Контакт

Книги

„Триптих за Македонија“ од Раде Силјан

Објавено пред

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат поетската книга „Триптих за Македонија“ од македонскиот поет Раде Силјан.
Изданието го сочинуваат три тематски целини: Отворена книга, Молитва за Македонија и Устата на јавето, создадени во последните три години.

Во инспиративниот поговор кон ова дело, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска ги нагласува спецификите на поетското писмо на Раде Силјан, констатирајќи дека „Триптихот за Македонија“ ја покажува целата архитекрура на зборот, но и на формата. Имено, секој збор е преобмислен, извлечен од дуплото дно на ковчежето на поетската душа.“

Книгата е илустрирана со цртежи од познатиот ликовен уметник Павле Кузмановски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Италијанскиот мегахит „Осумте планини“ од Паоло Коњети и на македонски јазик

Објавено пред

„Македоника литера“ набргу ќе го објави италијанскиот мегахит – романот „Осумте планини“ од Паоло Коњети, добитник на наградата „Стрега“ и продаден за превод на 39 јазици. Досега е веќе продаден во еден милион примероци во светот (во Италија над 350.000, Холандија – 2.000, во Франција и во Германија над сто илјади примероци) и доби уште шест високи книжевни награди во Италија и светот.

„Осумте планини“ е најпријатното откритие во италијанската литература последниве години, интересен и извонреден роман и е единствен случај во Италија – иако е дело со високи книжевни вредности и со високи награди, многу бргу го освои светот, за една година правата се продадени дури во 39 земји.

„Осумте планини“ е романескна приказна за пријателството и за планината како метафора на животот. Тоа е приказна за машкото пријателство, осаменоста и семејните врски и за тешкиот пат кон индивидуалниот развој. Стилот на Паоло Коњети е од суштинско значење за успехот на романот – лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност.

Прикажи повеќе...

Книги

Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

Објавено пред

Традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, со која ќе се одбележи 72-годишнината од основањето на писателската асоцијација.

Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“ („Димитар Митрев“),Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ („Ванчо Николески“) и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Роман за предвоените Евреи на македонски јазик

Објавено пред

Романот „Романса во малото гратче“, своевиден реквием за предвоените Евреи, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт медија“. Автобиорафскиот роман, сметан за ремек-дело на авторот, е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот Григориј Канович, познат како еден од најважните еврејски автори на нашето време.

Воден од споменот на својата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет рекреирајќи го минатото, кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на своето родно место, на политичката криза од30-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој ги следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.

Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов. Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо на природата. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации и нивната иднина

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, денеска зедоа учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата...

Македонија7 часа

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Регион8 часа

Тензични протести во Тирана: Приврзаниците на опозицијата се судрија со полицијата

Повеќе од илјада приврзаници на опозицијата се судрија денеска со полицијата на антивладините протести во Тирана, барајќи оставка на премиерот...

Македонија12 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци сѐ уште се борат за живот

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив,...

Македонија13 часа

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет14 часа

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија15 часа

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија16 часа

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија1 ден

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија1 ден

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија1 ден

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија1 ден

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија1 ден

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет1 ден

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија1 ден

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија1 ден

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија1 ден

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија1 ден

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Досие