Контакт

Книги

Промовирана книгата „Планински врвови во Македонија“

Објавено пред

Викендов беше одржана промоцијата на книгата „Планински врвови во Македонија“, која претставува збирка од 60 планински врва во Македонија, искачени во рамките на петте сезони на планинарскиот предизвик „12 врва“ (2016 – 2021).

dobivaj vesti na viber

Книгата беше претставена во рамките на планинарската акција за искачување на врвот Лисец, висок 1.935 м н. в. на планината Голешница, каде што и почна планинарскиот предизвик.

Во книгата „Планински врвови во Македонија“, кој е испечатена целосно во боја на 184 страници, за секој планински врв може да прочитате општи податоци за неговата местоположба, височина, природни географски одлики и културно-историски факти, извештај од спроведените акции за нивното искачување и важни податоци за планинарските патеки со нивната должина и тежина, пристап и услови во местото и околината поткрепени со слики и 48 географски карти во боја со планинарските патеки од турите. Дополнително, во оваа книга како додаток се наоѓа и детален опис на движењето на патеката и делниците (по денови) на западната македонска трансверзала (ЗМТ) – првата македонска планинарска трансверзала, врвот Кабаш на Кораб и патеката Вргањ на Попова Шапка.

Воедно, во книгата се собрани, преточени и пренесени сите податоци собрани во рамките на спроведувањето на планинарскиот предизвик „12 врва“, каде што во петтте досегашни сезони се искачени 60-ина врвови, при што се пробиени и обележани 45 нови планинарски патеки во должина од над 762,4 километри од вкупно 1.202,9 изодени километри на турите на кои се посетени 26 природни планински езера, 18 водопади, 8 пештери, 8 стари цркви и манастири и 9 древни македонски старини (ископини), наоѓалишта и важни места од македонската историја и култура, како и неколку други природни реткости и знаменитости, а во неколку наврати беа засадени и над 500 зимзелени садници.

Целта на ова издание и книга како своевиден водич е од ваквото сеопфатно петгодишно уживање и истражување на планините во Македонија да се споделуват податоците, кои ќе придонесат и послужат за понатамошно посетување, уживање и вреднување од планинарите, туристите и пошироката домашна и странска јавност со далекосежна добросостојба и придонес кон Македонија.

Книгата „Планински врвови во Македонија“ е во издание на здружението „Единствена Македонија“ во соработка со планинарското друштво „Трансвезалец“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен романот „Една жена“ од класикот на унгарската книжевност Петер Естерхази

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Една жена“ од унгарскиот писател Петер Естерхази. Преводот од унгарски јазик е на Златко Панзов.

dobivaj vesti na viber

Петер Естерхази (1950-2016) е класик на унгарската литература. Останува запаметен како еден од најдобрите писатели на своето време не само од Унгарија туку и од Централна Европа.

Романот „Една жена“ зафаќа специфично место во неговиот опус. Спаѓа меѓу неговите најпопуларни книги, можеби неговата најчитлива книга.

Во 97 поглавја од романот, Естерхази пишува за љубовта од разни агли осветлувајќи ја во перспективата на блискоста, омразата, сексот, желбата, играта, слабоста, моќта, при што книгата може да се чита како еден вид енциклопедија на љубовта.

Користејќи живописни и мошне сликовити слики, со разговорен, игрив и јазик исполнет со алузии и двојни значења, Естерхази раскажува љубовни приказни, кои истовремено се и приказни за општествените релации, борбите за моќ и културолошките наслојки на нашите навидум обични и секојдневни реакции и односи.

Златко Панзов (1979, Гостивар) дипломирал македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како професор по македонски јазик, а од 2007 година активно се занимава со литературен превод. Досега од унгарски јазик превел дела од Бела Хамваш, Адам Бодор, Ноеми Сечи, Петер Надаш, Шандор Мараи, Ѓерг Драгоман, Ѓерѓ Конрад, Деже Костолањи, Кристина Тот, Илдико Ловаш, Шандор Жигмонд Пап, Оршоја Карафиат, Ласло Краснахоркаи, Атила Бартиш и други. Заедно со Анамарија Цинеге-Панзова ја приредиле и превеле антологијата на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Книги

Oбјавен романот „Дона Алба“ од Џиб Михаеску

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

dobivaj vesti na viber

Книжевната критика има укажано на очигледни сличности меѓу „Дона Алба“ и „Црвено и црно“ на Стендал, „Бел ами“ на Мопасан и целото творештво на Достоевски. Главните ликови во ова дело што не избледува се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт во тоа време.

Во споредба со Достоевски и Мопасан, романскиот писател Џиб Михаеску успеал да ги прекрши влијанијата на руските и на француските класици низ призмата на животот во Букурешт меѓу двете светски војни во дваесеттиот век. Тој вешто го води читателот низ улиците на магнетниот свет на декадентната и мистериозна романска престолнина за да ги открие неговите тајни и да раскаже модерна приказна за принцовите и просјаците. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена меѓу двете светски војни. Се смета за голем љубовен роман во романската литература меѓу двете светски војни, но тој е повеќе од љубовен роман.

Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант го привлекува вниманието на минувачите на декадентниот Букурешт. Животот на еден од нив ќе се промени засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, младиот Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив…

Џиб Михаеску (роден во 1894 година во Драгашани, Романија), чие вистинско име е Георге Михаеску, е еден од најзначајните романски писатели во првата половина на ХХ век. „Дона Алба“ е неговиот последен и најзначаен роман и првпат е објавен во истата година кога умрел авторот (1935, на 41-годишна возраст). Учествувал во Првата светска војна, бил адвокат во Кишињев и во родниот град.

Џиб Михаеску напишал пет романи: „Раката на Андромеда“ (1930), „Русинката“ (1933), „Чоколадна жена“ (1933), „Деновите и ноќите на задоцнетиот студент“ (1934) и „Дона Алба“ (1935). Автор е на три книги со раскази: „Грандифлора“ (1928 – неговата прва книга), „Ведениа“ (1929) и „Сонот“ (1935), како и на збирката драми „Павилјонот во сенка“ (1928).

„Дона Алба“ е првото дело на Џиб Михаеску преведено на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски

Објавено пред

На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.

dobivaj vesti na viber

Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.

За книгата ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска, а стихови од наградената книга ќе кажува актерот Андреј Серафимовски

Настанот ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци.

Санде Стојчевски – поет, критичар, есеист, антологичар, полемичар и препејувач. Роден е 1948 година. Автор е на 70 книги од сите жанрови, преведуван е на многу јазици и добитник е на повеќе награди во Македонија и странство, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на СВП и „Ореден Мајаковски“ на Сојузот на руските писатели. Оваа година го одбележува јубилејот, 50 години од излегувањето на неговата прва книга „Кралот на лебедите“ во 1972 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Собрание: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни...

Топ1 час

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Европа2 часа

Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа4 часа

Велика Британија: На Путин треба да му се одговори со сила, а не со попуштање

Во пресрет на денешната посета на БиХ, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трaс, изјави дека обидите да му се...

Европа6 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа6 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа6 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија15 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија17 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет19 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија20 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет23 часа

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија23 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија24 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија1 ден

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...