Контакт

Книги

„Тито, мојот претпоследен херој“ во финалето за „Роман на годината“

Објавено пред

Романот „Тито, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов – Ѕоф се најде во финалниот избор за наградата „Роман на годината“.

dobivaj vesti na viber

Од 41 роман што конкурираат, жирито во првата селекција избра 18, кои ја продолжуваат трката за престижната награда за 2020 година.

Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во составот на жирито се Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Најдоцна до 15 март жирито треба да го соопшти добитникот на наградата, која годинава се доделува 22. пат. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2020 година:

1. „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или-или“

2. „Шрапнел“ – Игор Анѓелков, „Или-или“

3. „Суво мастило“ – Владимир Илиевски, „Македоника литера“

4. „Скриени желби, немирни патувања“ – Владимир Јанковски, „Антолог“

5. „Ши“ – Сашо Кокаланов, „Или-или“

6. „Витезот и византијката“ – Кица Колбе, „Или-или“

7. „Сфинга на гневот“ – Жарко Кујунџиски, „Антолог“

8. „Приказна за трите града“ – Митко Маџунков, „Три“

9. „Фантомско стапало“ – Блаже Миневски, „Матица македонска“

10. „Највисокото дно“ – Марија Митева, „Полица“

11. „На враќање“ – Фросина Пармаковска, „Или-или“

12.„Лазарка“ – Љупчо Петрески, „Арс либрис“

13. „Боксерот од Ново Маало“ – Владимир Плавевски, „Арс либрис“

14. „Курвински хроники“ – Александар Русјаков, „Арс либрис“

15. „Тито, мојот претпоследен херој“ – Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“

16. „Генералот и пеперугата“ – Луан Старова, МАНУ

17. „Куќа над брановите“ – Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

18. „Случајот Чернобог“ – Катерина Шошко, „Антолог“

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...

Македонија9 часа

Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од...

Топ11 часа

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет12 часа

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија13 часа

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија24 часа

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија1 ден

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет1 ден

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ1 ден

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија1 ден

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион1 ден

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...

Свет1 ден

Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од...

Свет2 дена

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа2 дена

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет2 дена

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет2 дена

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа2 дена

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа2 дена

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија2 дена

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет2 дена

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...