Контакт

Книги

Промоција на „Најдобрата кинеска литература за деца” во Струмица

Објавено пред

Денеска со почеток во 12 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи промотивно пладне на литература за деца. Ќе бидат промовирани едицијата во десет книги „Најдобрата кинеска литература за деца” и најновата прозна книга на Киро Донев – „Дарко во ЗОО-паркот“.

Во претставувањето на книгите, изданија на „Македоника литера“, ќе учествуваат: Ацо Гогов, Ана Витанова-Рингачева, Киро Донев и Нове Цветаноски. Актер: Јулија Милкова.
Антологиската едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“, „Македоника литера“ ја реализираше како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина. Во едицијата се застапени најпознатите и најчитани современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво.

Едицијата ги содржи следните избори: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу.

Најновата прозна книга на Киро Донев „Дарко во ЗОО-паркот“ е поделена во два дела. Во првиот – „Дарко во ЗОО-паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.

Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив основната тема се животните и природата.

Книги

Објавена драмата „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски

Објавено пред

Деновиве во издание на литературното списание „Современост“ беше објавен драмскиот текст „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски.Во драмата Марковски дава автентичен и комичен приказ на болни општествени точки и актуелни феномени од типот на популарноста и делотворноста на литературата за самопомош, миграцијата на младите, среќата наспроти лузерството, меѓугенерациските конфликти и материјализмот во ерата на глобалното пазарно општество.

Како што пишува Катерина Момева, „Стефан Марковски преку оваа комична фарса за догмите на глобално еродираниот свет нè соочува со фактот дека малите земји со мали пазари остануваат центри за корупција, додека миграциите непрестано ќе се одвиваат во пренаселените европски држави. Во сето ова можеш да останеш човек кој не може да ги промени тековите, туку својата индивидуална судбина.

Огледалата се нашиот одраз, она што ние испраќаме на универзумот, тоа ни се враќа по принцип на огледало. Со драмска иронија Марковски фарсично го интерпретира верувањето дека енергијата се враќа онаква каква што ќе ја испратиш во универзумот, затоа што истото ова без современите изрази и фрази го знаеле и старите и мудрите, а дека среќата треба да се заснова на постабилни вредности Марковски автореференцијално коментира во фарсичен дух преку ликот на протагонистот.

Драмата е структурирана во 12 сцени, со автентичен авторски стил изразен преку линеарна драматуршка структура и контемплативна драматуршка нарација во манир на фарсичниот жанр, преку прецизни конфликти и изградени ликови“.

„Мајстори за огледала“ е прв драмски текст на Марковски објавен како книжевно дело.
Автор на корицата е академскиот сликар Никола Голубовски.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова книга од Венко Андоновски – „Достоевски и Мекдоналдс“

Објавено пред

Новата книга од авторот и професор Венко Андоновски со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ денеска излегува од печат. Оваа збирка есеи е напишана во препознатливиот стил на Андоновски низ кој провејува неговиот прониклив и (само)ироничен став кон работите, велат од издавачката куќа „Три“.

Низ петте поглавја, со наслов: Што е тоа бестселер, Тестирање на методот, Македонскиот роман, Македонска поезија и Рускиот роман денес, Венко Андоновски се обидува да одгатне што се случува со книжевноста денес кога за неа сè повеќе се зборува преку поимот бестселер. Нашите денешни автори се двоумат дали да ја продолжат својата богата (православна) книжевна традиција со вечните прашања за Бог, смислата на животот и љубовта, бесмртноста, локалните историски прашања и митолошките архетипови или да се свртат кон лесната и профитабилна светска кариера на таканаречените мекдоналдс или ready-made писатели.

„Книжевност е, значи, она што денес добро се продава како книга“, вели Андоновски. „И уште – според автоматизам (и, се разбира, погрешно) најпродаваната книга се смета за најдобра книга. Значи, сосема неосновано еден пазарен параметар се прогласува за естетски параметар. Замената на естетските со економски тези е дел од намерите на потрошувачкото општество, кое по секоја цена сака и уметноста да ја претвори во стока наменета за широка трговија. Книжевноста никогаш порано не била толку трговија колку што е денес.“

„Маестрален и оригинален, Венко Андоновски и во оваа книга плени со својата висока ерудиција, со едноставноста во изразот, но и со длабоката филозофска порака упатена кон овој наш глобален свет во кој дури и уметноста станува стока за широка потрошувачка за сметка на естетското во неа“, велат од „Три“.

Прикажи повеќе...

Книги

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт

Објавено пред

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година.

На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува со мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 квадратни метра ќе бидат претставени 400 наслови од стотина македонски автори, објавени од 20-ина наши издавачки куќи. Посетителите ќе може да ја видат богатата понуда на книги за деца, стручна литература, едукативни изданија и белетристика на македонски, албански, англиски и на германски јазик.

Претставувањето на македонската делегација на најпрестижниот светски книжевен настан годинава е во знакот на промоција на нашата современа книжевност, бизнис-средби и соработки со странските партнери и промоција на нашата земја како современа културна и книжевна средина.

Првиот саемски ден ќе биде посветен на македонската литература за деца и за млади, со фокус на книгата за деца „Девојче и мече“ од Ване Костуранов (издание на „Арс ламина – публикации“), која влезе во престижната листа The White Ravens 2019.

В четврток (17 октомври) ќе се одржи т.н. македонски ден кога штандот ќе го посети министерот за култура, д-р Хусни Исмаили. Министерот, заедно со македонската делегација и претставници на МАИ, ќе оствари средба со заменик-претседателот на саемот и директор за меѓународна соработка, Тобијас Вос, на која ќе се разговара за идните планови и соработка.

Истиот ден специјален гостин на штандот ќе биде и луксембуршкиот автор Жан Бак, добитник на Европската награда за литература во 2010 година, чија книга „Аматер“ на македонски јазик е објавена во едицијата „Прошетка низ Европа“ од „Арс ламина – публикации“.
Закажани се и повеќе промоции во текот на саемските денови, како и бизнис-средби со меѓународни издавачки куќи, литературни агенти, автори и релевантни здруженија, со цел претставување на македонската книжевна продукција, унапредување на соработката и вмрежување.

Саемот на книгата во Франкфурт се смета за најголем и најпосетен настан од овој тип во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци, каде што се разменуваат искуства, се склучуваат договори, место каде што секоја година, без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти, сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги создаваат новите трендови. Годинава земја почесен гостин е Норвешка.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со повеќе од 7.500 излагачи од 110 земји, околу 285.020 посетители и 139.460 трговски посетители. Има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари вклучувајќи и 2.000 блогери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион11 час

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет12 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија14 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ14 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија16 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија17 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија17 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ18 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија19 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет20 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа20 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија21 час

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет22 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет22 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија1 ден

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ2 дена

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Досие