Контакт

концерти

Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Објавено пред

Исклучителниот руски пијанист Евгениј Корољов, в понеделник (2 декември), во 20 часот, ќе одржи рецитал во Камерната сала на Филхармонијата. На програмата се пет антологиски дела за пијано од големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен, чие творештво годинава се чествува во целиот свет по повод 250-годишнината од неговото раѓање. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските ремек-дела: Соната бр.8 во Ц-мол, оп.13- „Патетична“, Соната бр.13 во Ес-дур оп.27, бр.1- „Квази уна Фантазија“, Соната бр. 14 во Цис-мол, оп.27, бр.2: „Месечева соната“, Соната бр. 27 во Е-мол, оп.90 и Соната бр. 23 во Ф-мол, оп.57- „Апасионата“.

Рускиот пијанист Евгениј Корољов (1949), роден во Москва, каде што и студирал на Московскиот конзерваториум, живее и работи во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува во светот и од своето постоење (1976) добива значајни награди, меѓу кои и наградата Choc на фестивалот Le monde de la musique за аудиозаписот на Шубертовата музика. Во 2011 година дуото сними цеде со дела од Бах.

Егениј Корољов уште како студент се истакнал со врвна пијанистичка техника за што бил наградуван на меѓународни натпревари, меѓу кои и на Бах-атпреварот во Лајпциг (1968) или наградите „Ван Клибурн“ (1973) и „Клара Хаскил“ во Швајцарија (1977). Тие му овозможиле интернационална кариера и настапи во Источна и Западна Европа, Канада и во САД. Корољов, покрај делата од периодот на класицизмот и романтизмот, како и делата од современиот репертоар, отсекогаш бил заинтересиран за творештвото на Ј. С. Бах. На 17 години во Москва ќе го изведе неговиот „Добро темпериран клавир“ и оттогаш постојано го изведува Бах, особено „Голдберг варијациите“ и „Уметноста на фугата“. Настапувал на значајни фестивали во светот како солист, но и како камерен музичар со видни музичари, меѓу кои и со виолончелистите Миша Мајски и Наталија Гутман или виолинистот Кристоф Барати. Првото цеде на Корољов, на кое тој ја изведува „Уметноста на фугата“, ќе добие извонредни критики. Композиторот Џорџ Лигети, на пример, ќе каже: „Ако треба да изберам едно музичко дело на пуст остров, тогаш ќе го изберам Бах со Корољов, кој би го слушал сè до мојот последен здив“. Цедето со „Голдберг варијации“ исто така не само што доби добри критики, туку е оценето како култно издание и доби мноштво меѓународни награди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Грчките уметници Гримпас и Лазаридис настапија на Охридско лето

Објавено пред

Со добро избрани композиции на Рахманинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика, кои вчера беа дел од публиката на Охридско лето.

Виолончелистот Гримпас е задоволен од својот настап пред публиката во црквата „Света Софија“, иако, како што рече, како музичар во оркестар веќе подолг период не музицира на концертните подиуми.

„Многу сме среќни и голема ни е честа со колегата Лазаридис што имаме можност да го изведеме нашиот перформанс во ова прекрасно место. Многу ми недостигаат концертите. Свирам во оркестар, но поради корона-кризата, не настапуваме, па, така, ми недостига музиката. Што се однесува до фестивалот Охридско лето, можам да кажам само пофални зборови за извонреднатa организација и би сакал повторно да настапиме овде“, изјави Гримпас.

На репертоарот беа Сонатата за виолончело и клавир оп. 19 од Сергеј Рахманинов, како и композицијата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, што беше соло настап на пијанистот Лазаридис.

Христос Гримпас студиите ги почнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар, како и на Оркестарот на Европската Унија.

Добитник е на повеќе награди и признанија. Од 2002 година е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“, со кој настапува во музејот „Тејт модерн“ во Лондон, во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.

Пијанистот Џорџ Емануел Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30-годишно присуство на интернационалната музичка сцена, како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции. Активен е на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи што го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на врвната пијанистка Наталија Трул на „Охридско лето“

Објавено пред

Извонредната руска пијанистка Наталија Трул вчеравечер одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Вечерта во која публиката уживаше до самиот крај, започна со блескава интерпретација на Соната оп.31 бр 2 d-moll „Бура“ од Лудвиг ван Бетовен со што фестивалот и уметницата која е претставничка на старата руска пијанистичка школа дадоа придонес во одбележувањето на 250 години од раѓањето на големиот композитор, чија девиза дека музиката е универзален јазик што ги поврзува луѓето, денеска е актуелна повеќе од кога и да е.

„ Бетовен е еден од моите омилени композитори. Сакам да верувам дека го разбирам неговиот јазик и би била многу среќна доколку успевам да им го објаснам и на другите луѓе“, изјави пијанистката Наталија Трул.

Со префинета техника на пијаното, Трул ја изведе и Етидата оп.25 бр.7 од Фредерик Шопен, а во вториот дел од концертот отсвири комбинација на етиди од Шопен и Клод Дебиси.

„ Во вториот дел од концертот креирав многу интересна комбинација помеѓу и Дебиси и Шопен. Постои огромна комуникација помеѓу нивните дела, тие си одговараат и се надополнуваат“, додаде руската пијанистка.

Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Даница Стојанова, рече дека станува збор за пијанистка кај која воопшто не постојат никакви пропусти во изведувањето.

„ Со Наталија Трул соработувам веќе подолго време. Таа освојува сребрен медал на Меѓународниот натпревар Чајковски. Концертира насекаде во светот и е специфична во своите изведби. Наталија Трул е еден голем, челичен, би рекла машки изведувач, иако е жена. Таа е претставник на типичната стара руска школа кај која нема апсолутно никакви пропусти во ништо“, смета селекторката Стојанова.

Оценувајќи како поминаа изминатите музички концерти на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, селекторката истакна дека овој фестивал во моментов е единствен културен бисер којшто треба да служи како пример во секоја смисла.

„ Музичката приказна годинава има фантастична динамика и е ексклузивна. Секоја вечер има разноликост на инструменти и уметници, како и различна програма. Колку и да се важни економијата и финансиите, за Охрид е важна и духовноста. „Охридско лето“ е елита, но не во материјална смисла, туку во смисла на вистинското, духовното живеење“, рече Стојанова.

Доказ дека фестивалскиот репертоар годинава е одличен, според селекторката на музичката програма, е тоа што за концертите на класична музика се бара карта повеќе, но како што појасни, има рестрикции во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваат здравствените протоколи за одржување вакви настани.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Пијанист свири клавир додека виси од кран 40 метри над земјата

Објавено пред

Швајцарскиот пијанист Алан Роше го одржа својот прв настап откако беше укинат карантинот поради коронавирусот на необичен начин, висејќи од кран на висина од 40 метри над земјата.

На необичниот концерт на зградата во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музиката.

Тие седеа, а поделени им беа слушалки со цел квалитетот на звукот да биде што е можно подобар, пренесува RT.

Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а еден од присутните рече дека доживеал „необично и магично искуство“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија25 минути

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија15 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија16 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа16 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија16 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија16 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија18 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија19 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија20 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет21 час

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија21 час

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ21 час

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет23 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет23 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет24 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет24 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа1 ден

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Досие