Контакт

Култура

ММИ бара од министерот за култура регулирање на музичките авторски права

Објавено пред

Членови на Здружението за колективно управување на правата на произведувачи на фонограми и уметници – музички изведувачи, ММИ-Скопје упатија отворено писмо до министерот за култура, Хусни Исмаили, во кое бараат регулирање на музичките авторски права. Тие очекуваат враќање на лиценцата на ММИ-Скопје во најкус временски рок, а во спротивно велат, доколку продолжи игнорантскиот однос, ќе бидат принудени нивниот револт да го изразат со јавен протестен собир пред Министерството за култура.

Нивното писмо го пренесуваме во целост:

„Речиси четири години Министерството за култура не презема ништо за да ги заштити правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, кои се со Устав и Закон загарантирани. Се чувствуваме оштетени! Во време кога продажбата на плочи и цедиња е драстично намалена, единствено ни останува да живееме од хонорарите што ги добиваме од авторските и сродните права. И тоа не ни го дозволува државата! До кога ќе тонеме?! Немаме заштита на правата, тоа еден период го остварувавме, но, за жал, речиси четири години (од минатата власт) му е одземено правото на нашето Здружение (ММИ-Скопје) да ги штити нашите права.

До кога ќе чекаме да се остварат нашите права?
Кој ќе ни го надомести изгубеното во изминативе години?
Зошто не ни дозволувате да си ги заштитиме правата?
Навистина се претера!

Министре, континуирано се обидуваме да оствариме средба со Вас, но нашето барање сè уште нема никаков одговор.
Зарем не Ве интересира да слушнете за правата на изведувачите и произведувачите на фонограми?
Дали знаете што се нивните права?
Ги слушате ли Вашите советници или нема кој да Ве советува?
Погледнете како е во другите држави. БЕВМЕ ПРВИ ВО РЕГИОНОТ ВО 2004, А СЕГА СМЕ ПОСЛЕДНИ ВО СВЕТОТ! Како Ви звучи ова?! Не е воопшто за пофалба, зарем не? Го „газиме“ патот за ЕУ, а таму не се влегува без регулирани сродни права. Тонеме сè подлабоко и подлабоко. Има ли светло на крајот на тунелот? Вие сте тој кој може да ја направи разликата!

Очекуваме брза реакција од Ваша страна и враќање на лиценцата на ММИ-Скопје во најкус временски рок. Во спротивно, доколку и понатаму продолжи игнорантскиот однос на Министерството за култура спрема изведувачите и произведувачите на фонограми во нашата земја, ќе бидеме принудени нашиот револт да го изразиме со јавен протестен собир пред Министерството за култура.

Крајно време е да ја вратите лиценцата на ММИ“, велат од Здружението.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ в петок во НОБ

Објавено пред

Оперската претстава „Евгениј Онегин“ ќе биде изведена в петок, 24 јануари, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.
Операта „Евгениј Онегин“ е жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски… Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костомографија Марија Пупучевска, кореографија Олга Панго.

Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат: Марика Поповиќ, Сандра Митровска, Николина Јаневска, Соња Пендовска-Мадевска, Дарко Нешовски, Борис Трајанов, Евгениј Станимиров (Бугарија), Диме Петров, Борко Биџовски, Хорот, Оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

концерти

„Ѕвездена музика“ со оркестарот на Филхармонијата

Објавено пред

„Ѕвездена музика“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија.

Тромбонистот Питер Мур на 12 години, во 2008 година, стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на Би-би-си. На 18 години Мур беше назначен за коглавен тромбонист на престижниот Лондонски симфониски оркестар.

„Мојот стил во минатото беше да ги земам работите во мои раце и да не размислувам за далечната иднина, но кога ќе погледнам назад, да, имав среќа да бидам дел од толку многу прекрасни музички искуства“, вели Мур.

© Pete Jones
[email protected]

Тимоти Редмонд се усовршувал на мајсторски курсеви по диригирање со Јан Паскал Тортелије, Иља Мусин, Џорџ Хрст и Пјер Булез. Од 2006 година Тимоти Редмонд е шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ и диригира со сите водечки британски оркестри, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул, оркестарот на градот Алстер, филхармониските оркестри на Би-би-си и многу други. Кариерата го води во Франција, Белгија, САД, Финска, Босна и Херцеговина, каде што диригира со оркестри и работи на оперски продукции. Неодамна во САД, Редмонд работи како диригент на подготовките на нова опера базирана на приказната „Чарли и фабриката за чоколада“, а неодамна ја збогатува сопствената дискографија снимајќи компакт-диск со француската виолончелистка Офели Гајар за „Наив рекордс“.

„Прстенот на Нибелунзите“ од Рихард Вагнер не е само најамбициозно, туку и едно од најимагинативните музичко-сценски дела во историјата на музиката. Специфична карактеристика на музичкиот стил во ова дело е техниката што ја развива Вагнер преку иновативниот принцип на лајтмотиви – кратки музички фрази, кои музички отсликуваат личност, објект или идеја. Овие лајтмотиви играат значајна улога во „Прстенот“ во океанот од звуци и форми што го надополнуваат драмскиот развој на делото. Со цел да се приближи музиката од овoj музичко-сценски циклус до пошироката публика, направени се оркестарски аранжмани од современиците на Вагнер. Во овие аранжмани оркестарот има главна улога, нема големи интервенции во музичкиот дело, а резултатот е толку убедлив, што воопшто не се забележува дека станува збор за аранжмани.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје, деновиве го објави романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век – Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди.

Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер во Египет, писар во Вавилон, римски коњаник во Рим во епохата на владеењето на Тибериј, калуѓер во средновековна Германија, лекар во Франција за време на Француската револуција и најпосле универзитетски професор во Букурешт. Тој се вљубува во седум женски личности: Навамалика, Изит, Хамма, Сервила, Марија, Ивона и Илеана.

Ливиу Ребреану изјавил дека „Адам и Ева“ е дело најблиско до неговата душа.

Ливиу Ребреану (1885 – 1944) е романски писател, новинар и академик. Тој е еден од најзначајните романсиери во романската литература на 20 век. Роден е во Трлуша како прво од 13-те деца на Василие и Лудовика Ребреану, кои подоцна стануваат негова инспирација за фамилијата Херделеа, која се појавува во неколку негови романи: „Јон“, „Буна“, „Горила“ и други. Првата негова книга е објавена во 1912 година – изборот новели со наслов „Маки“. За време на Првата светска војна продолжил да објавува новели, а во 1920 го објавил романот „Јон“, кој се смета за прв модерен романски роман. За романот „Јон“ ја добил престижната награда на Романската академија, а во 1939 година и самиот тој станал член на Академијата. Од 1928 до 1930 година раководел со Националниот театар во Букурешт, а од 1940 до 1944 година бил претседател на Сојузот на романските писатели.

Автор е на голем број новели, драми, социјални романи, психолошки романи, кои претставуваат пресврт во романската литература и националната култура во тоа време. Негови најпознати дела се романите „Шумата на обесените“, „Адам и Ева“, „Јон“ и „Чиулеандра“, кои книжевната критика ги има оценето како ремек-дела. „Шумата на обесените“ е објавен и на македонски јазик, во издание на „Македоника литера“ (2018). „Адам и Ева“ е неговото второ дело на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус, ставен e во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија најверојатно се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет1 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија1 час

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион1 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава4 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија14 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија18 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија18 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија20 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет21 час

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија23 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија24 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ24 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет1 ден

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет1 ден

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија1 ден

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет1 ден

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет2 дена

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Досие