Контакт

концерти

Спуштена завесата на 60-тото јубилејно „Охридско лето“

Објавено пред

Со театарската претстава „Бог на масакрот“ во изведба на НУ Турски театар Скопје, вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ беше спуштена завесата на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.

Директорката на НУ „Охридско лето“ , Наташа Поповиќ, истакна дека ова јубилејно „Охридско лето“ поради ситуацијата со коронавирусот се одржа во термин различен од традиционалниот, пред строго ограничен број гледачи кои во текот на изминатите 27 фестивалски денови можеа да уживаат во 26 музички концерти и шест театарски претстави прилагодени според протоколите за здравствена заштита.

„Уметноста, естетското доживување на врвните концерти и театарски претстави на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата ‘Св.Софија’, предворјето на ‘Св. Софија’, ‘Долни сарај’, кои ги понудивме на 60-то фестивалско издание се сведоштво дека силата на музиката и театарот се храна за човечкиот дух и во кризни времиња како ова – времето на короната. Бевме пример дека може да се реализира врвна манифестација и покрај сите протоколи што ги предвиде Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Покажавме дека културата е таа која може да го промени светот, да го преобрази, да ја победи и болеста, и за миг да внесе убавина во нашето секојдневие. Музиката и театарот нè обедини сите, станавме посилни и барем за миг, ги оттргнавме мислите од статистичките бројки на оваа страшна пандемија“, рече Поповиќ.

Директорката Поповиќ упати огромна благодарност до сите изведувачи кои, како што кажа, имаа храброст да дојдат во време на најголемата здравствена криза предизвикана од Ковид-19 и да настапат пред фестивалската публика.

„Огромна почит и благодарност и до сите кои придонесоа да славиме уште едно возвишено издание на ‘Охридско лето’, до оретседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот, со што ‘Охридско лето’ низ годините ја гради својата величина и го одржува приматот на најзначајна културна сцена со богата традиција која ги негува вистинските вредности на уметноста, до Владата на Република Северна Македонија и Министерство за култура за вложувањата во развојот и унапредувањето на културата во државава. Нивната поддршка претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. Благодарност и до Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески за заложбите да ја доближиме културата и туристичката понуда до сите гости, посетители, уметници. Упатувам благодарност и до нашите спонзори, помагатели, пријатели, љубители на уметноста, поддржувачи на културните вредности … посебно до нашиот генерален спонзор, ‘Македонски телеком’, како наш најголемиот партнер на патот кон успесите. Тука се и Амбасадите на Италија, Чешка, Франција и Делегацијата на Европската Унија во земјава, со чија помош се реализираа дел од годинешните концерти, рече Поповиќ, потсетувајќи дека приказната „Охридско лето“ започна пред шест децении со оперската певица Ана Липша Тофовиќ, чие семејство добива плакета по повод јубилејот, а во знак на неизмерна почит и благодарност кон певицата која го одржа првиот концерт на фестивалот.

Годинешното јубилејно издание, според Поповиќ, немаше да биде беспрекорно организирано без тимот на фестивалот кој професионално, посветено и неуморно работеше на реализацијата на фестивалските вечери, без селекторите на музичката и драмската програма, Даница Стојанова и Александар Поповски, како и без Управниот одбор на фестивалот. Од „Охридско лето“, синоќа беше врачена плакета и до екипата на документарецот „Медена земја“ за промоција на македонската култура.

Затворајќи го годинешното „Охридско лето“, и Турскиот театар од Скопје одбележа 7 децении од постоењето.

„Последната претставата ја одигравме на 28 февруари годинава и оттогаш сцената во нашата национална установа се затвори. Но, ние направивме напор, и од сè што досега има сработено Турски театар, од сите претстави, пробавме да направиме видеозаписи. Се надеваме дека од септември ќе се изнајде протокол, ако ништо повеќе, барем да ги подготвиме проектите што ни ги одобри Министерството за култура, а тоа се четири претстави, сите наменети за јубилејот“, изјави директорката на Турски театар – Скопје, Несрин Таир.

Претставата со која беше спуштена завесата на „Охридско лето“ ја режираше Билге Емин, на текст од Јасмина Реза. Актерите Сузан Акбелге, Филиз Ахмет, Џенап Самет и Селпин Керим на сцената покажаа дека насилството постои во луѓето, дивјаштвото што демне во секој од нас.

концерти

„Шпански танц“ со Филхармонијата

Објавено пред

„Шпански танц“ е насловот на концертот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток (1 октомври) во 20 часот, на кој ќе бидат изведени барокни варијации „Пасчакона“ од македонскиот композитор Благој Цанев и „Кармен свита“ од Бизе – Шчедрин.

Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија.

Барокните варијации „Пасчакона“ за гудачки оркестар се напишани во стилот на необарокот, како што сугерира и самиот наслов на композицијата. Делото е напишано како омаж на творештвото на Јохан Себастијан Бах во 1985 година по повод 300-годишнината од раѓањето на композиторот.

Во „Кармен суита“, Шчедрин успева да ѝ даде нов здив на музиката на Бизе и да создаде креативен омаж наместо едноставен аранжман. Музиката за балетот е инвентивна и полна со енергија и активно го живее својот интернацинален живот како концертна свита.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен.

Прикажи повеќе...

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се...

Свет5 часа

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет6 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија7 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Европа8 часа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран. Доаѓајќи на...

Македонија9 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион9 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет9 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет10 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија11 час

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ11 час

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион12 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ13 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија15 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија16 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Досие