Контакт

Култура

Промоција на „Истарско злато“ на Мајк Дауни и проекција на „Караула“ на „ПРО-ЗА Балкан“

Објавено пред

Британскиот филмски продуцент и писател Мајк Дауни, вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе го претстави својот роман „Истарско злато“, во издание на „Прозарт медиа“ од Скопје. Гостувањето е во рамките на 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, чија официјална програма заврши синоќа со врачувањето на наградата „Прозарт“ на српскиот писател Владимир Пиштало.

Разговорот со Дауни ќе го води Александар Прокопиев, уметнички директор на фестивалот. Дауни е продуцент на копродукцискиот филм „Караула“ во кој учествува и нашата земја. „Караула“ (2006) е првиот филм по распадот на Југославија во чија продукција учествувале екипи од Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина и од нашата земја. Филмот е снимен според романот на Анте Томиќ, „Ништо не смее да нè изненади“ („Ništa nas ne smije iznenaditi“), алузија на паролата за концептот на постојана будност на Народната одбрана на Југославија од можна агресија однадвор.

Мајк Дауни е автор, филмски автор и активист. Како писател на белетристика, Мајк пишува на многу теми. Неговата огромна архива од објавени текстови во публикации како Вог, Варајети, Скрин, Стилс, Синеаст… Исто така тој е соосновач на „Мувинг пикчрс групација“ за издаваштво во деведесеттите. Како филмски автор има работено со сценаристи како Елрој, Гинтер Грас, Колм Тоибин, Ли Хол, Давид Гросман и заменик-основачот Шејн Смит, како и со еклектичен спектар на режисери како Агњешка Холанд, Фолкер Шлендорф, Питер Гринавеј, Оливер Хиршбигел и Мохсен Макмалбаф. Како претседавач на Европската филмска академија, тој е соосновач на Меѓународната коалиција за филмски работници во ризик и една деценија беше повереник на Алијансата „Бела лента“. Бил и визитинг-професор по филм на Универзитетот во Охајо „Томас Јуинг“.

Во 2021 година тој стана почесен претседател на филмската награда LUX, која ја доделува Европскиот парламент, а истата година беше награден со О.Б.Е. на кралската роденденска почесна листа за неговите услуги за британската кинематографија. Во 2022 година, Универзитетот во Ворвик му додели на Мајк диплома за доктор по литература, honoris causa (D.Lit) за неговиот придонес во светската кинематографија.
„Истарското злато “ го одбележува неговото деби како романсиер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Дина Дума ја освои наградата „Нора Ефрон“: Трајбека ја препозна како силен женски авторски глас

Објавено пред

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива Nora Ephron Award на Tribeca Festival.

Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот.

Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја препозна Дина Дума како силен женски авторски глас на меѓународната филмска сцена.

Во образложението на жирито се истакнува дека Нора Ефрон претставува пример за тоа како јасен женски авторски глас во патријархален свет може да отвори врати за многу други. „Делото на Ефрон често го поставуваше прашањето: како жените преживуваат во непријателски свет? Нашиот избор за добитничка на оваа награда одговара на тоа прашање на многу начини“, се наведува во одлуката на жирито.

Жирито го опиша филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ како лирски и политички, допирлив и автентичен, трогателен и топол, а истовремено проткаен со радост и хумор. Во образложението дополнително се истакнува дека, давајќи им глас на оние кои најчесто остануваат без глас, Дина Дума ја воведува публиката во посебно, длабоко човечко искуство, преку конкретни ликови кои ја слават солидарноста и семејството.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше дел од International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на Tribeca Festival.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, со продуцентка Лабина Митевска, по сценарио на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Eurimages, Creative Europe MEDIA и фондови од земјите копродуценти.

Со Nora Ephron Award, Дина Дума добива едно од значајните специјални признанија на Tribeca Festival, кое го истакнува значењето на женската авторска перспектива, храброста да се раскажуваат комплексни приказни и силата на филмот да отвори простор за гласови кои ретко добиваат видливост на големата сцена. Наградата има и паричен фонд од 25.000 долари, како директна поддршка за понатамошниот авторски развој и за создавање нови филмски проекти.

Прикажи повеќе...

Култура

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Објавено пред

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да им оддаде почит на најдобрите според жири-комисијата, но и да ја проследи една претставите за кои особено се зборува во изминатите три месеци.

Жири-комисијата во состав Снежана Коневски-Руси, претседател Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ ги оценуваа претставите.

Руси синоќа ги соопшти наградените, а уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, им ги врачи.

Според оценките на публиката, со просечна оценка од 4.75, ајдобра претстава беше прогласена „Амадеус“ од Питер Шефер, во режија на Андреј Цветановски, на Турскиот театар. Тие и минатата година ја добија оваа награда за претставата „Слепци“ на Ќендрим Ријани. Осман Али, директор на Театарот и се заблагодари на прилепската публика.

Наградата за најдобра сценографија ја доби Валентин Светозарев, кој го цитираше Хамлет: -И да ме затворите во ореова лушпа, ќе останам крал во ореова лушпа. Се надевам дека нареден пат нема да бидам во ореова лушпа.

Наградата за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ ја прими Јеткин Сезаир за улогата на Моцарт во „Амадеус“. Тој им се заблагодари на публиката во Прилеп, на фестивалот и жирито, на режисерот Андреј Цветановски што му ја додели улогата и на целиот Турски ансамбл за поддршката. Сара Спиркоска по втор пат ја доби наградата за млада актерка.

-Огромна чест ми е што по втор пат ја добивам оваа награда, овојпат не е потврда само за мојот напредок, ама е потврда и дека сум уште млада. Годинава настапив со три претстави, од вкупно пет колку што ги имав во сезоната. Голем е предизвикот за млад актер, којшто и не е вработен да се задржи активен и да напредува, но се радувам дека постојат луѓе што го ценат и вреднуваат тоа. Наградата ја делам со режисерите Дејан Пројковски, Тамара Стојаноска и Шенај Мандак, кои се дел од мојот пат – рече Спиркоска.

Примајќи ја наградата за машка споредна улога за Симoн во „Мачкина глава“ на Драмски театар, Александар Степанулески ги поздрави актерите што оставија голем печат во македонскиот театар – Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски – Џумерко… Слаѓана Вујошевиќ ја доби наградата за главна женска улога за Констанца во „Амадеус“. Таа не можеше лично да ја подигне наградата, но со порака ја поздрави публиката и посебно истакна дека и нејзината улога немала да биде така успешна да не беше нејзиниот колега Јеткин Сезаир.

Димитар Ѓорѓиевски ја доби наградата за најдобра машка улога за Фезлиев во „Црнила“ на Прилепскиот театар, која од годинава го носи името на Кирил Ристоски. Тој им се заблагодари на своето семејство, на неговиот втор дом Народниот театар „Војдан Чернодрински“, на своите колеги.

-Постои посебна врска меѓу мене и публиката. Имаме магична публика, ова е сон од кој не сакам да се разбудам, ова е бесценето – рече Ѓорѓиевски.

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Дејан Пројковски истакна:

-„Црнила“ ја започнавме по неколку месеци од затврањето на театарот и тоа е една од малите вежби дека е важно и во тешки времиња да не заборавиме дека луѓето се најважни во театарот, се надевам дека наскоро ќе можеме да работиме во нова зграда на Прилепскиот театар.

Наградата за уметничко остварување на претстава во целина ја доби „Страв и надеж“ во режија на Татјана Ригонат Мандиќ.

Од име на Македонскиот народен театар, наградата ја прими актерот Александар Микиќ. Биљана Драгиќевиќ-Пројковска е наградена за најдобра споредна женска улога за Марија во „Мачкина глава“, но поради изведба на претстава не можеше да присуствува на церемонијата. Наградата за костимографија ја прими Марија Пупучевска за „Црнила“. Наградата за најдобра музика ја доби Ирена Поповиќ-Драговиќ за „Страв и надеж“. Четири награди годинава не беа доделени – за рекламен материјал, кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и за современ драмски текст.

Фестивалот му ја додели и наградата за најдобар волонтер на Стефан Петрески, кој четири години посветено го помага фестивалот.

Публиката ја поздрави Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот која го водеше фестивалот во изминатите четири години. Таа се наврати на сработеното и на предизвикот да се води најголемиот и најзначајниот театарски фестивал во Македонија.

-Решив таа моја програма да ја наречам „Враќање дома“, ја поврзав со моето фактичко враќање дома, со Чернодрински и со драмата „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски. Решив да ја креирам мојата слика за театарски фестивал која ќе биде современа, храбра и која ќе оствари комуникација со сите гледачи, независно на која возрасна или која и да е групата на која ѝ припаѓаат. И еве, четири години до денес, фестивалот стана мојата препознатлива слика, местото каде што живее театарот во јуни и театарските уметници и публиката. Дека еден човек не може да направи фестивал, се покажа и со мене. Затоа јас го имам најдобриот тим. Но, истовремено овој фестивал немаше да биде тоа што е и без моите најсакани волонтери, без вас драги мои ова ќе беше само обична манифестација. Поминавме многу патеки, се соочивме со многу предизвици, ги ширевме границите на сопствената комоција. Попатно многу недоразбирања, конфликти, забелешки, критизерства и критики и сè во насока да направиме нешто подобро. Тој што работи и греши, но најважно е да научи од грешките. Наједноставно е да стоиш отстрана, да коментираш заткулисно и да не правиш ништо. Меѓутоа, моето мото и мојот карактер не го дозволуваат тоа. Денес, во времето на општото сеедно, човек треба да е многу, многу храбар за да ја оствари својата визија, па и да плати поголема цена – рече Стојаноска.

Таа се заблагодари на публиката „за довербата, за барањето место повеќе, за аплаузите што ја говореа вистината.“

-Поминав многу тежок период кога го создавав ова издание на фестивалот, ја изгубив мајка ми, жената што ме соочуваше со тоа што правам и дали треба тоа да се прави така, што ме поддржуваше во сè што правев и на која ѝ ветив дека еве, по ова издание, навистина ќе ѝ се посветам на мојата уметност, затоа што и таа и мојот татко веруваа во мене од мали нозе – дека јас сум родена да бидам раскажувачка на приказни.  За крај, како што го почнав отворањето на мојата прва мандатна година со цитат на еден од моите најсакани луѓе на овој свет, големиот театарски режисер Игор Вук Торбица, така ќе го затворам и моето организирање на овој фестивал: „Јас сум во мир со моите избори, така што мирно спијам со волкот во мене“ – заврши Стојаноска.

Во чест на наградените настапи Београдско драмско позориште со претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ.

Големи аплаузи и воздишки предизвика претставата која е една од најбараните во последните неколку месеци на Балканот. Покровители на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп се: Претседател на РС Македонија, Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Прилеп.

Спонзори се: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, Витаминка, Пакомак, продукциски партнери – Микросам, Кули, поддржувачи: Комерцијална банка, Стопанска банка, МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Официјална вода на фестивалот е „Ладна“ (Магрони ДОО, Скопје). Соработници: Јавен Простор Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Градска библиотека „Борка Талески“, Умно.мк, Урбан Ера, Стопанска комора на Северна Македонија – Прилеп, Биткрафт. Медиумски покровители: МТВ, Телма, МИА, Слободен печат, Портрет, Трн.мк, Култура 24, Нова Македонија, Cultural Chat, ОРО, Екран, Вечер, Радио Холидеј, Jazz FM, Okno.mk, Независен, Лице в лице, Република, Клуб Деница, Инфо компас, Е-Магазин, Канал 77, Музика 24, Радио Пела, Маркукуле, Текст.мк, Сакам да кажам, ОТВ.мк, Зенит, Публикум и др.

Прикажи повеќе...

Култура

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни, во Градскиот парк во Скопје

Објавено пред

Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“, соопштија од Македонската филхармонија. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), кој беше иницијатор на овој проект кој прво се реализираше во Софија, потоа во Солун, и сега, на 20 јуни и пред публиката во Скопје. Како солисти ќе настапат нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и Иво Јорданов од Бугарија, најавија организаторите.

-На 20 јуни не очекува голем музички спектакл, ќе биде изведена грандиозната музичко-сценска кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под отворено ѕвездено небо на нашиот традиционален завршен концерт. За нас претставува големо задоволство што по нејзината изведба во Софија и Солун, во Градскиот парк ќе оддекне и пред домашната публика и на тој начин ќе се заокружи оваа значајна соработка меѓу трите балкански оркестри која ја потенцира моќтта на музиката и културата која обединува и која не познава граници – вели Мустафа Имери, директор на Филхармонијата на РСМ.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, културата има најголема смисла тогаш кога излегува од салите и институциите и станува дел од секојдневниот живот на луѓето.

-Затоа, особено радува фактот што овој концерт ќе биде подарок за граѓаните. Бесплатен и достапен за сите. Големата уметност не треба да познава бариери, туку треба да допира до што повеќе луѓе. Убеден сум дека на 20 јуни ќе бидеме сведоци на вечер што долго време ќе остане во нашите сеќавања не само поради величествената музика на Орф, туку и поради тоа што сите заедно ќе бидеме обединети околу нешто што е убаво, возвишено и заедничко – истакна Љутков.

Тој воедно, кажа и дека овој настан има и посебна симболика за нашата земја.

-Пред повеќе од две децении, токму нашата филхармонија беше иницијатор на идејата за Балканска филхармонија, обединувајќи музичари од регионот во име на уметноста и заедничките вредности. Претстојниот концерт на трите филхармонии само ја продолжува таа благородна традиција – потенцира министерот Љутков.

За Симос Папанас, директор на Државната филхармонија од Солун главната идеја која ја поттикна реализацијата на овој проект беше да се изградат мостови на соработка меѓу балканските земји.

-Идејата беше да изградиме мостови на соработка, да го промениме постоечкиот модел и наратив дека не научивме заедно да работиме и создаваме. Преку овој проект сакавме да го докажеме спротивното, дека можеме заедно да работиме. Дека полесно е може да најдеш двајца музичари кои ќе седнат на еден пулт, отколку двајца политичари кои ќе седнат на иста маса. Живееме во турбулетно време, и нашата мисија како уметници е да покажеме дека можеме да работиме заедно – истакна Папанас.

За сопранистката Ана Дурловски ова е исклучително важен проект, кој покажува дека музиката може да не обедини и да ги избрише физичките граници меѓу трите земји кои учествуваат во реализација на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“.

-Овој проект покажува колку е значајна културната дипломатија, и дека преку вакви проекти музиката и културата градат мостови, онаму каде што политиката става граници. Се радувам што ќе се видаме следната недела со нашите колеги со кои изградивме искрено пријателство, и заеднички и пред нашата публика ќе создадеме волшебна музичка вечер, исто како со Софија и Солун – рече Дурловски.

За концертмајсторот Владимир Костов, овој концерт ќе биде уште една потврда дека универзалниот јазик на музиката.

-Музиката говори на јазик разбирлив за сите, и токму таа универална порака е суштината на овој концерт. Заедно обединети на сцена, повеќе од 200 музичари од три држави уште еднаш ќе потврдат дека музиката руши бариери и обединува – рече Костов.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава30 минути

Пет години финансиска среќа за три хороскопски знаци

Според астролошките прогнози, од 25 јуни Биковите, Вагите и Јарците влегуваат во петгодишен период на финансиска стабилност и нови можности....

Економија37 минути

Германија го губи статусот на ветена земја

Германската економија веќе денес очајнички бара квалификуван кадар, но поради забрзаното стареење на населението овој проблем во наредните години би...

Регион1 час

(Видео) Трагедија во Јадранот: Потона едрилица по судир со катамаран, тројца загинати

Тројца чешки државјани загинаа, а по уште едно лице сè уште се трага по тешката поморска несреќа што денеска се...

Македонија1 час

Едно лице со полесни изгореници во пожарот меѓу Долани и Љуботен

Едно лице се здобило со полесни изгореници во пожарот што денеска избувна меѓу селата Долани и Љуботен во Општина Штип,...

Свет1 час

Британија и Јапонија договорија инвестиции вредни милијарди фунти

Велика Британија и Јапонија постигнаа договор за инвестиции вредни повеќе милијарди фунти, за кој британскиот премиер Кир Стармер оцени дека...

Свет2 часа

Зеленски и Трамп разговараа за мирот во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска телефонски разговарале за повеќе теми, вклучително и дипломатските...

Свет3 часа

Трамп: Денешниот израелски напад врз Бејрут не требаше да се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот напад врз Бејрут, изведен порано денеска, „не требаше да се случи“ и повика...

Свет3 часа

Иран: Израелскиот напад врз Бејрут нема да остане неказнет

Заменик-командантот на иранското централно воено командување, Мохамад Џафар Асади, изјави дека израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут нема да...

Македонија3 часа

Сончево и топло во Скопје, температурата ќе достигне 34 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој...