Контакт

Култура

Промоција на „Внатрешно море“ и разговор со авторката Даница Вукиќевиќ

Објавено пред

Даница Вукиќевиќ, добитничката на награда на НИН за најдобар роман напишан на српски јазик во 2022 година, деновиве гостува во Скопје во рамките на меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. За време на нејзиниот престој, издавачката куќа „Арс алмина“ организира специјален настан – промоција на наградениот роман „Внатрешно море“ и разговор со авторката и со преведувачот Александар Прокопиев. Преводот на македонски јазик е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Србија.

dobivaj vesti na viber

Настанот со Даница Вукиќевиќ ќе се одржи на 19 септември (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“, на улицата Македонија. Претставувањето на романот и разговорот со авторката и со преведувачот ќе го води Оливера Ќорвезироска од издавачката куќа „Арс алмина“, уредничка на изданието.

„Внатрешно море“, освен што е прво дело преведено на македонски јазик од Даница Вукиќевиќ, е и прв роман на оваа авторка со значаен книжевен багаж. Роман – вистинска книжевна авантура, која го крши нашиот реален свет на парампарчиња и одново го составува, без ни најмала амбиција новосоставениот свет да биде совршен, туку само барем малку поинаков отколку што е… Роман – толку свој, толку поинаков, толку радикално фрагментарен, толку радикално посебен.

Всушност, „Внатрешно море“ е несекојдневна збирка на записи, цртички, мини есеи, лирско-наративни фрагменти вмрежени и обединети со јас-раскажувачкиот глас, најверојатно гласот на самата авторка. Таа е и наратор и обединувачки лик, нејзиниот женски глас во текстот, како што нагласува и самата на разни места во разни форми, е глас на избор, не на нужност. Имено, нарекувајќи го „Внатрешно море“ свој книжевен холограм, Вукиќевиќ нагласува дека го избрала женскиот глас како еден од можните наративни гласови, како еден од изборите што секогаш им стојат на располагање на писателите. Станува збор за женско писмо по избор, за наративна одлука, не за заложба ниту, пак, за какво било инсистирање.

Овој формално инвентивен книжевен текст го преиспитува и го демонтира светот во кој живееме денес занимавајќи се токму со егзистенцијата на микро- и на макроплан, личната и општествено-политичката.

„Внатрешно море“ е недисциплиниран, непослушен текст, кој, негирајќи го романот таков каков што го знаеме, истовремено станува одлична верзија на негираното: роман во впечатлива временска смисла на зборот, роман – книжевна авантура.

Даница Вукиќевиќ пишува поезија, проза, книжевна критика и есеи. Живее и работи во Белград. Автор е на десетина поетски збирки, две книги со кратка проза и една збирка раскази.

Романот „Внатрешно море“ е нејзин прв роман.

Добитник е на наградите: „ПроФемина“; „Билјана Јовановиќ“; „Милица Стојадиновиќ-Србинка“; на Кондирот на Косовка девојка и наградата на НИН за роман за 2022 година.

Нејзини дела се преведени на шпански, англиски, германски, полски, француски, грчки, македонски, холандски…

Култура

Костадиновска-Стојчевска на „Денови на комедијата“ во Куманово: На овие штици актерите успеваат да ги насмеат посетителите и за момент да ги оддалечат од грижите

Објавено пред

Многубројна публика ја проследи театарската претстава „Синиот портокал“, во изведба на Театарот од Велес, со која вчеравечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворен Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“.

dobivaj vesti na viber

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченото отворање на Фестивалот, кој оваа година бележи 26 години од формирањето, се обрати пред љубителите на комедијата и рече: „Од идејата на создавачите до остварувањата на нивните следбеници, вложени се многу љубов и посветеност за тој да прерасне во еден од најпопуларните фестивали во државава, а сепак да биде препознатлив и уникатен“.

„Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност, преку еден од најспецифичните жанрови – комедијата, да ја негуваат и да ја развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука, во градот на безвременското ремек-дело ’Бегалка‘ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче, кои се синоним и препознатлив белег на Куманово“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Министерството за култура останува партнер и традиционален поддржувач на овој фестивал кој со својата долговечност дава особен придонес кон развојот на македонската култура и културното живеење. На репертоарот на 26. издание на Фестивалот се 11 театарски комедии во изведба на македонски театри и на театри од Србија, Хрватска и од Бугарија. Од минатата година, Фестивалот има натпреварувачки карактер, а ќе се натпреваруваат 10 театарски претстави.

Годинашeн лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ е истакнатиот македонски режисер и актер Коле Ангеловски.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Најдобрите кадри ги правам кога снимам со камера од рака, вели Лустиг – кинематограферот на Вим Вендерс

Објавено пред

Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс беше синоќа беше прикажан во рамките на официјалната селекција Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферот на филмот Франц Лустиг денес одговараше на новинарски прашања и откри детали за работата на филмот, изборот на локациите.

dobivaj vesti na viber

„Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор. Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот“.

Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.
Во поглед на музиката во филмот рече дека најголем дел од песните во филмот биде додадени отпосле бидејќи бил мошне сложен и тежок процесот со добивање на авторските права. Според тоа како ги движи усните биле избрани други и дополнети.

-Песната на Нина Симон навистина ја пееше и тоа беше најтрогателниот момент. Плачевме додека снимавме, раскажа Лустиг.

Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.

-Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани, рече Лустиг.

Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.

Од селекцијата на кратки филмови, денеска беше претставена кинематограферката Сташа Букумировиќ, чиј филм „Нека цвета росно цвеќе“ беше вчера прикажано на 44. ИФФК „Браќа Манаки“. Станува збор за патување на една жена која во текот на патувањето ќе развие љубовна врска.

-Локациите се многу важни за овој филм, бидејќи сакав внатрешната емоција да ја доловам преку надворешните промени и тоа не беше толку тешко бидејќи во текот на снимањето се сменија сите четири годишни времиња во Црна Гора, раскажа Сташа.

Ерик Полума, кинематограферот на „Сончев часовник“ од документарната програма раскажа дека сценариото било мошне блиско на актерите и затоа не било сложено да се изведе.

Филмот „Трагата на дивечот“, за кинематограферката Бојана Андриќ бил шлаг на тортата, бидејќи е тоа периодот на седумдесеттите и за неа било многу инспиративно и направила истражување. Таа вели дека кинематограферите, особено кога се млади треба да ги прифаќаат сите искуства кои може да ги добијат, бидејќи има време за да избираат сценарија, за почеток за да научат да бидат кинематографери мора што повеќе да работата.

– Јас кога бев млада работев и на сапуници, така го изоштрив чувството за снимање.

За Фестивалот „Браќа Манаки“ слушала од своите професори уште додека студирала.

-Само најдобри зборови имаа моите професори за вашиот Фестивал. Оваа година има извонредно издание и посакувам нагорната линија да трае, рече Андриќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“

Објавено пред

Вечерва, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи централниот настан од годинешното, шесто по ред издание, на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

dobivaj vesti na viber

Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видеоматеријали со кус рецитал на академик Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на артистката Софија Гогова-Врчаковска. Модератор ќе биде м-р Александра Јуруковска, ќе биде прочитана одлуката на жири-комисијата за наградите, а пред присутните ќе се обрати д-р Атина Цветаноска.

Манифестацијата се одржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски, и е поддржана со програмата за 2023 година на Министерството за култура.

По доделувањето на наградите, ќе се одржи и поетско читање, во кое, освен наградените автори, учество ќе земат и неколку други учесници на годинешниот конкурс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

ЦУК: Во последното деноноќие 24 пожари, до утрово – активни само два

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, противпожарните...

Европа1 час

(Видео) Морнарица, елитни трупи, воздухопловни сили: Ирците запленија најмногу дрога досега

Елитна единица на ирската армија претресла товарен брод под панамско знаме во близина на југоисточниот брег на Ирска и пронашла...

Европа1 час

(Видео) Украинска офанзива кај Бахмут: „Ја пробиваме нивната одбранбена линија“

„Двајца украински војници се собираат околу контролорот на дрон во мракот, а нивните лица се осветлени само од екранот. „О,...

Македонија1 час

Левица: Уставниот суд ги поништи „двојазичните изводи“ на наша иницијатива

„Откако Левица, преку претставка, го оспори Упатството за водење матични книги донесено од Министерство за правда, Уставниот суд одлучи да...

Европа2 часа

Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија, пишува Волстрит журнал

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе...

Скопје2 часа

Поради синдикален протест, посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, со почеток во 9 часот, поради одржување синдикален протест, ќе биде спроведен посебен...

Топ3 часа

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за...

Македонија12 часа

Обвинителството не било консултирано, но мора да ги применува измените на кривичниот законик, вели Јовески

Државниот обвинител Љубомир Јовески, вели дека Обвинителството не било консултирано за измените во Кривичниот законик, но се донесени во Собранието...

Регион13 часа

Бугарија ќе и’ донира на Украина неисправни советски ракети С-300

Бугарскиот парламент денеска одлучи да ѝ донира ракети С-300 од советската ера на Украина, откако претходно го одобри испраќањето оклопни...

Македонија15 часа

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати. Бараат зголемување на месечните примања за 78 проценти по примерот на функционерите,...

Топ16 часа

Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана....

Топ16 часа

Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош. Како што информираа од МВР, утрово...

Македонија19 часа

МВР демантира дека не постапило по пријавите на сега веќе убиените жени во Кочани и Куманово: да не се пласираат дезинформации

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените...

Македонија20 часа

Мицкоски: Уште незалечени раните за случајот на Онкологија, има нова афера

Во услови кога не се залечени раните од оној траур и гнев што секој од нас го чувствува поврзан со...

Топ21 час

Прегазен пешак во Скопје: во него удрил мопед управуван од малолетник

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Благоја Паровиќ и улицата Никола Милошевски...

Топ22 часа

Починат маж пронајден паднат на улица во Гостивар

Утрово, во 7.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 66-годишниот...

Македонија22 часа

Најстрога казна за сторителот и одговорност од институциите за убиството на жените, бара Националната мрежа против насилството

Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство бара најстрога казна за сторителите на убиствата врз жените, што се...

Македонија23 часа

ЦУК: Вчера 33 пожари на отворено, денеска пожарите почнаа од мугрите

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од кои 30 се изгаснати. Според информациите што...

Регион24 часа

(Видео) Дачиќ за снимката на која се гледаат напаѓачите од Косово: Тоа е измама, можете да видите снег

Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ, за време на гостувањето на РТС изјави дека Аљбин Курти е...

Свет1 ден

(Видео) Во пожарот на свадба во Ирак загинаа и младенците, најмалку 50 лица се во критична состојба

Во пожарот на свадба во Ирак, во кој настрадаа најмалку сто лица, загинаа и младенците, изјави Ахмед Дубардани, заменик-шеф на...