Контакт

Книги

Рекордна продажба на мемоарите на Барак Обама

Објавено пред

Во првите 24 часа од продажбата мемоарите на поранешниот американски претседател Барак Обама, „Ветена земја“, беа продадени во речиси 890.000 примероци во САД и Канада.

Оваа книга, чија цена е 45 долари, е на пат да стане најпродаваната книга во категоријата претседателски мемоари во поновата историја.

Продажбата вклучува нарачки однапред, електронски и аудиокниги.

„Воодушевени сме од првиот ден на продажбата“, рече Дејвид Дрејк од издавачката куќа „Пингвин“.

Книгата на сопругата на Обама, Мишел, Becoming, се продаде во 725.000 примероци во Северна Америка првиот ден, a за две години достигна тираж од 10 милиони во светот, наведува АП.

За споредба, книгата „Мојот живот“ на Бил Клинтон се продаде првиот ден во тираж од 400.000, а „Точки на одлука“ на Џорџ Буш во тираж од 220.000.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Нова книга на Славчо Ковилоски

Објавено пред

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“, излезе од печат збирката поезија „Компјутерска поезија“ на Славчо Ковилоски.

Во книгата авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. Овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.

Мотивите, инспирацијата, цитатите во оваа книга се земени од широкото подрачје на интереси на Ковилоски. Од популарната култура, преку фолклорот и секојдневниот живот, до љубовта и митот. Разградувајќи ги и повторно (поинаку) вградувајќи ги во својата поезија на иновативен и креативен начин, Ковилоски се оддалечува, значајно се оддалечува од формалноста и шаблонизирањето на стихот, создава нова, современа поезија, која бара нови изразни средства, нови форми, но, секако, и нови содржини.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), една книга критика и есеистика („Отворени страници“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и неколку монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и: награда за наука („3 Ноември“), за проза („Прозни мајстори“) и за поезија („Григор Прличев“ и „Јован Котески“). Во 2018 година го добил најголемото државно признание, наградата „Гоце Делчев“, за особено значајно остварување од интерес на Република Македнија од областа на науката.

Работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавени пет книги од најпродаваниот кинески писател за деца и млади, Шен Шиси

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве објави серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и млади и еден од најпродаваните современи писатели во светот.

Петте книги: „Непослушната мајмунка“, „Последниот слон воин“, „Крвавооката мечка“, „Волчицата невеста“ и „Горалите скокачи“ ги содржат најпопуларните и најуспешни новели на овој автор. Шен Шиси пишува за животните и во Кина е познат како кралот на приказните за животни. Во новелите на Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет преку имагинацијата на писателот ја отсликуваат човечката природа.

„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Преводите на оваа серија се на Елена Саздовска, Анета Пауновска, Сибел Ајдинова и Славчо Пеев.

Шен Шиси е роден 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување почнал во 80-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите дела се искрени, реалистични и трогателни приказни за животните. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се еднакво популарни и кај возрасните читатели.

Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Добитник е на многу награди за литература за деца, меѓу кои наградата на Здружението на писателите на Кина за извонредни дела во литературата за деца, добиена во три последователни години, наградата „Кинеска книга“, наградата за нови дела за литература за деца „Бингсин“ и наградата за литература за деца на Тајван, „Јанг Хуан“.

Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво. Неговиот прв роман за животни „Долината на слоновите“ е објавен во 1980 година. Неговото дело „Последниот воен слон“ е исто така адаптирано во сценска претстава.

До декември 2019 година, според проекцијата на пазарот на OpenBook, книгите за животни на Шен Шиси се продадени во над 60 милиони примероци веднаш по објавувањето на секое дело, од кои бестселерот „Сонувајќи да се биде крал на волците“ е продадено во речиси 15 милиони примероци. „Сонувајќи да се биде крал на волците“, исто така се најде на првото место во најпродаваната оригинална литература за деца во 2018 година. Покрај тоа, продажбата на пазарот на „Седмиот загар“, „Последниот слон воин“ и „Горалите скокачи“ надмина над четири милиони примероци од книга.

Шен Шиси имал нераскинлива врска со животните уште пред неговата писателска кариера. На 16-годишна возраст, во 1968 година, во време кога многу млади луѓе од кинеските градови биле испраќани во оддалечените рурални области, Шен побарал да замине во Сишуангбана, тропски регион во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тој живеел на границата на Јунан 18 години. Работел како работник во хидроцентрала и учител во планинско село, акумулирајќи искуство во оваа област. Единствената причина што Шен Шиси го избрал Јунан е тоа што имал слушано за многуте животни таму и можел да има куче за лов. Кога пристигнал таму, тој не само што добил куче, туку отишол да живее во куќа на ловџија, кој се однесувал спрема него како син и го водел на лов во целата Сишуангбана. Во повеќето негови дела за животни се присутни ликот на локалниот ловец и пределите на Сишуангбана. Уникатниот пејзаж во Сишуангбана, му дал на Шен обилен простор за создавање, како и материјал за оригинален вкус на животот во шумата. Опасноста за животните од нивните непријатели, борбата меѓу видовите, недостигот од храна и суровата страна на ловот од луѓето се тематските пунктови за кои Шен Шиси отворено пишува.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две ремек-дела на Шиси – „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (новели и раскази).

Прикажи повеќе...

Книги

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Италија

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот утврдена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на електронската адреса: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс тие автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 10 јануари 2021 година.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија, со која ќе претседава поетот од Македонија, Митко Гогов, претставник на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел преку возвишена поезија да се прослават и овековечат духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија9 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија10 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет10 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен11 час

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија14 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија16 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија16 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура17 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа18 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет18 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија19 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион19 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа19 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет20 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет20 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет21 час

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет21 час

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет21 час

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие