2024 година, со почеток во 11.30 ч, во конгресната сала на хотелот „Дрим“ во Струга, се одржа прес-конференција, на која директорот на СВП, Тодорче Тасевски, ги соопшти деталите за програмата на годинешното издание на фестивалот.

dobivaj vesti na viber

Струшките вечери на поезијата како еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава во вообичаениот термин, на крајот на август, од 22 до 26, во своето автентично издание на препознатливите локации.

Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Дом на поезијата, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата.

Мотото на годинешниот фестивал е ДОПИР НА УБАВИНАТА. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик што овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезија. Но, исто така сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и релјефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. Оваа година го имаме францускиот лауреат, истакнатиот поет Жан Пјер- Симеон. Поетскиот портрет на лауреатот е на 24 август и, според традицијата, ќе се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. Повеќе од 25 странски поети од светот, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања.

Оваа година, во рамките на програмата на фестивалот, ќе бидат одбележани годишнините на двајца наши истакнати поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски. Во рамките на одбележувањето, во соработка со Здружението на слепите лица на општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од Катедрата за македоска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Во рамките на пригоден настан, „Декади поезија“, ќе бидат одбележани годишнините од животот и творештвото на петмина истакнати македонски поети. Во рамките на програмата предвидени се портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ (годинешната добитничка е германската поетеса Катрин Пиц за својата
дебитанска збирка „Вакви денови имало отсекогаш“), како и портретот на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, кој ќе биде објавен на самиот почеток на август. Конкурсот траеше до 25 јуни. Истакнатиот шведски поет Бенгт Берг ќе биде претставен со избор поезија. Оваа година во рамките на фестивалот ќе биде претставена и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова. Во рамките на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата ВЕРСОПОЛИС, проект поддржан од Европската комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година.Од изданијата на Струшките вечери на поезијата, освен редовните публикации: Монографијата за добитникот на „Златен венец“, Зборникот на фестивалот, преведеното издание на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, изданието на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, ќе биде издадена антологија со насловена „Од поети за поети“, чиј приредувач е нашиот истакнат македонски поет Милован Стефановски. Оваа антологија содржи избор на песни од македонски поети, кои се посветени на други поети и со тоа воспоставуваат своевиден поетски дијалог. Во едицијата „Плејади“ ќе биде издаден избор поезија од истакнатиот шведски поет Бенгт Берг во препев на нашиот истакнат поет Ивица Челиковиќ, кој живее и работи во Шведска. Исто така, ќе биде издадена необјавената збирка „Скршен терариум“ на добитничката на наградата „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, а ќе бидат издадени и тријазични избори на поезија на двајцата избрани поети во рамките на платформата „Версополис“.

Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во другите денови претпладневната програма е предвидена да се одвива во конгресната сала на хотелот „Дрим“, кој исто така е еден од нашите главни поддржувачи, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Медиумски покровител на фестивалот е Македонската телевизија, која ќе врши директнен пренос на главните настани.

Струшките вечери на поезијата го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој, почнувајќи од 1961 година, ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.

Прикажи повеќе...

Култура

Британска вечер на Охридско лето со пијанистот Бери Даглас

Објавено пред

Британската вечер што фестивалот „Охридско лето“ ја одржува со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија вечерва ќе донесе концерт на пијанистот Бери Даглас.

dobivaj vesti na viber

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Како музичар со рецитали и камерен музичар Бери Даглас настапува низ целиот свет, во престижни сали како Ројал Алберт Хол, Барбикан и Вигмор Хол во Лондон, на фестивалот во Вербие, во Забранетиот град и во концертната сала во Пекинг, во Големиот театар во Шангај како и во други градови во Кина. Во минатото настапувал со Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си, Симфонискиот оркестар на Сингапур и Берлин, Штатскапеле Хале, оркестрите во
Синсинати, Сиетл, Мелбурн, Сиднеј, Кралската филхармонија во Ливерпул, филхармонијата во Хонг Конг и др.

Бери Даглас снима за издавачката куќа „Чандос“ и неодамна издаде комплет од шест компакт-дискови со комплетните дела за соло пијано на Јоханес Брамс, додека пак сега се фокусира на делата за пијано на Шуберт и Чајковски. Со оваа издавачка куќа, Даглас особено внимание обрнува на ирската фолк музика низ негови аранжмани работејќи со стари мелодии, но и со дела на современи композитори кои пишуваат во тој идиом.

Во 1999 година Бери Даглас го основа камерниот оркестар Камерата Ирска кој има за цел да ги обедини најталентираните млади музичари кои живеат во Северна Ирска и Република Ирска.

Покрај што овој оркестар се стреми кон високо професионални изведби, меѓу останатото има за цел да промовира дијалог и соработка преку музичкото образование. Редовно настапуваат на турнеи низ целиот свет, а еден од најзначајните настапи е оној на фестивалот Би-Би-Си Промс, како и светската премиера на нова кантата заедно со Лондонскиот симфониски оркестар со цел промоција на изборот на Дери – Лондондери за град на културата во 2013 година.

Во 2021 година е одликуван со Орден „Командир на Британската империја“ за заслуги во музиката и општеството. Ова одликување доаѓа по неговото прво големо признание во 2002 година кога е одликуван со орденот „Order of the British Empire (OBE) за неговата работа во областа на музиката.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ50 минути

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...

Свет2 часа

Светот полека се враќа во нормала по големиот технолошки проблем

Бизнисите и услугите ширум светот полека закрепнуваат по огромниот прекин на технологијата што со часови ги погоди компјутерските системи. Бизнисите,...

Македонија3 часа

Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори

Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а...

Македонија4 часа

Доаѓа невреме: пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните...

Македонија18 часа

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ18 часа

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ18 часа

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија18 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...

Македонија22 часа

Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи....

Македонија23 часа

„Визер“ предупредува: Патниците да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет денес

Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот...

Топ23 часа

Пронајдено телото на скопјанецот што се удави во Дојранското Езеро

По преземените мерки и активности, тим пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска, околу 7 часот, во Дојранското Езеро го...

Македонија23 часа

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“...

Македонија1 ден

(Видео) Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац: со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, а тројца се повредени. Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Рекорден број повици од постоењето на бројот за итни случаи 112

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици...

Македонија1 ден

Пожарот кај Битола локализиран, но сѐ уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот...

Свет1 ден

Полицаец повреден со нож во центарот на Париз, насилникот неутрализиран

Еден полицаец е повреден во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен....

Македонија1 ден

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град....

Македонија1 ден

Костадинов заврши на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност...

Македонија1 ден

ЦУК: Има активни 13 пожари

Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие,...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле во близина на границата со Аргентина

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата...