Контакт

Актуелно

(Видео) Промоција на монографијата „70 години Музеј на град Скопје“

Објавено пред

Mонографијата по повод 70 години од основањето на Музејот на град Скопје беше промовирана денеска, а на настанот присуствуваше и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој истакна дека е особено горд што градот има ваква институција која во својата дејност вклучува повеќе компоненти.

„Археологија, етнологија, историја, историја на уметност и архитектура се сегменти во кои се остварува богата научно-истражувачка дејност. Денеска е мигот кога вреди да ја споменеме и меѓународната активност на музејот. Во овие сали нашата публика имала можност да ги види делата на Дејвид Хокни, Марина Абрамовиќ, Оља Иваницки, големата изложба на германски експресионизам, Богатството на Романови…, а, пак, наши изложби гостувале во Јапонија, Англија, Германија, Романија, Турција, Грција… Исто така, Музејот од 2004 година па наваму е носител на македонскиот павилјон на престижното Венециско биенале, беше учесник на ЕКСПО-то во Лисабон 1998, а за посебна пофалба е минатогодишното учество на големата изложба во престижниот МОМА во Њујорк“, посочи Шилегов и додаде дека вечер ќе присуствува и на отворањето на изложбата по повод овој голем јубилеј.

Скопскиот градоначалник изрази желба овој простор и натаму да биде исполнет со големи изложби, а на музејските работници им посака уште многу успеси во работењето.

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Видеопроекција како благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Објавено пред

ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината Skopje Light Art District, во рамките на проектот на Град Скопје, „Култура во време на корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.

Со видеопроекцијата на влезот на Универзалната сала се искажа благодарност до сите поединци и групи што периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот коронавирус.

Сите тие се главните фактори што го овозможуваат функционирањето на државите и економмиите.
Видеоинсталацијата е направена од пријатели и соработници на Skopje Light Art District, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Креативна Европа медија“ со поддршка за „Македокс“ и најновиот филм на „Сестри и брат Митевски“

Објавено пред

Агенцијата за филм соопшти дека фестивалот „Македокс“ и новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“ добија финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа медија“, која го финансира аудиовизуелниот сектор во Европа.

„Најсреќниот човек на светот“, новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“, режија на Теона Стругар-Митевска, ја доби поддршката од „Креативна Европа медија“ во износ од 30.000 евра на повикот „Развој на проекти“.

Филмот е по сценарио на Теона Стругар-Митевска и Елма Татарагиќ и ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал пред повеќе продуценти, дистрибутери, продажни агенти и фестивалски селектори како дел од програмата за развој на проекти „Ателjе“.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ ја доби и првата награда за развој на проект од „Еуримаж“ во висина од 20.000 евра во рамките на маркетот „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ петта година по ред доби поддршка од „Креативна Европа медија“ на повикот за фестивали.

Поддршката за „Македокс“ се однесува за изданието во 2020 година и изнесува 27.000 евра. Фестивалот „Македокс“ веќе го најави и партнерството со три фестивали на документарен филм („ДОК.фест Минхен“, „Докс Барселона“ и ФИПАДОК), со кои заедно ја формираат мрежата „Фест докс нетворк“. Партнерството меѓу овие четири клучни фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија2 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија3 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија3 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија3 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион6 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија6 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион7 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет8 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет8 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт9 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа9 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет20 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет21 час

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија21 час

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие