Контакт

концерти

Со концерт на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на Филхармонија

Објавено пред

Со концертот насловен „Зорнина“ на 6 октомври се отвора новата концертна сезона на Филхармонија насловена „Дамар на слободата“.

dobivaj vesti na viber

„Секоја концертна сезона има ново име, оваа музичка сезона ја насловивме „Дамар на слободата“, а инспирација ни беше последниот концерт во претходната сезона кој беше насловен „Слобода“. Насловот произлезе од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Во новата сезона ќе нè води дамарот, односно „пулсот“ на слободата. Насловите на концертите се инспирирани од архаични зборови во македонскиот јазик, со што сакаме да дадеме акцент на некои заборавени зборови од богатата ризница на нашиот јазик“, вели Тина Иванова, директорка на Филхармонијата.

На концертот на отворањето на сезоната како солисти ќе настапат врвните пијанисти Алексеј Володин и Едит Пења, а диригент е маестро Гудни А. Емилсон од Исланд. На програмата се дела од генијалниот Волгфанг Амадеус Моцарт – три клавирски концерти и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“.

„За првпат во една концертна вечер ќе бидат изведени три концерти за пијано од Моцарт, што претставува своевиден куриозитет на овој концерт“, вели Иванова.

Со концертот насловен „Далга“ кој ќе биде изведен и во Скопје на 12 октомври, оркестарот на Филхармонија ќе гостува и во Белград на 16 октомври. Диригент на овој концерт е маестро Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи Рафаел Агире на гитара од Шпанија. На програмата се дела од Петровски, Родриго и Чајковски.

„Гостувањето во Белград е од исклучително значење за нашата институција, историски настан за нас“, вели Иванова.

До крајот на сезоната публиката ќе има можност да проследи низа интересни концерти со возбудливи солисти и диригенти и да чуе деликатно избрана програма. До крајот на годината со оркестарот на Филхармонија ќе настапат диригентите Кондрад ван Алфен, Емил Табаков, Борјан Цанев, Виктор Митревски, а како солисти ќе настапат и голем број македонски солисти – виолинистите Владимир Костов и Даниел Лазаревски, чембалистката Цветанка Созовска, тенорот Благој Нацоски.

Насловите на концертите во сезоната „Дамар на слободата“ се извлечени од богатата ризница на архаизми во македонскиот јазик – „Вида“, „Азно“, „Меѓа“, „Далга“…

Во рамки на програмата до крајот на оваа година е и концертот за деца „Магичен глас“ како и концертот „Омаж за маестро Александар Џамбазов“ кој ќе се реализира во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Филхармонија за првпат по подолго време ќе соработува и со НОБ, со чии ансамбли заедно ќе го изведат Вердиевиот „Реквием“ на „Мајските оперски вечери“ како и музиката на Збињев Прајснер од филмот „Три бои сино“ на режисерот Кшиштоф Кишловски.

Промоција на албумот „Филхармонија во срцето“

На отворањето на новата концертна сезона „Дамар на слободата“ ќе биде промовирано и новото це-де „Филхармонија во срцето“ кое го издаде „Con:tempo“ во соработка со Филхармонија на РСМ.

-Исклучително сум среќна што токму овој концерт се најде на цедето, бидејќи станува збор за изведба во живо – вели Дијана Имери Илкоска, диригентката која во водеше концертот „Филхармонија во срцето“.

Албумот е снимка од истоимениот концерт на Камерниот оркестар на Филхармонија кој го водеше диригентката Дијана Имери Илкоска, а како солисти настапија Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). На албумот може да се слушне изведбата на дела од Антон Аренски, Антонин Дворжак и од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Проекција на филмот „Амадеус“ во Кинотека

Во соработка со Кинотеката на РС Македонија, в среда, на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе се прикаже антологиското кинематографско дело на режисерот Милош Форман – филмот „Амадеус“ биопик, посветен на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. Проекцијата на филмот ќе биде своевидна увертира, пред концертот на 6 октомври на кој оркестарот на Филхармонија и пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења ќе изведат четири дела од богатиот музички опус на Волфганг Амадеус Моцарт.

-Успеавме да ги обезбедиме правата за прикажување на филмот, откако го исконтактиравме синот на продуцентот на филмот „Амадеус“. Парите со кои требаше да ги платиме парите за прикажување, на барање на продуцентската куќа ќе ги донираме во хуманитарни цели – вели Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на РС Македонија.

Филмот „Амадеус“ е снимен во 1984 година, а сценарист е Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која акцентот е ставен на наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија, во втората половина на XVIII век.

„Амадеус“ беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „оскари“ (вклучувајќи и „оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една од Режисерското здружение на Америка.

Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53. место на листата „100 години… 100 филмови“.

Освен проекцијата на „Амадеус“, Кинотеката во соработка со Филхармонија ќе прикаже уште четири филмови „Малер“ на Кен Расел, „Проба на оркестарот“ на Фредерико Фелини и немиот филм „Сатанска рапсодија“ од 1917 година за кој музиката ја напиша Пјетро Маскањи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски

Објавено пред

Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.

Програма:

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2

Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1

Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)

Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)

Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“

Исаак Албениз – Rapsodia Española

Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.

„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.

Прикажи повеќе...

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија1 час

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет2 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет2 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет4 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет4 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет5 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија10 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет11 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет13 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет17 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет21 час

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет21 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет22 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет22 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет23 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет23 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија24 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет24 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...