Контакт

Култура

„Трепет“ на Благојче Трајковски и Андријана Јаневска – спој на класичната и традиционална музика

Објавено пред

Првата композиција од низата музички дела на кларинетистот Благојче Трајковски насловена како „Трепет“ излегува во музичкиот етер, создадена во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска.

dobivaj vesti na viber

„Трепет“ претставува емоционално богата инструментална музика каде што кларинетот на Благојче и виолината на Андријана изразувајќи меѓусебна љубов не оставаат рамнодушен ни еден слушател.

Посебните емоции произлегуваат и од прекрасната придружба од камерниот оркестар составен од врвни македонски музичари и неколкутемина гости инструменталисти, меѓу кои уникатниот гитарист од Бугарија Петар Миланов, како и најдобриот перкусионист од Македонија Ратко Даутовски. Сите тие префинети звуци маестрално ги склопи големиот диригент и композитор Димитар Христов.

– Ова претставува композиција создавана во духот на класичната музика, но со елементи од македонската староградска музичка традиција. Автор сум на музиката, а маестрално ја аранжираше големиот композитор и диригент Димитар Христов. Аудиопродукцијата е производ на Дејан Момироски, а дел од композицијата се снимаше во Софија, во студиото на Алекс Нушев. Видеото за ова парче музика го направи екипата на Веста продукција, а спотот е снимен во прекрасното издание на Завод и музеј во Битола. Покрај прекрасните млади музичари кои се дел од Камерниот оркестар, во спотот значаен придонес даваат младите танчери Мила Димовска и Томи Марох, кои со својот прекрасен перформанс му даваат една посебна уметничка димензија на целиот музички и визуелен производ. За изгледот во спотот на нас како артисти се погрижи македонскиот моден дизајнер Папаз. Инаку, сакам да истакнам дека подготвувам албум кој треба целосно во етер да излезе на есен ќе биде еден исклучителен придонес во развојот на целокупната балканска музика, вели кларинетистот Благојче Трајковски.

Благојче Трајковски го поседува најуникатниот звук на кларинетот и е единствениот интерпретатор кој знае да ја интерпретира македонската музика во вистинската смисла на зборот. Еден од најактуелните инструменталисти и музички педагози на Балканот, кој неуморно го дава својот придонес во вистинскиот музички професионализам. Андријана Јаневска во македонската музика се докажа како еден многу сериозен и префинет комплетен музичар, вокален солист, солист на виолина, оркестарски интерпретатор, композитор и аранжер.

Култура

„Нови хоризонти“: изложба на Зоран Арсовски-Бабата во Крива Паланка

Објавено пред

На 20 јуни од 19.30 часот во НУЦК Крива Паланака беше отворена самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов „Нови хоризонти“ којашто е во рамките на манифестацијата Крива Паланка град на културата за 2024 година, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

На отвореното на изложбата беа присутни многу љубители на уметноста а се обрати и авторот на Арсовски кој беше поздравен со долг громогласен аплауз.

Изложбата за посетителите ќе биде поставена до 1 јули а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ

Објавено пред

Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија).

dobivaj vesti na viber

Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.

На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје.

ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово

Објавено пред

На 27 јуни, четврток, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.

dobivaj vesti na viber

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.

За неговото творештво професорот Звонко Павличиќ ќе запише:

“…Вродената дарба на младиот сликар и графичар Стефан Анчевски ги прерасна неговите творечки стремежи за сопствено воздигнување и афирмација. По стекнатото ликовно образование, Анчевски систематски и внимателно ја одредува појдовната точка за своето творештво, каде што формира графички претстави, облици и симболи, вклучително и неговата духовна, мисловна и емоционална перцепција.

Карактеристично за неговиот начин на размислување како автор е тоа што тој настојува најважните уметнички елементи да ги спои во една хармонична целина со својот уметнички облик на комуникација и остварен визуелен и наративен израз, а со тоа постигнувајќи свој ликовен интегритет. Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии.

Преку многу експерименти ги создал своите оригинални уметнички вредности и дошол до сознание дека главниот феномен на една слика е неговата визуелно – графичка комуникација. Сликарскиот простор не го гради според принципот на разбирање на нештата и гледиштата, туку со нанесување на повеќе слоеви боја, испрекинати потези, стремејќи да ја нагласи транспарентноста и еластичноста на бојата, каде што продира светлината што доаѓа од позадината на сликата.

Цртежот на неговите платна се појавува доследно, но не толку очигледно, понекогаш служи за истакнување на просторните димензии, а неколку пати линијата се претвора во навидум имагинарна слика. За да ги оствари и реализира своите креативни идеи, покрај класичната примена на боите, на основата на сликата уметникот користи непосредни решенија при изразување на површината, но со различни технолошки процедури (употреба на разни природни смоли и лепила, импрегнација на песок, битумен, силиконски и акрилни маси…), каде што се постигнува одредена обоеност, структура/текстура и каде што формите се повеќе или помалку зависни од материјалот што уметникот го користи во своето дело.

Сликарството како медиум му значи многу повеќе од само доследно пренесување на видлив феномен на сликовита основа, бидејќи се смета дека свесно ги исклучува оние детали кои не се клучни носители на неговата уметничка порака и дека, пред се, тој се потпира на суштината и есенцијата на виденото и доживеаното.

Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 г.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион6 часа

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ9 часа

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија10 часа

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија11 часа

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија13 часа

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија14 часа

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија14 часа

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет16 часа

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...

Македонија16 часа

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП „Комуна“ – Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

При работа на канал екипите на ЈП „Комуна“ – Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа. Од тука информираа дека...

Македонија17 часа

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии...

Македонија1 ден

Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата

Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје...

Македонија1 ден

Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани. Тој бил повикан...

Македонија1 ден

Невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево...

Македонија1 ден

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти...

Македонија1 ден

Таравари почна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека почнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на...

Македонија1 ден

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и...

Македонија2 дена

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија2 дена

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...