Контакт

Книги

Српскиот писател Светислав Басара добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“

Објавено пред

Големиот српски писател Светислав Басара е годинешен добитник на „Прозарт“ – наградата што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ од Скопје ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

Светислав Басара (1953, Бајина Башта) е романсиер, раскажувач, есеист и драмски писател. Автор е на повеќе од триесет романи, збирки раскази, драми и есеи. Добитник е на многу српски и меѓународни книжевни награди.

Авторот на „Фама за велосипедистите“, кој според многу ранг-листи на критиката се смета за еден од најдобрите српски романи на 20 век, беше едногласно избран од одборот за доделување на наградата: Ермис Лафазановски, претседател, Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски, членови.

„Прозното творештво на Басара е извонредно богато и разновидно: освен неговите култни романи, тој досега напишал книги со раскази, есеи и колумни, кои критиката одлично ги оценила. Блескавиот авторски почеток на Басара се најави уште со неговите први прозни дела – ‘Кинеското писмо’ и Peking by Night, кои веднаш го издвоија како најубедлив претставник на постмодернизмот. По овие дела Басара речиси без прекин создаваше романи кои беа откритие и за српската и за балканската книжевност. Некои од нив се ‘Дневниците на Марта Коен’, ‘Подемот и падот на Паркинсоновата болест’, книги омилени не само меѓу критичарската рецепција туку и кај многубројните читатели од Балканот и од Европа. Денес, без сомнение делото на Басара е меѓу најугледните во балканскиот книжевен контекст. Неговиот луциден прозен исказ, стилското мајсторство и актуелноста на општочовечките, но и на современите теми и дилеми што ги обработува во своите книги го издвојуваат како извонредно интересен и вредносно супериорен балкански прозаист“, се вели во одлуката на Одборот.

Басара ќе ја прими наградата во Даут-пашиниот амам, на затворањето на фестивалот, 29 мај. Инаку, на тридневниот литературен фестивал во Скопје Басара ќе биде во друштво на петмина врвни автори од Балканот. Тоа се: Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Ајфер Тунч од Турција, Јуриј Худолин од Словенија и Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина.

Во рамките на фестивалот и годинава ќе се одржи програмата „Скопје фелоушип“, во која гости ќе бидат двајца врвни издавачи и еден литературен агент, кои ќе се сретнат со писатели од Македонија и со членови на Македонската асоцијација на издавачи. Тркалезната маса оваа година е на тема „Балканските класици во европската литература: (не) визибилност во 21 век“. Со тоа фестивалот се приклучува кон славењето на Европската година на културното наследство. Инаку, литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Икона“.

Книги

Објавена книгата раскази „Ужас и големи трошоци“ на Роберт Перишиќ

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје неодамна ја објави книгата со раскази „Ужас и големи трошоци“ од хрватскиот писател Роберт Перишиќ, во превод од хрватски јазик на Ленче Тосева.

Ужас и големи трошоци е збирка со 20 раскази, првпат објавена во 2002 година, а од хрватската книжевна критика беше оценета како една од најзначајните книги на деценијата во Хрватска.

Во оваа книга Перишиќ дава автентична, донекаде и трагикомична слика за поствоеното општество. Тој пишува за „хендикепираното“ потрошувачко општество, а јунаците најчесто се транзициски потрошувачи зафатени од егзистенцијалниот ужас предизвикан понекогаш од видливи причини: војна, страдања, алкохол, сиромаштија, насилство, но многу често тој ужас е, всушност, безнадежноста во секојдневието. По завршувањето на војната антијунаците се соочуваат со посуптилни секојдневни и егзистенцијални проблеми од основната потреба да се зачува животот – од финансиска, работна, љубовна природа. Некои проблеми се појавуваат поради неприспособеноста во секојдневниот живот и неснаоѓањето во продолжувањето на
нормалниот живот. И овде Перишиќ се фокусира на романтичните и емотивните врски врз кои ги гради приказните во своите раскази. Расказите во книгата се напишани со жив урбан јазик – на загрепски жаргон. Според авторот, ова се раскази за потрошувачкото општество во транзиција.

Два расказа од оваа книга се вклучени во антологијата на источноевропската проза објавена во Италија – Pensi che ci saremmo potuti conoscere in un bar? (2010).

Роберт Перишиќ (роден во 1969 г. во Сплит) по образование е професор по хрватски јазик и книжевност. Тој е еден од најнаградуваните и најпреведуваните современи хрватски писатели. Живее во Загреб како самостоен автор. Пишувал за култниот весник „Фелард трибун“ (1994 – 2000), а потоа објавува книжевна критика во неделникот „Глобус“ (2000 – 2013). Ги основал и ги уредувал списанијата за култура „Години“ (1992 – 1997) и „Нови години“ (1997 – 2000).

Прикажи повеќе...

Книги

Бугарско издание на поетска книга од Филип Димкоски

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Палмира“ од Стара Загора, Бугарија, деновиве од печат излезе бугарското издание на поетската книга „Во градината има само љубов“ од македонскиот поет Филип Димкоски.

Препевот е на Палмира Никленова, автор на корицата е Кристијан Јованоски, рецензенти се Илијана Каракочева (Бугарија), м-р Снежана Алексиќ-Станојливиќ (Србија), проф. д-р Гордана Попсимонова и проф. д-р Васил Тоциновски (Македонија), предговорот го напиша д-р Александар Димкоски, а уредник на изданието е писателот Димитар Никленов.

Првата промоција на книгата ќе биде на 20 мај во куќата музеј „Гео Милев“ во Стара Загора, а предвидени се и промоции во други градови на Бугарија до крајот на годинава.

Неговата книга „Божилак на исконот“ исто така е објавена на бугарски јазик и е промовирана во Бугарија во 2016 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Херојска/еротска книга“ на Марта Маркоска во „Јавна соба“

Објавено пред

Поетската книга „Херојска/еротска книга“ („H/ero/t/ic book“) на Марта Маркоска ќе биде промовирана вечерва во „Јавна соба“ со почеток во 21:30 часот. Авторката во својата покана за оваа сценска промоцијата го наведува слоганот „дојдете во мојата соба, ќе ве доведам до климакс само со зборови“.

Почесни соработници на Марковска за оваа книга се Александра Спасеска, препев на книгата, Ленче Наумовска, дизајн на корицата, Тоше Јанев, фотографија на корицата, Борјан Исајловски, промотивно видео и Борче Николовски, водител на настанот.

Настанот е во продукција на Стерија Зиков и Импакт Медија, главната поддршка од Александар Велиновски и „Јавна соба“, а издавач е Дејан Павлевски и Матица Ексклузив.

„Херојска/еротска книга“ е 12-та книга на Маркоска која во својот книжевен опус вбројува книги поезија, есеистички изданија, теоретски книги, кратки раскази. Нејзините песни се вклучени во бројни значајни интернационални и македонски антологии, а добитничка е на пет награди меѓу кои „Нова Македонија“ и „Бели мугри“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20192 часа

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ2 часа

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ2 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Европа3 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет3 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 20193 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет15 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201917 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија23 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија24 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија1 ден

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа1 ден

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20192 дена

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Досие