Контакт

Култура

Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ во Битола

Објавено пред

Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, чија премиера и реприза одлично поминаа во 2018 година во Скопје, повторно ќе биде изведен денеска со почеток во 20 часот на големата сцена во Народен театар Битола.

Kонцепт и кореографијата е на Ивана Коцевска, музиката на Филип Глас, Иван Пенов, пијано изведба (снимка) на Дино Имери, костимографија на Милена Атанасова, а танчери се Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Мила Ниновска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Симона Митовска, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валентино Апостоловски, Ендру Кук, Ивана Коцевска.

Продукцијата е на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Култура

Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“ ќе се одржи следната седмица

Објавено пред

Во текот на следната седмица, поточно од 28 септември до 3 октомври, ќе се одржи Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“, кој е во заедничка продукција на НУ Театар Комедија и на Општина Аеродром.

,,Фестивалот на комедијата годинава се одржува малку подоцна, на поинаква локација и со малку подизменет концепт. Мора да истакнеме дека долго анализиравме дали воопшто да се одржи годинашново издание на Фестивалот или да се одложи за следната година. Сепак, одлучивме да го одржиме, но да е од ревијален карактер, со тоа што годинава ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. И локацијата на одржување на Фестивалот е сменета, бидејќи така налагаат протоколите, па овој пат тој ќе се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка ,,Сонце“ во Реонски центар Аеродром.

Подготовките за овогодишното издание веќе привршуваат, а програмата на Фестивалот ќе биде објавена кон крајот на оваа седмица. Целата органзација и реализација се одвива во рамките на протоколите кои се одобрени од страна на Комисијата за заразни болести за организација на настани на отворено. Ќе бидат запазени сите мерки за безбедно следење на Фестивалот од публиката, како и за безбедноста на сите учесници. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, столчињата на кои ќе седи публиката ќе бидат распоредени на соодветно растојание, а ќе бидат спроведени и сите други мерки кои се во согласност со протоколите за одржување настани на отворено. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публика ќе бидат отворени од 19 часот. Како што споменавме, во текот на оваа седмица ќе ја објавиме целосната програма на Фестивалот, како и протоколот“ – истакнуваат од управата на Театар Комедија.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечерва и утре „Тивко кино“ на Синедејс со проекции на 4 филмови

Објавено пред

Mеѓународниот фестивал на европски филм, Синдејс за првпат годинава овозможува „Тивко кино“ (Silent cinema) на два кино простора.

Проекции ќе има денеска и утре на локациите на кино Напредок и кино Маџари.

„Во густо населените средини, со цел да не им пречи на граѓаните кои живеат во непосредна близина, CINEDAYS ја покрена иницијативата „Тивко кино“. При проекција на филмовите не се создава бучава, секој ќе има можност звукот да го слуша на слушалки, и да има многу лично доживување на содржината“, вели Маргарита Арсова, координаторка на фестивалот.

На репертоарот се четири филма од програмата CINEDAYS ретро. Проекциите на филмовите и користењето на реквизитите (слушалките) е согласно протоколите за одржување на настани на отворено.

КИНО НАПРЕДОК

20:00 ХЕРБЕРТ
режија: Томас Стубер

Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт, ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сé поочигледни. Херберт конечно оди на прегледи кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.

22:00 МУСТАНГ

режија: Дениз Рамзе Ергувен

Доаѓа лето. Во едно село во северна Турција, Лале и нејзините четири сестри се враќаат дома од училиште и патем невино си поигруваат со неколку момчиња. Неморалот на нивната игра доведува до скандал со неочекувани последици. Семејниот дом полека се претвора во затвор. Училиштето е заменето со домашно школување, а почнуваат да се договараат и бракови. Петте сестри што ја делат истата страст за слобода, наоѓаат начин да ги заобиколат наметнатите ограничувања.

КИНО МАЏАРИ

20:00 ТИЛВА РОШ
режија: Никола Лезаиќ

Бор, Србија, некогаш најголемиот рудник за бакар, сега само најголема дупка во Европа. Се случуваат мали работнички протести, Тода и Стефан се најдобри другари, скејтери, кои го поминуваат првото лето по завршување на средното училиште. Стефан наесен ќе оди на факултет во Белград. Тода вели дека не би се запишал на факултет дури и да има пари. Времето го помунуваат во снимање на видеа во стилот на „Џекес“ и дружење со Дуња, која се враќа од одмор во Франција, и полека започнуваат тивка борба за нејзиното внимание. Во тој необичен однос на пријателство во изумирање и ривалство, постојано се обидуваат да се надминат. Но, кога малиот работнички протест прераснува во огромен бунт, нивната деструктивност ќе ги врзе повторно.

22:00 СМРТ НА ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ
режија: Мирослав Момчиловиќ

Почетокот е – смртта на еден композитор. Црна комедија, која го истражува балканскиот менталитет. Камерна драма со многу хумот, одлични дијалози, необична снимателска работа. Осумдесет минути камерата е во еден агол на станот, а сé пред неа се случува со необична динамика и темпо. Во филмот се препознаваат сите лоши аспекти на Балканот, од ситните интереси, суеверието, страв од власта, лицемерието. Филм преполн со маниризам и сатира.

Прикажи повеќе...

Култура

Синедејс: Проекција на македонскиот филм „ТМ“, приказна за вербата и осаменоста сработена со ентузијазам и речиси без буџет

Објавено пред

Македонскиот инди филм „ТМ“ во режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, вечерва во 22 часот ќе биде прикажан во паркот Ибни пајко, а во рамки на филмскиот фестивал „Синдејс“.

„ТМ“ е филм кој е работен речиси без буџет и раскажува приказна за осаменоста и вербата во невозможното. Станува збор за критика на општеството и политиката како главен виновник за исчезнување на поединецот, за исчезнување на една личност, која е цел еден свет.

Пред вечерашната проекција, режисерот Димитријевиќ во разговор за „Макфакс“ вели дека најважно е да се работи со добра екипа и упати пофални зборови и благодарност до сите кои учествувале во проектот.

Тој раскажува дека тимот ја препознал идејата, па решиле да бидат дел во филмот под околности кои не подразбираат некаква заработка веднаш.

„Со јасен концепт и добра екипа може да се направи филм со лимитирани средства, а тоа сме го виделе во многу случаи во светската кинематографија“, вели Димитријевиќ.

Покрај „ТМ“, во рамки на програмата на „Синдејс“, денеска ќе бидат прикажани уште 8 филмови во Градскиот парк, МКЦ парк, Парк Ибни Пајко и POP-UP киното.

Фестивалот „Синдејес“ пред два дена беше отворен со премиера на македонскиот филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ, а ќе биде затворен в четврток со премиерата на најновиот филм на Игор Иванов-Изи, „Хомо“.

Елена Тарчуговска

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите...

Економија1 час

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет3 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет3 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија3 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет16 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија18 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија20 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Досие