Контакт

Култура

Саемот на книгата, кој се одржа на отворено, го посетиле 20.000 луѓе

Објавено пред

Саемот на книгата оваа година го посетија 20.000 посетители, кои максимално ги почитуваа сите протоколи за спречување ширење на коронавирусот. На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

„Им се заблагодаруваме на сите изложувачи и посетители за доследното почитување на мерките за безбедност во време на пандемија. На некој начин сите помогнаа во одличната и безбедна организација на настанот. Овој концепт на саеми, користејќи ги капацитетите на A1-арената СЦ ‘Борис Трајковски’ – се покажа како успешен, со оглед на комплетната инфраструктура со која располага центарот. Истовремено, најавуваме и организација на други настани и саеми во согласност со сите протоколи на организација“, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на Саем на книгата.

Саемот е организиран од страна на „Глобал медија гроуп“ и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија како културна манифестација.

„Глобал медија гроуп“ e официјален застапник на TIF – Helexpo (солунскиот саем) за Република Северна Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски во „Мала станица“

Објавено пред

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство.

Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“.

Изложбата ќе биде организирана под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација.

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

Димитар Кондовски (1927-1993) во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Прикажи повеќе...

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија7 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија7 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет9 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија12 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија14 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија14 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет15 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа17 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт17 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија17 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија17 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет18 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија18 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија19 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија20 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие