Контакт

Книги

Промоција на книгата „Маалски прикаски 1+2“ во Кавадарци

Објавено пред

Вечерва од 18:30 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се оддржи промоција на книгата „Маалски прикаски 1+2“ од македонскиот новинар Синиша Станковиќ.

За книгата ќе зборува самиот автор, а извадоци ќе пренесе актерот Александар Малинков.

Како дел од промоцијата авторот ќе потпишува примероци од „Маалски прикаски 1+2“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

„Што ќе речат нашите внуци“ – нова поетска книга од Раде Силјан

Објавено пред

„Матица македонска“ од Скопје ја објави стихозбирката „Што ќе речат нашите внуци“ од Раде Силјан. Во своето најново дело поетот застапува седумдесет песни, во кои со чувство на длабока проникливост пее за судбинските процеси на нашето време.

Според академик Витомир Митевски, насловот на оваа стихозбирка јасно ја навестува тематската област во која континуирано се движи поетска мисла на Раде Силјан. Тој е гласник на злото време во кое живееме, гуслар кој не пее од радост, туку од очај. Во насловната песна поетот им се обраќа на сите оние што денес тргуваат со нашето минато, сегашност и иднина.

Свесен дека им се обраќа на луѓето што во обземеноста од сопственото лажно величие ниту го слушаат ниту умеат да го разберат, поетот искажува клетви со надеж дека тоа ќе го чуе некој горе Семоќен и ќе искаже сомилост кон нас. Неговите песни се исполнети со притаена надеж, но и тага, горчина, стравувања, носталгија, констатира академик Витомир Митевски во поговорот кон книгата со наслов „Поетот и трагизмот на нашето време“.

Раде Силјан е автор на богат поетски опус, а дваесет и шест негови книги се преведени на: англиски, руски, полски, украински, италијански, турски, унгарски, албански, бугарски, српски, босански, есперанто, романски, црногорски, молдавски, влашки и на грчки јазик. Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ и „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на највисоките државни признанија „11 Октомври“ и „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата.

Прикажи повеќе...

Книги

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе почне вечерва во Куршумли ан

Објавено пред

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот во Куршумли ан во Скопје. Врвни автори од регионот, како и домашни автори, се гости на фестивалот, кој ќе трае до 17 септември.

На првата фестивалска вечер ќе ви претставиме тројца од нашите гости. Со македонската публика ќе се сретне Мухарем Баздуљ, Углеша Шајтинац, Калина Малеска и со Дамир Каракаш, кој ќе учествува со видеомонолог.

Баздуљ е писател, новинар и преведувач и е еден од најчитаните во регионот. Неговите 20-ина книги се преведени на повеќе странски јазици, а ги има добиено голем дел од значајните новинарски награди во БиХ и во Србија. Две негови книги се преведени на македонски јазик – „Ѓаурот и Зухејда“ („Готен“) и „Кукла од марципан“ во издание на „Везилка“.

Српскиот автор Углеша Шајтинац е наградуван драматург и писател, добитник на Европската награда за литература за романот „Сосема скромни дарови“.

На првата вечер ќе биде претставeно делото и на нашата писателка Калина Малеска, професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзини раскази се преведени на неколку јазици и објавени во списанија во земјата и странство, а учествувала и на повеќе македонски и меѓународни книжевни фестивали. Нејзиниот расказ „Поинаков вид оружје“ е застапен во антологијата Best European Fiction 2018.

Со нив ќе разговараат уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, и претседателот на одборот за доделување на наградата „Прозарт“, Ермис Лафазановски.

Во продолжение ќе следува креативно и луцидно видеоизлагање на хрватскиот писател Дамир Каракаш, автор на пет романи, три збирки раскази, патопис и две претстави за неговите книги и светот во кој моментално живееме. Некои од неговите книги имаат култен статус кај читателите. Според неговата збирка раскази „Кино Лика“ снимен е филм што освои многубројни награди на реномирани филмски фестивали.

Првата вечер ќе биде промовирана и „Срчки“, новата книга на Бранислав Николов (Пијан Славеј), а на промоцијата ќе настапат авторот и басистот Гоце Јованоски.

На 15 септември во 13 часот во Europe House ќе се одржи тркалезна маса  на тема „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“, на која ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје fellowship“. Поради ковид-протоколите, настанот е затворен за публика. Традиционално фестивалот организира средба на членовите на оваа програма со претставници на Македонската асоцијација на издавачите и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Вечерта во 19.30 часот следува второто претставување на писателите и нивните дела. Маја Солар, авторка која се занимава со феминистички и филозофски теми, како и младата книжевна ѕвезда во регионот, Магдалена Блажевиќ (БиХ), и македонската писателка и книжевна теоретичарка Елизабета Баковска, ќе разговараат со Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и со Владимир Јанковски.

Музичарите Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“ по сценарио на Анте Томиќ. Потоа ќе следува получасовен видеоразговор меѓу Миљенко Јерговиќ и Анте Томиќ, изработен специјално за публиката на фестивалот.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 септември во Куршумли ан во 19.30 часот кога ќе биде прочитан говорот на добитникот на наградата „Прозарт“, Исмаил Кадаре, а писателите гости ќе читаат извадоци од своите дела.

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, на 17 септември во летното кино на Кинотеката, ќе биде прикажан документарецот „Медена земја“. Преку видеоприлог Миленко Јерговиќ ќе зборува за филмот по проекцијата.

Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски. Гости ќе бидат и четворицата членови на програмата „Скопје fellowship“ – Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија.

Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон балканската книжевност е големиот писател Исмаил Кадаре. За жал, тој не можеше да дојде во Скопје и да се сретне со својата читателска публика.

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт“, а е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, Амбасадата на Босна и Херцеговина и од Кинотеката.

Прикажи повеќе...

Книги

Саемот на книга со продолжено работно време денеска и в сабота

Објавено пред

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок (11.9.2020) и сабота (12.9.2020).

Работното време за петок (11.9.2020) е од 10:00 до 21:00 часот, а работното време за сабота (12.9.2020) е од 10:00 до 22:00 часот.

Сите други денови останува со редовното работно време.

Билетите можат да се набават и преку онлајн електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија27 минути

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија1 час

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови...

Свет12 часа

Трамп: Политичарите да се тестираат на дрога пред дебатите

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ќе побара неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден да се тестира за...

Економија13 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија14 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион15 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет15 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет16 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ17 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија18 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија19 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ20 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа20 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет21 час

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ22 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа23 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија2 дена

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа2 дена

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Досие