Контакт

Култура

Промоција на „Мојот последен здив“ на Буњуел во Кинотеката

Објавено пред

Кинотеката на Македонија, в среда, 29 март, во 12 часот, во киносалата ќе го промовира своето најново печатено издание на автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, со наслов „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело, конечно, ќе стане достапно на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Издавањето на книгата е овозможено од страна на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.

Се работи за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан-Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната француска етапа во кариерата. Автобиографијата, која е поделена на дваесетина хронолошки подредени поглавја одделени со наслови, првпат е објавена на француски јазик во Париз во 1982 година, нецела година пред смртта на Буњуел. Она што е специфика на оваа автобиографија е тоа што во неа Буњуел многу често употребува множина како да зборува во името на целата своја генерација, онаа генерација што студирала на универзитетот во Мадрид во 1927 година или генерацијата на надреалистите во Париз неколку години подоцна или генерацијата на републиканците во времето на Граѓанската војна. Се разбира, тоа не е случајно затоа што оваа книга, иако е лична исповед на еден исклучителен човек, на еден голем уметник, истовремено претставува и многу интересно документаристичко и историско сведоштво за цела една епоха, која се протега речиси преку целиот XX век. Во неа постојано се испреплетуваат исечоците од животот и сеќавањата на драматичните историски настани, со сеќавањата поврзани со творештвото, со филмовите – со еден збор, во неа, разбирливо, постојано се испреплетуваат животот и филмот, пишува д-р Атанас Чупоски во предговорот на изданието.

Книгата ќе ја промовираат историчарот на уметност и заменик-амбасадор во шпанската амбасада во Скопје, Ернесто Eредеро дел Кампо, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ и доц. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката и професор на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот „Европа Прима“, кој воедно е автор на предговорот.

Уредник на изданието е директорот на Кинотеката, Владимир Љ. Ангелов, преводот од англиски јазик е на Марија Цветковска, лектурата на д-р Сузана В. Спасовска, а дизајнот на м-р Игор Сековски.

Инаку, ова е само едно во низата изданија што Кинотеката ги објави последниве месеци, меѓу кои се веќе промовираната филмолошко-наратолошката студија на Атанас Чупоски – „Иницијација и покајание. Доминантни топоси во наративниот дискурс на современиот руски филм“ и филмолошката студија на реномираната бугарско-британска историчарка на филмот Дина Јорданова – „Кинематографијата на другата Европа. Дејноста и уметноста на источноевропскиот и средноевропскиот филм“, која набргу ќе биде промовирана заедно со стручното списание за филм што Кинотеката редовно го објавува, „Кинопис“.

Култура

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Објавено пред

Во вторник (6 јуни) со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева.

dobivaj vesti na viber

На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо.

Рециталот започнува со прекрасната мелодија на Баховата Кантата бр. 106 и продолжува со „Six Morceaux“ на Рахмањинов, збирка извонредни парчиња за четирирачно пијано. Следува „Adios Nonino“ од Пјацола, а мелодијата продолжува да го обликува својот пат низ пасажите на „Danse Macabre“ од Сен-Санс и транскрипцијата на Дебиси за две пијана на „Introduction et Rondo capriccioso“ од Сен-Санс. Во програмата е вклучена и изведбата на фантастичната композиција „Scaramouche“ од Дариус Мијо. Со трите ставови на „Scaramouche“, секој со свој посебен карактер, публиката ќе има можност да ја доживее интригантната енергија на првиот став до нежните и интроспективни мелодии на вториот и конечно да кулминира во раскошното финале нареченo „Бразилеира“.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал на конзерваториумот „Јана Дејла“ во Прага, настапуваат и на фестивалите „Concerti del Tempietto“ и „Les Dimanches Musicaux“ во Рим и Париз како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен „Есенска Бајка“. Од 2019 година реализираат новогодишни концерти со наслов „Празнична Рапсодија“.

Пијанистката Мимоза Ќека, се истакнува како рециталист и камерен музичар со своите бројни концерти во земјата и странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, a во 2021 година се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност. Настапува во многу европски градови вклучувајќи ги Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Прага… Во 2022 го објавува соло албумот „Non-Fungible“ и одржува солистички рецитал во „Gallery MC“ во Њујорк, САД.

Јована Трајчева своето основно музичко образование го завршува во класата на реномираниот педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”. Во 2015 година дипломира, a во 2017 магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова. Бележи успешни настапи на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Musica Viva“, „Есенски музички свечености“. Одржала повеќе солистички рецитали во градови низ земјата, а како позначаен ќе се спомене рециталот во црквата „Св. Софија“ во Охрид 2017 година. Пијанистката Трајчева настапува на фестивали во Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, а настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Јована Трајчева е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“.

Прикажи повеќе...

Култура

Друштвото на филмски работници: Институциите да ги испитаат сите наоди за продукцијата „Банана филм“

Објавено пред

Достоинството на филмските професионалци и нивната посветена работа, не смее да биде заложник на поединци кои сакајќи да ги прикријат своите злоупотреби и незаконско работење, се обидуваат да фрлат дамка врз целата фела, велат од Друштвото на филмските работници.

dobivaj vesti na viber

„Друштвото на филмските работници како најстаро и единствено релевантно струково здружение во РСМ од областа на филмот остро реагира во врска со изнесените инсинуации во јавноста за наводно незаконско работење на Здружението. ДФРМ сака да ја извести јавноста дека ги отфрла сите тенденциозни и некоректни написи изнесени во некои медиуми и на социјалните мрежи, кои имаат за цел да го нарушат угледот и реномето на Друштвото“, велат од тука.

Се сомневаат и во селективното постапување на некои од институциите чија законска и морална обврска е да утврдат незаконитост во работењето, независно од „авторитетот“ кој го ужива некоја продукција во јавноста.

„Во изминатиов период севкупната документација на ДФРМ беше дадена на увид на повеќе истражни тела, како секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за финансиска полиција. Во оваа комплетно транспарентна соработка во која севкупната документација беше на увид на споменатите институции, во ниту еден извештај не беше констатирано неправилно или незаконско работење“, нагласуваат од Здружението.

ДФРМ не е државна институција, туку независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно Здружение кое се грижи за остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци, како и за обезбедување на континуиран развој на филмска дејност. Раководните тела на ДФРМ се бираат на редовно годишно Собрание, а актуелното раководство беше реизбрано со апсолутно мнозинство гласови од членовите на минатогодишното изборно Собрание.

Апелираат до Управата за финансиската полиција, ДКСК и другите надлежни институции да постапуваат според принципите на правичност, еднаквост и транспарентност и да ги испитаат сите наоди изнесени во јавноста поврзани со работењето на продуцентската куќа „Банана филм“ и останатите за кои постојат какви било индиции за неправилност и незаконитост во работењето.

„Во културната јавност, веќе подолго време се објавуваат информации кои се базираат на основани докази за неправилности во процедурите при аплицирање, продуцирање и евалуација, односно отчет на оваа продукција. Се чини дека сите овие индиции за надлежните органи се јавна тајна, па затоа оправдано се сомневаме дека „Банана филм“ е ставена во повластена позиција и „недопирливост“ која оваа продукција ја уживала и во минатото. Нерегуларноста на постапките на оваа продукција неодамна беше констатирана и од службите во Агенцијата за филм на РСМ и инспекцијата на Министерството за култура, по што е проследена на натамошно постапување до надлежното Обвинителство и Управата за финансиска полиција“.

Во Друштвото се уверени дека токму овие постапки за конечно расчистување на неправилноста во работењето на „Банана филм“ се провокација за продукцијата да стане „извор“ на низа „анонимни“ претставки и пријави кон ДФРМ.

„Нападите од страна на поединци кои користат платен ПР ги отфрламе со индигнација и ја повикуваме јавноста да се информира непосредно и прецизно. Апелираме до институциите и ја охрабрувме јавноста да ги земе предвид сите основани докази, до конечно расчистување на случајот со „Банана филм“. Достоинството на филмските професионалци и нивната посветена работа, не смее да биде заложник на поединци кои сакајќи да ги прикријат своите злоупотреби и незаконско работење, се обидуваат да фрлат дамка врз фелата“, стои во реакцијата на ДФРМ.

Друштвото на филмски работници постои 73 години, а неговите основни заложби и цели се подобрување на условите за работа во филмот и аудио-визуелната сфера, подобрување на статусот на филмските работници и хармонизација на нашите закони со европската легислатива. Друштвото е дом на повеќе од 80 проценти од активните филмски работници и заедно со Друштвото на писатели и Друштвото на ликовни уметници е здружение на граѓани од највисоко културно значење.

ДФРМ членува во ралични значајни европски здруженија и асоцијации, меѓу кои и ФЕРА (Европска Федерација на Режисери), ЦЕПИ (Европска Асоцијација за Аудиовизуелна продукција), ИМАГО (Меѓународна Федерација на Кинематографери) и ја поседува лиценцата за избор на национален кандидат на наградата Оскар. Организатор е на манифестацијата „Златна рамка“, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и други манифестации.

Прикажи повеќе...

Култура

Агенцијата поднесе пријава до Обвинителството против продукцијата на Манчевски: „Направени се очигледни неправилности“

Објавено пред

Агенцијата за филм тврди дека нема лаги и дезинформации во постапките поведени за продукцијата на режисерот Милчо Манчевски, „Банана филм“.

dobivaj vesti na viber

Од Агенцијата тврдат дека не се точни информациите оти инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“.

„Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура, очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот ‘Врба’. При надзорот констатирани се одредени нелогичности во однос на ангажирањето на ‘Милкман продукција’ поради што инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на ‘Милкман продукција’ од Њујорк“, стои наведено во записникот од извршениот инспекциски надзор, велат од Агенцијата.

Додаваат дека со оглед на тоа што Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција како надлежна за натамошно постапување.

Агенцијата повторува дека продукцијата не поднела завршен финансиски извештај за средства во висина од 55.000.000 денари за филмот „Мајки“, како и низа други неправилности, и постапила според нивната законска обврска и извршила увид во документацијата по што е констатирано видно нарушување на процедурите: неподнесување завршен извештај и употреба на исправа – изјава со невистинита содржина, што според законите претставува кривично дело.

„Земајќи ги предвид овие констатации, во согласност со своите надлежности, Управниот одбор на Агенцијата за филм имаше обврска да поднесе соодветна пријава до надлежното Обвинителство и да соработува со Управата за финансиска полиција откога до оваа управа инспекторатот при Министерството за култура го доставил записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор“, се наведува во соопштението на Агенцијата и се додава дека сето тоа е поткрепено со соодветна писмена документација.

Што се однесува до извештајот на Државниот завод за ревизија, чиј текст беше изнесен во јавноста како тврдење за неправилно работење на Агенцијата за филм, потенцираат дека во него не постои констатација за материјално-финансиски недоследности. Се додава дека извештајот на ДЗРМ е во духот на вообичаената пракса при нивниот увид во државните институции, а сите препораки се однесуваат на подобрување на административниот дел од функционирањето на нашата институција, па како таков раководството и УО на Агенцијата позитивно го прифаќа како патоказ за подобрување и поефикасно постапување на институцијата во рамките на своите законски надлежности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“....

Свет38 минути

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули освен ако Алијансата не...

Македонија1 час

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзална, кое проголта дел од улицата „9 Мај“

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое...

Македонија2 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот...

Македонија2 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести3 часа

Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да...

Вести3 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ14 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ16 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ16 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ18 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија21 час

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија23 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија24 часа

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија1 ден

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија1 ден

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија1 ден

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет1 ден

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија1 ден

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион1 ден

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...