Контакт

Книги

Скопје ќе ја одбележува 2020 како година на Славко Јаневски

Објавено пред

Годинава да биде прогласена за година на Славко Јаневски, ќе предложи градоначалникот Петре Шилегов на наредната седница на Советот на Град Скопје.

Како што информираат градските власти, ваквата иницијатива ќе биде покрената во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот писател.

„Во текот на целата година, Градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест“, се наведува во соопштението.

Активностите за одбележување на јубилејот започнуваат веќе денеска со поетското читање насловено како „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар, со почеток од 19.30 часот.

Книги

Објавена книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“, во превод од англиски јазик на Анета Пауновска. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфуцијанската мудра мисла.

На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфуциј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.

Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфуциј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја.

„Гледиштата на Конфуциј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер, како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.

„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа… Конфуциј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа. Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Каспер Ших (1937), доктор по техничка наука на универзитетот во Токио, е претседател на Глобалниот кинески фонд за конкурентност. Повеќе од 4.000 средни и мали претпријатија во Тајван постигнаа успешна трансформација под негово водство. Клучните проекти кои беа во негова надлежност се „Планот за автоматизација на производството“, „Подобрување на продуктивноста во севкупно движење“, „Проектот за подобрување на квалитетот на производите“, „Планот за технологија за воведување на средни и мали претпријатија“, итн. една од клучните фигури што го промовираа Тајван во една од четирите азиски тигри. Беше наречен „таткото на автоматизацијата на Тајван“. Имплементацијата на планот за автоматизација и програмата за промоција на квалитетот од Тајван направија лидер меѓу „четирите азиски тигри“ на почетокот од 90-тите години на 20 век.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје, деновиве го објави романот „Адам и Ева“ од романскиот писател Ливиу Ребреану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век – Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди.

Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер во Египет, писар во Вавилон, римски коњаник во Рим во епохата на владеењето на Тибериј, калуѓер во средновековна Германија, лекар во Франција за време на Француската револуција и најпосле универзитетски професор во Букурешт. Тој се вљубува во седум женски личности: Навамалика, Изит, Хамма, Сервила, Марија, Ивона и Илеана.

Ливиу Ребреану изјавил дека „Адам и Ева“ е дело најблиско до неговата душа.

Ливиу Ребреану (1885 – 1944) е романски писател, новинар и академик. Тој е еден од најзначајните романсиери во романската литература на 20 век. Роден е во Трлуша како прво од 13-те деца на Василие и Лудовика Ребреану, кои подоцна стануваат негова инспирација за фамилијата Херделеа, која се појавува во неколку негови романи: „Јон“, „Буна“, „Горила“ и други. Првата негова книга е објавена во 1912 година – изборот новели со наслов „Маки“. За време на Првата светска војна продолжил да објавува новели, а во 1920 го објавил романот „Јон“, кој се смета за прв модерен романски роман. За романот „Јон“ ја добил престижната награда на Романската академија, а во 1939 година и самиот тој станал член на Академијата. Од 1928 до 1930 година раководел со Националниот театар во Букурешт, а од 1940 до 1944 година бил претседател на Сојузот на романските писатели.

Автор е на голем број новели, драми, социјални романи, психолошки романи, кои претставуваат пресврт во романската литература и националната култура во тоа време. Негови најпознати дела се романите „Шумата на обесените“, „Адам и Ева“, „Јон“ и „Чиулеандра“, кои книжевната критика ги има оценето како ремек-дела. „Шумата на обесените“ е објавен и на македонски јазик, во издание на „Македоника литера“ (2018). „Адам и Ева“ е неговото второ дело на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

За наградата „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

Објавено пред

Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД, во состав Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“) на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150 000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија30 минути

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика Георгиевска, сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на...

Македонија1 час

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет1 час

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион2 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет3 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион3 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион3 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија3 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија14 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија16 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија16 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија18 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт18 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија18 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија19 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија21 час

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија23 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија23 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија24 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Досие