Контакт

Книги

Распишан четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022

Објавено пред

Издавачката куќа „Арс ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година.

dobivaj vesti na viber

На изборот може да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во „Ворд“ или во ПДФ-формат) на следната е-пошта: [email protected] Конкурсот ќе биде отворен до 1 септември 2022 година.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чиј состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на 2022 година.

Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс ламина“ може да понуди објавување и на второ- и треторангираните романи. Наградите ќе бидат врачени на посебна свеченост.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Наградата му беше врачена на неодамнешната свеченост во Младинскиот културен центар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен романот „Една жена“ од класикот на унгарската книжевност Петер Естерхази

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Една жена“ од унгарскиот писател Петер Естерхази. Преводот од унгарски јазик е на Златко Панзов.

dobivaj vesti na viber

Петер Естерхази (1950-2016) е класик на унгарската литература. Останува запаметен како еден од најдобрите писатели на своето време не само од Унгарија туку и од Централна Европа.

Романот „Една жена“ зафаќа специфично место во неговиот опус. Спаѓа меѓу неговите најпопуларни книги, можеби неговата најчитлива книга.

Во 97 поглавја од романот, Естерхази пишува за љубовта од разни агли осветлувајќи ја во перспективата на блискоста, омразата, сексот, желбата, играта, слабоста, моќта, при што книгата може да се чита како еден вид енциклопедија на љубовта.

Користејќи живописни и мошне сликовити слики, со разговорен, игрив и јазик исполнет со алузии и двојни значења, Естерхази раскажува љубовни приказни, кои истовремено се и приказни за општествените релации, борбите за моќ и културолошките наслојки на нашите навидум обични и секојдневни реакции и односи.

Златко Панзов (1979, Гостивар) дипломирал македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како професор по македонски јазик, а од 2007 година активно се занимава со литературен превод. Досега од унгарски јазик превел дела од Бела Хамваш, Адам Бодор, Ноеми Сечи, Петер Надаш, Шандор Мараи, Ѓерг Драгоман, Ѓерѓ Конрад, Деже Костолањи, Кристина Тот, Илдико Ловаш, Шандор Жигмонд Пап, Оршоја Карафиат, Ласло Краснахоркаи, Атила Бартиш и други. Заедно со Анамарија Цинеге-Панзова ја приредиле и превеле антологијата на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Книги

Oбјавен романот „Дона Алба“ од Џиб Михаеску

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Дона Алба“ од еден до најголемите романски писатели на ХХ век – Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

dobivaj vesti na viber

Книжевната критика има укажано на очигледни сличности меѓу „Дона Алба“ и „Црвено и црно“ на Стендал, „Бел ами“ на Мопасан и целото творештво на Достоевски. Главните ликови во ова дело што не избледува се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт во тоа време.

Во споредба со Достоевски и Мопасан, романскиот писател Џиб Михаеску успеал да ги прекрши влијанијата на руските и на француските класици низ призмата на животот во Букурешт меѓу двете светски војни во дваесеттиот век. Тој вешто го води читателот низ улиците на магнетниот свет на декадентната и мистериозна романска престолнина за да ги открие неговите тајни и да раскаже модерна приказна за принцовите и просјаците. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена меѓу двете светски војни. Се смета за голем љубовен роман во романската литература меѓу двете светски војни, но тој е повеќе од љубовен роман.

Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант го привлекува вниманието на минувачите на декадентниот Букурешт. Животот на еден од нив ќе се промени засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, младиот Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив…

Џиб Михаеску (роден во 1894 година во Драгашани, Романија), чие вистинско име е Георге Михаеску, е еден од најзначајните романски писатели во првата половина на ХХ век. „Дона Алба“ е неговиот последен и најзначаен роман и првпат е објавен во истата година кога умрел авторот (1935, на 41-годишна возраст). Учествувал во Првата светска војна, бил адвокат во Кишињев и во родниот град.

Џиб Михаеску напишал пет романи: „Раката на Андромеда“ (1930), „Русинката“ (1933), „Чоколадна жена“ (1933), „Деновите и ноќите на задоцнетиот студент“ (1934) и „Дона Алба“ (1935). Автор е на три книги со раскази: „Грандифлора“ (1928 – неговата прва книга), „Ведениа“ (1929) и „Сонот“ (1935), како и на збирката драми „Павилјонот во сенка“ (1928).

„Дона Алба“ е првото дело на Џиб Михаеску преведено на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски

Објавено пред

На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.

dobivaj vesti na viber

Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.

За книгата ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска, а стихови од наградената книга ќе кажува актерот Андреј Серафимовски

Настанот ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци.

Санде Стојчевски – поет, критичар, есеист, антологичар, полемичар и препејувач. Роден е 1948 година. Автор е на 70 книги од сите жанрови, преведуван е на многу јазици и добитник е на повеќе награди во Македонија и странство, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на СВП и „Ореден Мајаковски“ на Сојузот на руските писатели. Оваа година го одбележува јубилејот, 50 години од излегувањето на неговата прва книга „Кралот на лебедите“ во 1972 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија10 часа

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет10 часа

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија15 часа

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ16 часа

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа16 часа

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија17 часа

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија17 часа

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа20 часа

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа20 часа

Светскиот економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет20 часа

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...

Свет21 час

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека...

Европа21 час

Русија: Планираме да изградиме и распоредиме 50-ина нови ракети „Сармат“

Русија планира да изгради и распореди 50-ина нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади до крајот на есента,...

Европа21 час

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата,...

Европа21 час

Борел: Ги исцрпивме воените резерви поради војната во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неделата изјави дека војната во Украина тектонски го...

Свет1 ден

Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и...

Македонија2 дена

Ковачевски ќе ja предводи владината делегација во Ватикан и Рим, најавена е и средба со Петков

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од ќерката Тамара Ковачевска на 23 и 24 мај ќе предводи делегација на Република Северна Македонија...

Европа2 дена

Француски министер: За влез на Украина во ЕУ ќе бидат потребни 15 или 20 години

За влез на Украина во Европската унија ќе бидат потребни најверојатно 15 или 20 години, рече францускиот министер за европски...

Европа2 дена

Бајден: „Епидемијата на мајмунски сипаници причина за загриженост“

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој додаде...

Економија2 дена

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во...